|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  50 51 [52] 53 54   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Вакцинирање на детето
2.11.2012 9:08:01   
Annet
ok fala ti,drzam sreka da nema reakcija
user posted image

(Одговор на членот Luci)
Непосредна врска до пораките: 1276
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:07:58   
mamicka6
Mamicki da ve prasam... pred edna nedela ja primivme tretata doza od diteper vakcinata, imame 6 meseci, i ovoj pat na raceto odma do ubodot od vakcinata ni se pojavi grutce( se custvuva na dopir) ne e bolno. prasavme na pedijatar a i kaj vakcinite vo poliklinika gorce mi rekoa deka se slucuvalo i takvo nsto i so tek na vreme ke isceznelo. jas iskreno se plasam. Dali nekoja mamicka ima vakvo iskustvo so svoeto bebence...ve molam za odgovor ... isplasena mamicka

(Одговор на членот Annet)
Непосредна врска до пораките: 1277
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:10:48   
Ikana
Не се грижи и ние имавме при првата вакцинација со ДТП топче на местото каде што ја боцнаа, но исчезна за 2 дена. Всушност, бебето мрднало малку кога му ја ставале вакцината тоа е се. Ако почне да се шири отокот или црвенилото тогаш советувај се со доктор, инаку нема потреба од паника.

(Одговор на членот mamicka6)
Непосредна врска до пораките: 1278
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:29:39   
mamicka6
Ikana kaj nas na pocetok 1 den bese crveno, posle crveniloto se povlece i sega na dopir se custvuva kako cvor, topce vnatresno. eve veke 1 nedela go ima i se uste e ista golemina. Jas se plasam od ovie vakcini ...:(mene mi rekoa doktorkite kaj vakcinite vo poliklinika gorce deka moze da iscezne duri po mesec dena 2 meseci. Inaku user posted image e mnogu mirno, a posle ovaa vakcina e kenkavo place...

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 1279
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:31:54   
Ikana
Нормално е и мојава плачеше и спиеше цел ден. Ако толку ти е страв оди на лекар, но сепак мислам дека не е нешто за паничење.

(Одговор на членот mamicka6)
Непосредна врска до пораките: 1280
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:37:44   
@Mila@
Dali nekoj bil na povtorna vakcina za BSG  bidejki ne ni e uspeshna prvata,idniot petok treba da odime posledna shansa ni e pred da napolni godinka.Dali ima nekakvi reakci i sl.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 1281
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:43:22   
Ikana
Јас колку што знам, од БСГ нема реакција, дали вакцина или ревакцина. Манту тест правевте?

(Одговор на членот @Mila@)
Непосредна врска до пораките: 1282
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:44:53   
AnnaMolly RR
Добро, нас никој не ни провери дали е успешна БСГ вакцината?Како да проверам јас? Инаку, ги примивме сите вакцини што треба до 2 години да се примат.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 1283
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:53:29   
@Mila@
Ne e revakcina moze pogreshno se izraziv, znaci nemavme beleg duri so lupa go barashe i trebashe vo sep da otideme no bidejki toa se bocka samo ednash mesecno zboruvam za vo j.sanadanski poliklinika a nie bash toj den sme bolni i nikako da otideme ushte ovoj pak ke pomineme bez test,posle toa ke napolni 1 god i ne znam kako e procedura kaj i kako se pravi toj test.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 1284
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 15:54:35   
mamicka6
Nie imame reakcija od bsg. Vakcinata se prima neli odma prvata nedela od raganje, reakcija i se javi posle 7 nedeli. Na ramoto na mestoto na vakcinata prvo se pojavi meurce crveno, so tek na vreme za nekoj den se polnese kako so gnojce i se rusi, potoa istoto se povtoruvase nekade do 4 mesec (mislam so zbiranje gnojce i rusuvanje). sega uste e crveno kako mozolce zasuseno lici. pedijatarot mi rece ( a i doktorkite kaj vakcinite mi iskomentiraa super bsg e uspesno i mi zapisaa vo kniskata) deka taka ke potrae se dodeka ne se formira beleg kako site sto go imame na ramo. Jas prviot pat koga go vidov gnojot mnogu se isplasiv zosto nikoj kaj vakcinite ne me predupredu da ocekuvam takva reakcija.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 1285
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 16:01:24   
Ikana
Не е тоа реакција, тоа е добро - значи дека вакцината успешна била затоа и бараат белег да има на рачето, а ако го нема тогаш се оди на ревакцинација. И нас истото ни се случуваше со белегот, гноеше па се лупеше, па пак гноеше, уживај, ок е се, и добредојде на Рингераја!!!user posted image

(Одговор на членот mamicka6)
Непосредна врска до пораките: 1286
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 16:03:10   
Ikana
Треба да има белег на раменцето Анамоли, а ако нема тогаш однеси го и прашај што и како понатаму.

