Bitolcanka -> RE: Муабетчилница:-) (20.6.2010 14:44:54)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: amelbebe Bitolcanke se nadevam deka i ti ubavo si pomina na svadba[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image] mm ima edna pogovorka KUCINJATA LAAT,A KARAVANOT SI VRVI[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] Па еве ме конечно со новости од "главната" вечер [sm=jezicek.gif] Па да ти кажам право, си поминав просечно (не онака како што замислував, немаше жесток судир [sm=jezicek.gif] ) - сепак бев поканета покрај саканиот, не ги познавав тие на маса, освен "главните", се разбира [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] Останатите ги имав видено еднаш, некои 2-3 пати... Ај ќе ви опишам во детали, па ќе сфатите како ми било [sm=smiley1.gif] Уште пред 10-тина дена, кога ми спомна дечко ми дека сме на свадба кај негов колега, знаев дека и тие ќе се (поранешните негови другари и "другарка му"-онаа која беше против нашата врска и ни создаде толку многу проблеми - ЗМИЈАТА) и ми се расипа расположението од претходните денови веднаш [sm=smiley13.gif] особено кога спомна дека, најверојатно, ќе собираат сите колеги пари, заеднички демек (а ТАА- читајте - ЗМИЈАТА, секогаш беше организаторка за тоа-собираше пари, организираше средба, кажуваше термин...) и ќе се чекаме за влегување во кафеаната. По сите перипетии што ги издржав не сакав повеќе да ја видам, а уште помалку НЕА да ја чекам !!! Ама овој-мојов - демек ќе испаднело само тој да се дели, што ќе помислеле колегите ... не знам што [sm=zmeden.gif] (Објаснување - 10-тина колеги биле кои останале до дипломирањето во друштвото, меѓу кои и нивната КОЛЕШКА [sm=hudicek1.gif]). Успеав да го убедам за кратко, пред 2 дена купивме поклон (претходно не му се имаа јавено за некакво организирање, договор) и си мислевме ќе си одиме сами, ќе влезиме, па за на маса - неизбежно е да сме со нив (младенците си ги планираат гостите и масите, нема избор)... Кога ... вчера сабајле, му се јавил колегата, другар и комшија на дечко ми велејќи му дека ќе собирале пари заедно за во плик и ќе чекале за влегување во 21 ч. (како што и претпоставувавме). Дечко ми му кажа дека имаме купено поклон, да не не чекаат, ќе се видиме внатре. И - ок, мислевме - се разбраа... Кај 16ч. пак го побарал истиот [sm=zmeden.gif] Овој подоцна му се јавил и другар му му рекол - ќе се чекале порано - 20:30 - демек изразувал сомневање како да не сакал да одиме со нив ... Ова беше кога се подготвувавме... Знаев дека ќе настани некој проблем - дека ТАА ќе замеша прсти, како и обично [sm=hudicek1.gif] Им има лаено на сите секакви глупости (од типот-јас го разделив од нив-неа и маж и и компанијата нејзина, дека не сакаме да сме со неа, дека ние, т.е. јас сум виновна). И паркиравме погоре од кафаната, седиме в кола и се мислиме [sm=zmeden.gif] да правиме. Кога имаа речено дека ќе одат подоцна-кај 21, ние мислевме да одиме порано-кај 20:30, ама сега-никако... Јас бев со ставот да одиме пред нив, да бидеме седнати, па кој потоа дошол, кај седнал-баш ме боли...,арно ама дечко ми мислеше со тоа им покажуваме на другите дека ја играме нејзината "игра" - доказ дека се дели/ме од сите... Видовме како излегоа од колата, па по некое време отидовме на местото на чекањето. Беа неколкумина. Напред-мажот и, поназад таа и колегите со жените (не ми беа познати + не се гледаше многу во темницата). Мојот се поздрави со сите, а јас само со мажот и, со останатите не, зашто ќе видеа другите дека само со НЕА не се поздравувам... По муабетот сфативме дека не било договореното време 20:30, туку 20:45 - 21 (различно кажуваа), значи планирала да ЈА чекаме 15-30 минути !!! [sm=hudicek1.gif] Гнаса смрдена !!! Арно што не излеговме од кола порано (+ врнеше). Сите како доаѓаа и даваа НЕА пари, па потоа ТАА ни се обрати нас - "Вие носите?" ??? [sm=zmeden.gif] [sm=hudicek1.gif] И овој мојот и одговори - имаме поклон... ТАА и тоа како знаеше дека имаме поклон (од неа беше пуштен 3 пати да го бара колегата дечко ми) + кога дојдовме видоа - виде дека сме со поклон, го стави на клупа !!! Ме нервира овој-мојов колку сеуште е будала пред неа, се понижува не сакајќи и после се ! Почнаа да влегуваат по извесно време, таа се сврти да види кај сме [sm=smiley36.gif] [sm=hudicek1.gif] Претходно цело време се џареше, јас воопшто не се гледав во НЕА (сигурно [sm=zmeden.gif] - мислеше најверојатно дека и со мажот и нема да се поздравам)... Не не береше на 1 маса (бевме 20-тина, некои беа со децата), но како што претпоставував - ТАА седна на нашата маса [sm=smiley1.gif] за среќа не до нас [sm=smiley1.gif] Доцна почна музиката - околу 21:30 (и подоцна), па кога му велев на мојов да играме, рече - подоцна, демек во првите ора се најблиските-роднините. Потоа мојов отиде на другата маса да се види со некој колега, а сите од нашата маса станаа да играат, останав сама - малку глупаво се чувствував. Потоа дојде мојов, му реков да станиме да играма, но во тој момент се вратија сите на маса и рече - подоцна, демек глупаво било, ќе виделе сите дека обратно правиме (а јас не забележав дека баш сите седнаа и не ми беше важно то), демек бегаме од сите [sm=zmeden.gif] Ок, му реков, ќе гледаме кога ќе стани ТАА, па ќе станиме и ние. Ужасно бев изнервирана [sm=hudicek1.gif] [sm=hudicek1.gif] [sm=hudicek1.gif] Ме убедуваше дека не е така, поинаку размислувал... Пцуеше како дозволил уште да ТАА да ни прави проблеми, како се довел до тој степен... По кратко се расположив малку и станавме да поиграме. Само што станавме заврши песната и почнаа да ја сервираат вечерата... ТАА зборуваше со колегите, се клештеше како несалам (кокошкино смеење), пиеше ракија цела вечер (како и порано, кога излегувавме со нив, воопшто не се сменила). Ви звучи познато??? Единствена жена (читајте ЖЕНА-МАЖ) на масата... Некое време мојов излезе да пуши цигара надвор и потоа ми кажа кај што бил тој биле и други колеги-4-5 и дошла до нив и ТАА [sm=zmeden.gif][sm=hudicek1.gif] Ништо чудно - ништо непознато, ништо ново... Потоа поигравме малку ора (немаше многу ора, а некои и не ги знаевме), малку валцер (мажот и не гледаше, а ТАА тоа време излезе надвор [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Тоа беше во глобала. Си заминавме порано од другите, зашто мојот беше за на работа сабајлето. П.С. И заедничка слика имаме (како што влеговме 20-тина души + ТАА) за спомен [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] [sm=jezicek.gif] Ја зеде дечко ми, мене не ми треба. Сега наредна средба со неа - 2 октомври - свадба на друг колега - до тогаш - мир [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|