Теписи-модели, материјали, одржување..... (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


profesorica -> Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.3.2010 14:49:59)

дали и какви имате по дома?
колку се квалитетни, практични за одржување?

каде има најголем избор?

итн итн : ))




profesorica -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.3.2010 14:51:20)


[image]http://www.designshoot.com/uploads/januari-09/children-rooms-02.jpg[/image]


[image]http://www.designshoot.com/uploads/januari-09/children-rooms-01.jpg[/image]

Да не има некој вакви теписи по дома, да каже какви се за одржување? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/ocala.gif[/image]




caci20 -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.3.2010 15:02:43)

Jas imam od tipot jambolija tepih. Super se za odrzuvanje i ne se gleda se sto ke padne [sm=smiley36.gif]. Za odrzuvanje gi nosime na perenje na hemisko. Se spasiv. Imavme obicni prethodno i se se poznavase na niv, sekoja bela tocka, konce. Mali se zatoa sto sakam poveke da se gleda parket.




profesorica -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.3.2010 16:02:32)

ние дома имаме онакви големи шарени низ цела соба- е сега целата куќа ни беше поклонета за живот од страна на свекрва ми и свекор ми па и не се жалам.секако дека кога ќе имаме нешто свое би ги сменила со помали теписи, бидејќи сакам да се гледа паркет.

сакам вакви како на сликите што ги приложив само ме интересираше како се одржуваат.

ние нашите ги переме еднаш годишно, секоја недела поминувам со правосмукалка а кога ќе се истури некоја течност, го чистам со вениш




Leonida -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.3.2010 16:14:36)

Ние имаме теписи кои сакам да ги фрлам од прозор[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Еднаш годишно ги носиме на перење, а еднаш неделно дома со  кирби ги чистиме. Големи се и не се по мој вкус, но кога ке си живееме сами со мм сакам мали како што ги има на сликите од професорица.
п.с. исто сакам повеќе паркет да се гледа




penelopa -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.3.2010 18:04:07)

Како ми ја погодивте темава...баш сум на мисли да купиме нови теписи за дневна. Еве вакво нешто сакам
[image]http://www.creatina.si/images/Preproge-slika4.jpg[/image]
[image]http://www.creatina.si/images/Preproge-slika3.jpg[/image]
Ми треба нешто црно бело...сигурно ќе најдеме[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

Инаку за одржување  само хемиско, ништо друго[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Cacko -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.3.2010 22:45:55)

jas imam profesorice od tie tepisi,i bas od zelenite imam vo spalna kako stazi,a okrugli vo hodnik[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]vo rabotniot del se kremavi,a tepihot mi e ist takov samo vo krem kafena varijanta.ko so rece caci,ne se poznavaat padnati gluposti,si gi usisavam,a ednas godisno na perenje gi davam.e za u trpezarija si kupiv od tie edni koncani so gi vikaat edni belgiski od fantazy posto se ostanuva na povrsina i polesno e za cistenje




profesorica -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (1.4.2010 8:34:21)

ауууу пенелопа што убави сееее....благодарам[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




ripce -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (1.4.2010 14:55:30)

ние теписи имаме само во дневната, пошто поголем простор, а и дека син ми лазеше цела зима, ладно, моравме да постелиме, инаку летото немавме теписи само паркет... во другите соби немаме теписи, многу ни е убав паркетот, не сакам да го кријам... а во ходникот плочки, исто немаме теписи...





evvita -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (19.5.2010 14:59:07)

Ja citav temava za tepisite.Moite bas mi se novi i nema ni godina otkako gi kupiv.No mi se sluci nezgoda.Isturiv [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]neskafe na noviot tepih i ne mozam da go iscistam.Probav so sjaj,so Venis no nisto.Ve molam za sovet kako da go iscistam noviot tepih




Палешка РР -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (19.5.2010 15:07:26)

Јас вака чистам: на местото турам само чиста вода и ставам бела крпа, кога ќе се извалка таа, ставам нова, па нова, па нова...и така додека обледи бојата. Потоа чистам со сјај.




niki -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (19.5.2010 15:19:06)

Палешка ова практикуваш и на стари флеки или само на свежи, и од секаков вид флеки или само од кафе?






Тања РР -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (19.5.2010 16:10:32)

Моите се на Merinos црно-бели со мали примеси на бордо кругови. Кога ги видов се заљубив во нив, ама за кратко. Полош избор не сум можела да направам. Не знам што е полошо црното или белото. Белото се исфлека цело, на црното едно влакно да падне се познава. Ако не пресмукам еден ден исто е како да не сум смукала цела недела. Ми иде да ги фрлам ама други не ми одговараат на мебелот[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




Палешка РР -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (19.5.2010 17:38:34)

ИЗВОРНА ПОРАКА: niki

Палешка ова практикуваш и на стари флеки или само на свежи, и од секаков вид флеки или само од кафе?





