Еца -> Совети за утрински секс (3.7.2009 9:29:39)
|
Една од многуте разлики помеѓу мажите и жените е и желбата за утрински секс. За разлика од жените кои ваквите активности повеќе сакаат да ги практикуваат навечер, мажите обожаваат утрински секс. Ваквата желба кај мажите најверојатно е поврзана со феноменот на утринска ерекција, па мажите едноставно се будат со ерекција и желба за секс. Проблемот се јавува кога партнерката одбива секс, но сексуалните терапевти велат дека сé зависи од пристапот. Имено, ако мажот го одбере вистинскиот пристап, најверојатно и двајцата ќе уживаат во утринскиот секс. Па еве неколку совети за тоа како мажот да и пристап на својата сакана наутро. Подготовките започнуваат претходната ноќ За да уживате во утрински секс, подгответе се претходната ноќ. На ноќната полица оставете неколку бонбончиња за освежување на здивот. Задолжитело олеснете се пред да заспиете за да не го правите тоа рано наутро. И секако доколку користите заштита нека истата Ви биде на дофат на рацете. Наместете аларм Ако сакате утрински секс навистина е важно да се пробудите рано за да не бидете нервозни од помислата дека ќе задоцните на работа. Затоа наместете го алармот така да имате доволно време за утринско мазење. Најдобро би било да се пробудите пред партнерката, а потоа да ја пробудите и неа нежно милувајќи ја. Иако Вие сте подготвени, не заборавајте дека на неа ќе и биде потребно повеќе време, па бидете трпеливи и дозволете си прекрасно утро и секако прекрасен ден потоа. Пробудете ја нежно Будете ја партнерката со нежни допири, бакнувајте ја полека и лесно поигрувајте си со нејзината коса. Ваквиот сензуален пристап секако ќе предизвика добро расположение и желба за секс и кај неа. Кажете и дека е секси Вашата партнерка најверојатно нема да се чувствува привлечно кога ќе се пробуди, па затоа не заборавајте да и кажете колку е убава и привлечна. Иако можеби во тој момент таа е бушава и згужвана од спиењето, кажете и дека е поубава од билокога и дека страсно ја посакувате. Ако Ви пречи нејзиниот утрински здив приближете и од зад грб, тоа впрочем дава и дополнителна доза на сензуланост. Утрински секс за добар ден Утринскиот секс е одличен за почеток на денот. Потоа цел ден имате насмевка на лицето, а на работното место ќе бидете помалку чувствителни на стрес. Па вреди да се проба, зарем не?
|
|
|
|