peperut4e -> RE: Семејни односи (7.10.2011 14:58:54)
|
Ајде и јас малце да си се пожалам и да си ја олеснам душичкава. Уште не сум мажена а од сега осекам несогласување и двоење. Јатрвата е многу подолго време во врска со девер ми отколку јас со дечко ми, може да се каже дека таму веке си ја рачунаат како домашна. Но немора пред мене да се лигават и трескаатод земја они две како тоа многу си се сакаат и сложуваат, па како јас тоа да го сватам дека еве ние сме се здружиле а тебе нема никогаш да те прифатиме. Па така си дочекав да слушнам како бившата девојка на дечко ми цело време била тука и и помагала на мајка му, како она чистела, перела,пеглала, раскревала абе срце од девојче секогаш била тука за неа, а додека мајка му од жал ете така зашто девојчето немало пари одела на пазар и и купивала по некое блузиче. Значи ке се мрднев во моментот, исто како да не бев присутна на масата, абе воздух не постојам, Ма ми идеше да и речам алооо тука сум те слушам не сум проозирна имај осет, ама тоа е јас секогаш си прекутувам. За тоа многу се наљутив па на крај краева било што било сега веке не е тука она, јас сум тука па и јас сум здрава права со две раце и нозе способна да раскренам нешто или да измијам садови и слично. Одма му кажав на дечко ми дека тоа не е во ред ја да го слушам дека тоа ме повредува и од тогаш немам нешто слично слушнато, најверојатно он после си ја подбрал мамичка, а тоа многу ми значи што е на моја страна. Другоо нешто што многу ме извади од такт беше тоа што јас и он таман почнавме да си правиме планови за брак, свадба, деца итн... опп кога одеднаш испадна дека братму скришно си се договорил и си ја побарал за женичка девојка му, и плус на тоа му ја украл идејата на дечко ми. Абе кога ми кажа дечко ми ми идеше да го треснам брат му од земја, ке си пукнев од мака. А згора на тоа брат му, му вика кој ти е крив бе брат што чекаш толку, јас те чекав те чекав ама неможам вечно да те чекам. Ај за тоа е во право ама можел барем да го информира пр, абе брат планирам вака и вака а не на скришно да не претркаат. И така се се поремети... спратот горе цел наместен требаше наш да си биде ама пошто они си се први верени одма си се вселија, џабе овој мојов штедеше и рмбаше и се направи сам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image] И така сега јас си останав уште да си чекам и да ја трпам јатрвата што мисли дека господ го видела во пожами, па се рпави главна трча низ кука пере пегла дури ни две тањирчиња што сме јаделе несмеам да ги измијам ми ги зима од раце... Незнам во кој филм е влзена сега ама ако мене ми пукне филмот лошо ке биде, неможам веке да кутам, морам да смислам како тоа на фин начин да му го пренесам на дечко ми дека ми смета без да ме свати лошо, да не си помисли еве ја оваа уште не влегла во куќа па наоѓа мани.....[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|