Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Во очекување на детето



Порака


Еца -> Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.7.2009 7:45:52)

Кога бремена жена ќе го посети својот гинеколог и ќе и биде препорачан даден лек, скоро секогаш следи исто прашање: дали овој лек е безбеден за моето бебе и што доколку не го земам истиот?

Најдобро би било кога секоја жена може да си го испланира времето на забременување, а при тоа одредена состојба или болест кај истата се исконтролира или искорегира (на пр. хронични срцеви болни, шеќерна болест, бубрези, астма, епилепсија и др.) и бременоста се износи до крај без компликации по мајката и детето. Но не секогаш е така. Повеќето пациентки доаѓаат за утврдување на бременост.

Најчесто препишувани лекови кај бремена жена се:

- фолна киселина, најдобро е жената да почне да ја зема уште пред забременување и да продолжи откако ќе забремени, особено во првиот триместар во бременоста како превенција на аномалии на невралната туба кај фетусот;

- лекови кои што содржат железо, се препишуваат кај бремени жени со намалени вредности на железото во крвта и хемоглобинот;

- повеќевитамински препарати, се препорачуваат ако бремената жена не внесува доволно витамини преку исхраната.


Сите овие лекови се безбедни во текот на бременоста. Кај бремените жени пак, со претходно утврдени хронични болести за кои земаат постојано соодветна терапија вообичаено ја продолжуваат истата и за време на бременоста, можеби со соодветна корекција на дозата на лекот. Таквите болести веќе ги споменавме : хронично болно срце, шеќерна болест, епилепсија, астма, болести на бубрезите и.т.н. Кај овие бремени жени неопходно е потребно во текот на бременоста да се направат неколку контроли кај содветен субспецијалист, што значи пристапот е тимски. Со сигурност може да се каже дека прекинот на лекови што овие жени ги земаат за соодветната болест, може да им наштетат и на нив и на бебето.

Одредени пак состојби или болести што ќе се појават во тек на бременоста мора соодветно да се третираат без ризик на плодот. Тоа најчесто се:

- Гадење и повраќање на почетокот на бременоста за која што лекарот може да препорача соодветен диететски режим, витамин Б6, но жената не смее да го зема во поголеми дози од пропишаните.

- Болка и температура (при настинка и грип) -безбедно е земањето на ацетаминопхен во краток период. Не е безбедно долготрајно земање ацетил салицилна киселина во големи дози, особено во третиот триместер на бременоста. Треба да се избегнува долготрајна употреба на антивоспалителни лекови.

- Инфективни болести кои бараат антибиотска терапија -безбедни антибиотици во тек на бременост се од групата на пеницилини или цефалоспорини ако жената не е алергична на некои од нив. Не се безбедни лековите од типот на тетрациклини, како и лекови од групата Ципрофлоцсацини и др. антибиотици.

- Тврда столица (запек), не се безбедни лекови или чаеви кои делуваат на хемиски начин и го забрзуваат мотилитетот на цревата. Се препорачува тоа да се регулира со исхрана која содржи многу растителни влакна (целулоза).

- Проблеми со варење на храната, се препорачува диететски режим, а не регулирање со лекови.

- Бактериолошки докажана вагинална инфекција, се препорачуваат соодветни вагинални таблетки, кои се избегнуваат во првиот триместер на бременоста додека трае формирањето на органите кај плодот (органогенеза).


Посебно внимание се обрнува на забраната за употреба на цигари, алкохол и дроги во текот на бременоста. Употребата на алкохол кај бремена жена може да предизвика фетален алкохолен синдром. Тоа се јавува најчесто кога употребата на алкохол е долготрајна. Симптоми на фетален алкохолен синдром вклучуваат промени на лицето на детето, проблеми во однесувањето, ментална ретардација, срцеви проблеми, проблеми со бубрезите и сл. Овие промени можат да бидат доживотни. Употребата на цигари не се препорачува за време на бременоста, бидејќи влијае врз растот на бебето. Истиот ефект се предизвикува и ако трудницата престојува во простории каде што постојано се пуши. Не е мудро да се употребуваат и високи дози на кофеин.