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Добро, нас никој не ни провери дали е успешна БСГ вакцината?Како да проверам јас? Инаку, ги примивме сите вакцини што треба до 2 години да се примат.


(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 1287
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 16:15:17   
mamicka6
Fala ikana!

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 1288
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 16:19:16   
Ikana
Srcka, ako ste odele do sega vo Jane Sandanski, pak tamu odnesi go i prasaj gi sto i kako ponatamu, izvini navistina ne znam kako odat mantu testovite i kade se pravatuser posted image . Sepak mislam deka nema steta ako zakasnis so vakcina, nie sme ziv primer, poentata e porano da ne ja primi.

ИЗВОРНА ПОРАКА: @Mila@

Ne e revakcina moze pogreshno se izraziv, znaci nemavme beleg duri so lupa go barashe i trebashe vo sep da otideme no bidejki toa se bocka samo ednash mesecno zboruvam za vo j.sanadanski poliklinika a nie bash toj den sme bolni i nikako da otideme ushte ovoj pak ke pomineme bez test,posle toa ke napolni 1 god i ne znam kako e procedura kaj i kako se pravi toj test.


(Одговор на членот @Mila@)
Непосредна врска до пораките: 1289
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 18:02:51   
mami2
Конкретно за БСЖ вакцината имам искуство во Јане Сандански.
Прво моето дете не беше вакцинирано на раѓање, поради проблеми на старт, па се одлучи да се започне со другите вакцини по редовен календар, а БСЖ да ја прими на една година. Кога одевме прво ни правеа манту па вакцина затоа што не си веруваа на своите одлуки и забелешки дека не сме ја примиле вакцината, ниту на картончето од болница и здравствената книшка.
Откако помина подолг период и не се формираше некаков белег го однесов пак на ревакцинација. Ме вратија затоа што имале нов правилник да не прават ревакцинации за БСЖ, туку така да се тера до прво одд (седумгодишна возраст) кога се вакцинираат децата на систематските прегледи испратени од школо.
Доколку нешто е променето за една година од тогаш, пишете да го однесам.

(Одговор на членот Ikana)
Непосредна врска до пораките: 1290
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 18:59:24   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Добро, нас никој не ни провери дали е успешна БСГ вакцината?Како да проверам јас? Инаку, ги примивме сите вакцини што треба до 2 години да се примат.


АнаМоли можеби се провериле и запишале во картон на вакцинација без ти да знаеш. Така кај нас беше. Некаде на 10 месеци докторот му загледаше на рамото за белегот, нешто збореше ама не го разбрав и не придав значај. После кога слушнав дека треба да има белег, ако нема треба ревакцинација, јас го барав белегот ама тоа едвај најдов една маааалечка точкичка. И го однесов на една годинка пак и докторот ми вика, не треба ревакцинација, напишав јас во картонот, има белег. Е сега тој ваљда знае што гледа, јас мислев белег е кој знае колкав. user posted image

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 1291
   RE: Вакцинирање на детето
23.11.2012 22:09:27   
elenak
А вакцината за морбили нели се прима на 13 месеци? Денес ни стигна покана за вакцина на 28.12 кога user posted image ќе има година и два денаuser posted image Не знам зошто толку се брза, па нели и белка од јајце треба да има пробано. Како кога до година не се дава белка? Секогаш сме биле редовни и ниедна вакцина не сме ја одложиле ама на оваа немам намера да ја однесам. Пред НГ јас да се расправам со вакцини и можни реакции да не можеме на раат да си истераме за прв пат празници нема шанси. Така сум се изнервирала денес со ова, па не само тоа, ми пратиле и покана за систематски на 26.12 (баш на роденденот). Врти сучи ние секој ден во болница. Обавезно!

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1292
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 10:21:58   
Bethany
Еленак и нас ни имаа кажано така за морбили, еден ден после првиот роденден привимве вакцина. Фала на Бог немавме никаква реакција. Мислам ти можеш да ја одложиш читајќи погоре постовите, некои дечиња примиле и доста покасно ммр вакцината.

