RE: Супи! (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


Bethany -> RE: Супи! (24.10.2012 16:20:09)


ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz RR

Teleska supa so stavilj
Varam teleska koska i meso , potoa dodavam eden kompir se vari , pred da se svari go dodavam staviljot varam uste 5 minuti .Nekogas dodavam i razmateno jajce .Koga ke se svari ja serviram so edna lazicka pavlaka


Sto e toa stavilj? [sm=smiley9.gif]




Luci -> RE: Супи! (24.10.2012 22:04:41)

Слично на спанаќ [img]http://www.artlife.info/Herbs%20images/stavelj/stavelj3.jpg[/img]




Bethany -> RE: Супи! (25.10.2012 12:49:22)

Пепелашка, фала за рецептот. Денес ја направив за мене и бебе, мноооогу вкусно ми излезе. Со тоа што и јас ставив брокула на крајот, баш како Достикејџ кажаа. Од месото ставев пилешки стек, сварен, исецкан на ситни коцки. [sm=smiley20.gif]




Barbicki2 -> RE: Супи! (25.10.2012 14:01:18)

Vcera pravev edna supa,so zelencuk,staviv mesan zelencuk malce,oriz malce,morkov rendan,magdonos,kromid na pola isecen,i edna instant supa od zelencuk,mnogu bese interesna,zdrava sto vika kerka mi :)




dostickage -> RE: Супи! (12.11.2012 8:25:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR

Леле, не сум видела дека има цела тема за супи! Мојов јадач само од супи може да живее, па кај нас секој ден, ама буквално секој ден има супа.

Оваа супа му е една од најомилените на Филип.

Супа од пилешки џигери

Кога спремате пилешки џигери за ручек, направете си ја и оваа супа. Многу е вкусна и лесна за правење. Јас правам голема количина, за 4 луѓе + за Филип, па затоа и состојките се во поголема количина.

Откако џигерите ќе се обарат малку во вода и зејтин, пред да почнете да ги пржите одвојте едно 3-4 поголеми парчиња.
Спремете си исечкани 3 големи моркови, еден голем компир, еден кромид, 2-3 чешниња лук, пашканат и целер. Зеленчукот јас го сечкам на коцки (морковот ситно, другите покрупно).

Во тенџере со масло за јадење ставете да се пропржи морковот. Кога ќе омекне малку додајте го останатиот зеленчук, промешајте и пржете го една до две минути. Потоа додајте ги џигерите (исто така сечкани на коцкички) и тие малку да се пропржат. Наполнете го тенџерето со вода, ставете вегета и свеж магдонос и оставете ја нека се вари.

Кога се ќе биде сварено, додајте фиде (по желба, не мора да се додава зашто супата е густа поради зеленчукот) и една полна шоља за кафе со кравјо млеко. Нека зоврие пак супата и готово.

Оваа супа многу често ја прави мајка ми, а пред некој ден јас првпат сама ја направив и се удавивме дома од јадење [sm=smiley36.gif]


Za receptov cista desetka[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




AnnaMolly RR -> RE: Супи! (12.11.2012 8:56:52)

Мило ми е што ти се допадна. Ние денес ќе имаме џигери+супава за ручек :)




Ring -> RE: Супи! (13.11.2012 17:32:55)

Receptov e od emisijata Vkusot na tradicijata od pred nekoj den, denes go probav i e mnogu vkusno;

Corba /Supa od karfiol
Potrebno:
-karfiol okolu 300 gr
-kromid, morkov, paskanat, celer , suv i svez magdanos
- 2 jajca i 1 kance kiselo mlako
- fide

se proprzuva kromidot i morkovot vo tendzere , Se dodavaat karfiolot, paskanatot, celerot i se proprzuva uste malce 2-3 minuti.
se dodava 1,5 l voda i se ostava da vrie 10 minuti
Posle se dodava 1 lazica mesan zacin, sol, 1 lazica crn piper , 1 lazica suv magdanos i 3 lazici fide
se ostava uste 5 minuti da vrie i se pravi tenka zaprska , na malku zejtin se zaprzuva edna lazica brasno i se stava vo supata, se trga tendzereto na strana .
se matat kiseloto mleko i jajcata i se dodavaat vo supata , tendzereto se vraka na isklucena ringla uste 2-3 minuti i se dodavaat sitno seckani listovi od celer i magdanos

dobar apetit ![sm=smiley14.gif][sm=smiley14.gif]

P.S moze i bez zaprska, mislam deka bi bila isto vkusna....jas sleden pat ke ja pravam bez zaprska




Melanija RR -> RE: Супи! (13.3.2013 15:38:41)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR

Кнедлите се подготвуваат на следниов начин: Во сад, изматете едно јајце, додадете една лажица зејтин и гриз. Мешајте ја смесата се додека не стане хомогена и средно цврста.
Во супата што врие, земете со мала лажичка од смесата за кнедли и оставете да вари уште 3-4 минути.


Баш барав рецепт за кнедли Pepelaska RR ова вака се чини лесно и се надевам дека е [sm=smiley1.gif]

Дајте рецепти и за крем супи [sm=smiley1.gif]




lukajana RR -> RE: Супи! (7.2.2016 17:57:49)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mis.

Knedli za supa
Mesame 2 jajca,100 gr griz( 8 golemi lazici) 1 lazicka vegeta i 1 lazica sitno seckan magdanos ili suv magdanos.
Ako ne se pogodat znaci ne e dobar grizot za knedli zatoa kupete si od zito luks go ima vo kam market.




ИЗВОРНА ПОРАКА: LoveableMe RR

Состојки

-2 јајца
-6-7 полни лажици гриз
-2 лажици зејтин
-1/4лажичка пециво

Со жица сматете ги јајцата, додадете го гризот измешан со прашокот за пециво и зејтинот, добро измешајте. Смесата треба да ви биде толку густа како палентата кога ја варите. Оставете 10 минути да одстои. Ако ви делува дека е смесата ретка, додадете уште малку гриз.

Ставете во тенџере вода со коцка од зеленчук, ситно сецкан морков - нека зоврие. Со две мали лажички кои треба да бидат влажни, вадете од кнедлите и ставајте ги во зовриената вода. Поклопете и оставете да се варат 15 мин. Проверете дали се сварени кнедлите - тие треба да пливаат на површината. Послужете.

Напомена
- Кога кнедлите ќе ги ставате во зовриената вода - тие прво ќе паднат на дното, но со текот на самото варење ќе се подигнат на површината.
- Oд оваа количина ќе излезат 12 кнедли навистина големи.[sm=bravo.gif]









Страница: <<   < Претходна страница  1 [2]