Maja06 -> RE: Знаци на бременост (25.9.2012 15:28:38)
|
Здраво на сите!! Веќе 3 месец со мм се обидуваме за [sm=duda.gif] и верувајте знам дека е рано и за се треба време, веќе 10 години сме заедно и сега решивме дека е време всушност сега се создадоа услови!!! Минатиот месец од пуста желба ги имав сите симптоми и замор и гадење и болки во градите и често мокрење ама буквално се и секако како по часовник ми дојде точно на 28 ден циклусот!! Овој месец повторно пробувавме поактивно се разбира во плодни денови и како по некое правило би требало утре да ми дојде циклусот!! Во саботата при поголем физички напор почувствував остра болка како да ме пресече некаде како на средина на матката такво чувство имав и си полежав така и ми се смири!! Утредента пак при напр пак истото!! Градите не ма болат, немам како што си знам вообичаени ПМС симптоми, мочам многу ама јас и онака сум си мочла и навечер станувам, за чудо како да настинав ама само носот и по малку грлото наеднаш и секако имам замор големм и да ми се јаде нон стоп исто како пред да добијам!!! Мерам базална температура од циклусот на ваму на почетокот ми беше 36,3 а во овулација и до денес ми е 36,7 па здравје, колку и да се трудам да не мислам желбата е преголема и просто од внатре ти доаѓа!! За следниот месец сакам да пробам со овулациски тестови ама здравје има време до тогаши секако да направам комплетен гинеколошки преглед!!
|
|
|
|