Џесика -> RE: Искуства со производи на Топ шоп (28.6.2012 10:41:58)
|
Еве јас ќе си кажам мое искуство и мој став... уште додека бев трудна се залетав и купив еден апарат мултифункционален, беше нешто како стерилизатор, готвач на пареа, блендер и подгревач- се во едно... апаратот го купив околу 6 000, и го користев многу малку... како прво, чашката за блендирање беше екстремно мала, а на изглед изгледа голема, готвачот бараше сецкање на ситни коцки и готвење на рати поради малата чашка, стерилизаторот беше наменет само за мали шишиња... се на се- се зезнав за сите пари!!! Се залетав на почеток за џабе, и на крај си земав обичен блендер, рачен од 1000 денари и до ден денес го користам, многу е практичен, лесен и побрз... божем триста чуда ќе направев со тоа машинчето, ама ете, со бебе е најбитна брзината, па така варење, сипување во сад и блендање за секунда, ни миење, ни расклопување ни бутур.... јас не би го зела... е сеа она со замрзнување ако ти врши работа, ок, инаку за блендирањето полесно ќе ти е со рачен блендер... а и зошто би замрзнувала бебешка храна??? Не знам, сепак ти си знаеш најубаво...
|
|
|
|