А да и за белката ни исто имаат кажано дека треба да има пробано. Среќа ние бевме некаде на 10 месеци таму да се распрашаме за другото, па ни кажаа докторот за белката а и тука на РР бев прочитала, така да започнав порано со воведување на белката, некаде околу 11 месец.

< Поракaта ја уредил Bethany -- 24.11.2012 10:23:35 >

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1293
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 10:32:05   
Maca25
elenak, odnesi go deteto posle nekolku nedeli od zakazanata data. kazi deka bilo nastinato ili ne ste bile vo gradot. ti vo megjuvreme ke mu dades na deteto desetina pati jajce, ke vidis dali ke ima nekakva reakcija. pa posle ke go odnes. Ke razberat, zatoa sto period e na virusi, pa mislam deka nema da pravat problem.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1294
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 11:00:25   
Bethany
Стварно не ми е јасно кога прочитам оваков совет - излажи ги дека било болно итн. Па така ли и понатаму пред детето ќе лажеме, што пример на него ќе му даваме? Тој учи од нас, утре тоа исто дете ќе излаже овој или оној и ќе смета дека тоа е во ред. Во таквите ситуации (всушост во никои други ситуации) никогаш не се користам со лаги, не морам да им давам извештај, само кажам ете не го донесов или ништо не кажам. Или кажам како што е. Што е проблем да кажеш дека детето немаше пробано јајце па затоа не го донесе?

Се извинувам, офтопик е, ама навистина кога прочитам таков совет се вадам од такт. Како ќе правиш, така ќе ти прават.

< Поракaта ја уредил Bethany -- 24.11.2012 11:02:00 >

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 1295
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 11:04:05   
Felly RR
Јас за таа вакцина им кажав на докторките дека М има пробано само белка во нешто месено на пр. кифлички, или во тестенини, значи не чисто само белка од јајце варено. Ми рекоа дека и така е во ред.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 1296
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 11:46:42   
Maca25

ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Стварно не ми е јасно кога прочитам оваков совет - излажи ги дека било болно итн. Па така ли и понатаму пред детето ќе лажеме, што пример на него ќе му даваме? Тој учи од нас, утре тоа исто дете ќе излаже овој или оној и ќе смета дека тоа е во ред. Во таквите ситуации (всушост во никои други ситуации) никогаш не се користам со лаги, не морам да им давам извештај, само кажам ете не го донесов или ништо не кажам. Или кажам како што е. Што е проблем да кажеш дека детето немаше пробано јајце па затоа не го донесе?

Се извинувам, офтопик е, ама навистина кога прочитам таков совет се вадам од такт. Како ќе правиш, така ќе ти прават.

А кажи ми, ти што предлагаш? Да го однесе детето да ја прими вакцинта иако и самата мајка ќе знае дека само еднаш му има дадено на детето јајце? Јас да сум на нејзино место нема да го однесам детето! И да, ќе ги излажам нив, дека моето дете било настинато, а не моето дете. Пред време вакцини јас не дозволувам да му се стават на моето дете и точка.
Ќерка ми треба да прими една ревакцинација на 4 години, но затоа што имаат многу деца родени во тој период и сите ќе им дојдат во исто време, паметниве од советувалиште ни ја закажаа ревакцинацијата 3 месеци порано од предвидениот датум (значи после 4 години). И сето тоа да не им се ствара многу гужва. Епа јас одлучив да не го носам моето дете пред време на вакцина, посебно не сега во екот на настинки и вируси. Кога ќе наполни 4 години ќе ја прими, сега не.

_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1297
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 12:04:45   
Natuska85

ИЗВОРНА ПОРАКА: elenak

А вакцината за морбили нели се прима на 13 месеци? Денес ни стигна покана за вакцина на 28.12 кога user posted image ќе има година и два денаuser posted image Не знам зошто толку се брза, па нели и белка од јајце треба да има пробано. Како кога до година не се дава белка? Секогаш сме биле редовни и ниедна вакцина не сме ја одложиле ама на оваа немам намера да ја однесам. Пред НГ јас да се расправам со вакцини и можни реакции да не можеме на раат да си истераме за прв пат празници нема шанси. Така сум се изнервирала денес со ова, па не само тоа, ми пратиле и покана за систематски на 26.12 (баш на роденденот). Врти сучи ние секој ден во болница. Обавезно!


