vezilka RR -> RE: Знаци на бременост (21.1.2010 8:32:01)
|
Еве го мојот случај, кломифенската терапија ми беше одредена заради индуцирање на овулација. Значи јас секој месец имам циклус, и имам барем по една јајце клетка, но заради полицистичните јајници, не доаѓа секој месец до овулација, затоа пиев кломифен, чија задача е да ја „осигура“ овулацијата. Проодноста на каналите е друг проблем. Значи после 3 месеци индуцирање со кломифен, кој период докторот сметаше дека е доволен ако нема друг проблем, бидејќи немаше резултат ми провери проодност на канали, кои патем беа затнати, а и на HSG, се виде и друго, полипи и септум (преграда) во матката, па така направив и лапароскопија за каналите и хистероскопија за полипите и септумот. после тој зафат си продолжив со кломифенската терапија оти мене сеуште ми треба индуцирање на овулацијата заради полицистичните јајници. ..Ете сега овој месец втор пат после зафататот индуцираме со кломифен и дополнително ме испрати на испитување на противспермални антитела за да ја елиминираме и таа причина ако постои..наредно не знам што ќе ме прати..ќе расправам..:)
|
|
|
|