mommy_angels RR -> RE: Едно дете-предност или не? (12.1.2015 10:37:37)
|
Предавањата од овој тип-не го оставај детето само ,ми се тешка малограѓанштина и плеткање на носот во туѓи работи.Никој не може да знае зошто некој останал со едно детенце ,а и нема потреба да знае.Јас би сакала да имам три,ама од сакање до можност има мал милион работи.И кога некој што воопшто не ме познава ќе ми каже ,немој случајно да си ја оставила сама,ми иде така слатко да го исшамарам,чисто да му се поднаместат мозочните ќелии,па да почне да размислува. Едно дете во никој случај не е предност,децата се вистинско духовно богатство и храна за душата,ама борбата со сопсвеното тело и судбина,понекогаш се невозможни.
|
|
|
|