Елена ние ммр ја примивме дури на 18 месеци.Многу ми беше страв од таа вакцина и цело време се мислев дали да му ја ставам ама по многу консултации и читање по нет решив да ја прими. Значи требаше мај месец да ја примиме ама он беше се настинат дека во градинка тогаш тргна па фатија горештините и совет од матичната беше да почекаме септември. Ја прими пред месец дена и после 4 дена од кога ја прими качи температура 38,3 која го држеше 3 дена и на 3тиот ден се исфрли по цело тело што било нормална реакција од вакцината.Јас бев цела испаничена иако знаев дека е од вакцината ама помислував на најлошото.Фала Богу само со тоа поминавме.
Така да јас ти предлага да почекаш,дај и јајце неколку пати и нема ништо шкодо ако ја примите месец дена покасно.

_____________________________

"Whoever said that money doesn.t buy happiness didn.t know where to shop."

(Одговор на членот elenak)
Непосредна врска до пораките: 1298
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 14:13:51   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Maca RR


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany

Стварно не ми е јасно кога прочитам оваков совет - излажи ги дека било болно итн. Па така ли и понатаму пред детето ќе лажеме, што пример на него ќе му даваме? Тој учи од нас, утре тоа исто дете ќе излаже овој или оној и ќе смета дека тоа е во ред. Во таквите ситуации (всушост во никои други ситуации) никогаш не се користам со лаги, не морам да им давам извештај, само кажам ете не го донесов или ништо не кажам. Или кажам како што е. Што е проблем да кажеш дека детето немаше пробано јајце па затоа не го донесе?

Се извинувам, офтопик е, ама навистина кога прочитам таков совет се вадам од такт. Како ќе правиш, така ќе ти прават.

А кажи ми, ти што предлагаш? Да го однесе детето да ја прими вакцинта иако и самата мајка ќе знае дека само еднаш му има дадено на детето јајце? Јас да сум на нејзино место нема да го однесам детето! И да, ќе ги излажам нив, дека моето дете било настинато, а не моето дете. Пред време вакцини јас не дозволувам да му се стават на моето дете и точка.
Ќерка ми треба да прими една ревакцинација на 4 години, но затоа што имаат многу деца родени во тој период и сите ќе им дојдат во исто време, паметниве од советувалиште ни ја закажаа ревакцинацијата 3 месеци порано од предвидениот датум (значи после 4 години). И сето тоа да не им се ствара многу гужва. Епа јас одлучив да не го носам моето дете пред време на вакцина, посебно не сега во екот на настинки и вируси. Кога ќе наполни 4 години ќе ја прими, сега не.

Маца, погоре напишав дека сигурно може да одложи вакцина, па не мора ни да отиде воопшто на тој ден. Нејзино дете-нејзин избор. Како смета дека е најдобро. Поента ми беше дека ако сме дојдени дотле да треба да лажеме а не разумно да зборуваме, па тогаш сме заникаде. Значи мислата ми беше насочена кон такви "совети" што ги имам прочитано на форумов, не само од тебе, ама нели ние самите треба да имаме изградена некаква свест за основните морални вредности, меѓу нив и зборување вистина. Јас не верувам во бела вистина, те. лажам за добро да направам. Постои само лага и вистина.
И да, што ќе ми речат тие таму оти не донесов дете на време? Ете не го донесов, сметав дека е рано.. И што ќе можат да ми направат освен да се извикаат? Јас немам проблем некој да вика на мене, ниту ќе ми поквари денот, ниту ќе ме направи несовесна мајка. Се што човек прави за себе го прави. Ама нема да се менувам и моите принципи/ставови за да се оправдам пред некој. Не знам колку ме разбра. Пак се извинувам, надвор од темава е, ама ете сфати го тоа како конструктивна критика. user posted image

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 1299
   RE: Вакцинирање на детето
24.11.2012 22:03:30   
elenak
Според мене една мала лага доколку е корисна не е воопшто грев. Не велам дека би излажала, не знам, можеби само би ја одложила затоа што мислам дека е рано. Стварно ми е страв од оваа вакцина и ако нив им се брза мене не. А всушност кој треба да ми каже за белката? Еве на пр. јас тоа го дознавам овде, ама не верувам дека сите мајки се информирани, затоа што нити ми кажаа на последен систематски нити имам некаква напомена сега со поканата. Едноставно треба да си знаеме, ако не кој ни крив user posted image
Ова офтопик се извинувам ама се зачудив : Зарем постои некој што никаде и никого не излажал? Искрено не верувам...    

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 1300
Страница:   <<   < Претходна страница  50 51 [52] 53 54   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  50 51 [52] 53 54   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?