Само на нови флеки, за жал,а практикувам на секаков вид, но најуспешно е на флека од кафе [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




evvita -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (23.5.2010 19:01:58)

Vi blagodaram na odgovorot.Za zal mojata fleka e veke stara i ne znam navistina ne znam kako da ja iscistam.Najubavo izgleda ke bide da go isperam tepihot i kraj.A ako i so perenje ne se iscisti ????[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




niki -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (23.5.2010 19:19:09)

Незнам каков тепих имаш, но мислам дека перење би го решило проблемот. Досега уште не ми останала флека од кафе на моите теписи, откако ќе ги изнесам на тераса и убаво ќе ги истругам со четка и прашок и потоа плакнење со црево.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]





melody -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (23.5.2010 19:30:27)

Bas toa zborevme so maz mi pred nekoj den koga nekogas konecno ke se skrasime vo nasiot stan neli ,a da ne ziveeme letecki po hoteli i slicno da ne kupuvame tepisi ni pod razno.Mnogu mi se nekogas ubavi kakvi dezeni ima i materijali ,no koga ke pomislam na seta skriena prasina, na ribanje ednas do dva pati mesecno,pa se isturilo nesto i napravilo fleka kazuvam edno golemo NE.Mnogu mi e poubavo samo parket ili laminat ,a da nezboram so koja lesnotija se cisti pomini so pravosmukalka i ednas nedelno do dva pati so dzoger i stanot ti sveti.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




kikaa75 -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (28.5.2010 21:17:27)

ИЗВОРНА ПОРАКА: evvita

Ja citav temava za tepisite.Moite bas mi se novi i nema ni godina otkako gi kupiv.No mi se sluci nezgoda.Isturiv [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] neskafe na noviot tepih i ne mozam da go iscistam.Probav so sjaj,so Venis no nisto.Ve molam za sovet kako da go iscistam noviot tepih



Ne znam kakvi tepisi imas eve da kazam jas kako se oslobodiv od edna stara fleka

mojte se na merinos i so krem boja ( svetli )

So pazta za zabi bela i malku voda ke tries na flekata posle toa so vlazna krpa zaciti

samo ne znam dokolku ti se tepisite so temna boja kako ke e!!!!

pozzzzz




suzeto -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.1.2011 0:37:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica


[image]http://www.designshoot.com/uploads/januari-09/children-rooms-02.jpg[/image]


[image]http://www.designshoot.com/uploads/januari-09/children-rooms-01.jpg[/image]

Да не има некој вакви теписи по дома, да каже какви се за одржување? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/ocala.gif[/image]

zosto ne mi otvara slika




Snowhite RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (31.1.2011 19:08:35)

ИЗВОРНА ПОРАКА: kikaa75

ИЗВОРНА ПОРАКА: evvita

Ja citav temava za tepisite.Moite bas mi se novi i nema ni godina otkako gi kupiv.No mi se sluci nezgoda.Isturiv [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image] neskafe na noviot tepih i ne mozam da go iscistam.Probav so sjaj,so Venis no nisto.Ve molam za sovet kako da go iscistam noviot tepih



Ne znam kakvi tepisi imas eve da kazam jas kako se oslobodiv od edna stara fleka

mojte se na merinos i so krem boja ( svetli )

So pazta za zabi bela i malku voda ke tries na flekata posle toa so vlazna krpa zaciti

samo ne znam dokolku ti se tepisite so temna boja kako ke e!!!!

pozzzzz



Баш ќе пробам вака и јас имам крем боја теписи исфлекани со кафе која не излезе ниту кога ги исперив




Lacrymosa -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (11.3.2013 18:22:36)

Никогаш, ама баш никогаш не купувајте црн тепих. Да помислиш да поминеш покрај него веќе изгледа како да си ја истресол кесата од правосмукалката на него




bucko mal -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (19.3.2013 4:18:11)

Se inspirirav od temata za pusenje po doma, aj da vi kazam za tepisonite nas.
Pred da se porodam gi smenivme tepisonite,arno ama neli mekici treba da se pravat,ke ni se isprljaat[sm=smiley13.gif] i mm ni stram ni perde si napisa na eden list cevlite da se soblekuvaat,mene mnogu mi bese stram on gajle nema mi vika vo nasa kuka nie ke kazeme pravila pa koj mene me pocituva ke gi pocituva i moite pravila[sm=smiley1.gif]fala bogu so nebev tuka na mekicite kojznae do kaj bilo so cevli[sm=smiley36.gif]
Sega site si znaat i se soblekuvaat pa nema nekoj rekacii,navistina pocituvaat ona so ke se kaze vo svojata kuka,i nakraj-kraevi i mene nekoi raboti mi se cudni koga ke odam kaj niv ama sekako deka gi pocituvam[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (30.6.2013 22:30:42)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lacrymosa

Никогаш, ама баш никогаш не купувајте црн тепих. Да помислиш да поминеш покрај него веќе изгледа како да си ја истресол кесата од правосмукалката на него



Ниту црвен!!!! Готово е, му раскинувам љубов. Просто неподносливо е. После одмори го мењам за оние бушавите што ништо не се гледа што паднало, да одморам душа.




bucko mal -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (1.7.2013 6:16:41)

Jas neshto vo film sum vlezena so ovaa crvenava boja I sakam da zemam crveni ama od tie bushavite[sm=smiley36.gif]
Inaku nashite novi tepisoni gi obelezavme jas so sok od brusnica,mm so kafe.malku se iscistija no fleki ostanaa teshko deka ke se iscistat[sm=zmeden.gif]




rina13 -> RE: Теписи-модели, материјали, одржување..... (1.7.2013 8:24:33)

Јас имам од тие бушавите и со правосмукалка не се чистат.Морате да ги тресете а кога ги тресете богами и крокодили ќе испаднат[sm=smiley36.gif]без разлика што претходно сте ги поминале со правосмукалката.Влакната се чистст посебно со рибачка четка.




Страница: [1] 2   Следна страница >   >>