Bethany -> RE: Прво жена а потоа мајка (5.12.2013 19:08:40)
|
Па јас уживам во животот и сега кога сум мајка, иако има денови кога се чувствувам како роб. Ама се тоа оди у рок службе [sm=smiley36.gif] Ама и кога немав дете, имаше денови кога се чувствував роб на нешто, на систем, на пари, на работа [sm=smiley36.gif] Шала на страна, како мајка и со обврските нормално ќе доаѓаат денови кога сакаш од кожа да излезаш и да избегаш на пуст остров. Сепак е битно да си дадеш пауза кога ќе се почуствуваш така. А мајка- остануваме со таа титула цел живот, само обврските и одговорностите ќе ни се менуваат, ама секогаш ќе ги имаме или чувствуваме. Жена е жена и таа има само додатни или нови улоги во животот, и мајка е жена, само улогата е друга, и таа менува многу нешта во животот, ни ги менува приоритетите. А во однос на посветување време на себеси, секако секој може да го најде, ако не денес, утре сигурно, бидејќи со давање време на самата себе јас работам во полза и на себеси и на детето. Среќна мајка/жена-среќно дете [sm=smiley1.gif] Е сега проблем е што не секогаш, токму во момент кога би најрадије останала сама со себе, а ме чека куп други обврски околу детето, ама во такви моменти може да се примени на Ники коментарот: што мислеше кога се онадеше [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|