Hopeful RR -> RE: Колку спие вашето бебе? (23.5.2016 13:17:23)
|
Квиско, кај нас и денското и ноќното заспивање се во креветче, со тоа што до нивни 10 месеци не правеа проблем - цицаа, па ги легнував со млекце и заспиваа. Но потоа почна тешко да им станува денското спиење, пошто поголеми, сакаат да си играат и сега одеднаш некој доаѓа и вика - ќе спиеш. Плус се одбија на 11 месеци и некако нагло им доаѓа легнувањето, но мора да се спие. Ј е полесен генерално, го легнувам, се врти, се трти и најчесто со млекце заспива, но М се повеќе сака во раце. Си го пие млекцето во кревет, понекогаш заспива, ако е преморен, но бидејќи јас не чекам да се преморат и ги легнувам претходно за да спијат подобро, си сака и гушкање и шеткање во раце. Сега за сега не ми е тешко, знае да стане напорно, но не е страшно, и јас се тешам со на Лола муабетот дека кај да е ќе порасне па ќе го молам да се гушкаме [sm=smiley36.gif] Плус, знаејќи колку е битно спиењето, си викам - што ако се помачам јас, битно е тие да имаат ред и да спијат.
|
|
|
|