Vikica 81 -> RE: Знаци на бременост (14.1.2010 0:19:01)
|
Здраво девојки, најпосле да Ви се придружам, паника ме фаќа, па си викам ај вас да ве прашам. Во саботата, значи на 09.01 ми беше направен ембриотрансфер (прво ин витро) со 3 клетки, а од вчера почнаа градите да ме болат, околу пладне обавезно ми се лоши, базалната темп. ми беше вчера 37, а денес 37,2, па си викам треба ли тоа да значи нешто или јас само си замислувам. Нормално, значи, ако нема некое пореметување, би требало да добијам во петок или сабота, а за контрола ми рекоа дури на 23.01. Па затоа Ве молам има ли некоја со слично искуство, Ве молам пишете. На сите што посакуваат да има се исполни најголемата желба, и да се фалат со првите симптоми на бременост. Поздравче до сите
|
|
|
|