Bitolcanka -> RE: Дали лугето се менуваат? (3.5.2010 0:50:13)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања Наспроти сите ваши тврдење јас ќе кажам сепак дека луѓето се менуваат. Секако, тие промени не се случуваат брзо и не затоа што ќе одлучиме да го направиме тоа. Промените се неизбежни со тек на време, искуството, поразите, победите, луѓето кои ги вклучуваме во (и исклучуваме од) нашиот живот постепено го менуваат нашиот карактер и нашата перцепција на нештата. Несвесно, неосетно, несакајки се менуваме. Вашите тврдења дека луѓето не се менуваат потекнуваат од фактот што при одговарањето на прашањето поаѓате од другите а не од самите себе. Кога анализираме некој друг ни се чини дека не се менува затоа што никогаш и не можеме да запознаеме некој толку суптилно. Ако погледнеме во самите нас ќе дојдеме до заклучок дека сме станале потолерантни, поосетливи, потврдоглави, попопустливи, поискрени, потаинствени, по........... отколку пред 10, 15 години. Потпис! Можеби не сите, не често, но има луѓе што се менуваат. Навистина, има такви кои се однесуваат онака како што мислат дека е добро, иако само изгледаат смешно и просто со нивните постапки, зборови, реакции ... Особините потешко се менуваат, но секако дека е возможно. А за навиките 100% може да се сменат ако се сака, сето тоа зависи од личноста. Многу навики и особини се во корелација со пријателите кои не' опкружуваат. Не е така само кажано - С' ким си, такав си. Не можеш да бидеш баш ист како друштвото, но многу сличен. Едноставно, човек многу работи прима од тие околу себе.
|
|
|
|