Амфетамините пак може да предизвикаат забавен раст на плодот, предвремено породување и мозочни проблеми. Жените кои употребуваат кокаин во текот на бременоста се изложуваат на висок ризик за предвремено породување, спонтан абортус, предвремено одлепување на постелката, забавен раст на фетусот и оштетувања на фетусот. Наркотиците (морфин, кодеин и хероин) може да предизвикаат намалени рефлекси на бебето кога ќе се роди. Употребата на марихуана може да предизвика леукемија кај новороденото и негов забавен понатамошен раст. Во текот на бременоста треба се избегнуваат и вакцините.

Наша препорака до бремените жени и идни мајки е да се грижат за своето здравје, а со тоа и за здравјето на своето дете, со тоа што секогаш земање на било каков лек да биде во договор со својот гинеколог.

Еве тука би можеле сите да си запишуваме што и како имаме користено од лекови за време на бременоста и зошто ни била неопходна таа терапија.Со разменување на ова искуство се надевам ќе решиме навистина многу дилеми околу користење на лекови во бременоста.




Еца -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.7.2009 7:54:15)

Астмата и бременоста
Бремените жени болни од астма треба да продолжат со земањето на лековите. Лековите нема да му наштетат на плодот. Неконтролираните напади на астма се многу поопасни за мајката и нејзиното бебе.
Дали има некој со вакво искуство?




Lola -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (10.7.2009 23:15:45)

Iskreno jas imam Astma primam terapija i mi e super nikogas ne sum imala asmaticen napad no imam tesko disenje i toa koga e sezovnava prolet leto alergii na sve mozno sto e zeleno i cveta taka i dobiv vsusnost alergiska astma, sekogas se prasuvam dali koga ke ostanam bremena ke imam problemi so spreovite sto gi zimam, dokolku nekoj ima sovet ke ve molam da mi kaze, non stop mislam na toa!




Палешка РР -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (11.7.2009 15:30:29)

Досега не сум примала никакви лекарства, освен пропишаните витамини.

Сестра ми боледува од епилепсија и во текот на целата бременост примаше терапија, само го исклучија Фенобарбитонот. Нон-стоп беше под надзор на гинеколог и психијатар и роди здрава, жива и прекрасна ќерка. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Lola -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (11.7.2009 23:20:07)

Ee super da i e ziva i zdrava takvite raboti koga gi slusam me smiruvaat, no potoa za doenje mislam deka so lekovi nema da e mozno neli?




Палешка РР -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (11.7.2009 23:34:26)

Не, воопшто не доеше. Но тоа се случува кај скоро 40 % од родилките.
Потешко го прифати тоа, но мораше така.




Sara -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (25.8.2009 15:56:41)

Ок Бидејќи не ја видов темата сега и тука ќе пишам
Дали во текот на бременоста имавте потреба да пиете лекарства?
Мене во последните неколку месеци леукоцитите ми се покачени 16-17 и сега незнам колку е нормална и честа таа појава, но мојот д-р ми даде да пијам Амоксиклав бидејќи тоа укажувало на некаква инфекција.
Колку е страшно пред самиот пораѓај да се пие антибиотик, да не има некои несакани дејства по бебето?
Инаку испитував микробиолошки брисеви - нема ништо, а имам вагинален исцедок, ништо не ме боли ниту пак сум настината.




Палешка РР -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (26.8.2009 8:06:32)

Ако ти ги препишал гинеколог немој да се грижиш Сара.
Сигурно проценил дека користа би била поголема од евентуалната штета.




peperutka* -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.11.2009 10:07:23)

Девојки да ве прашам дали некоја од вас користела таблетки за шмукање како септолете, проанги, ангисепт и сл. за време на бременост, и дали за тоа се консултирала претходно со доктор???
Јас имам проблем деновиве со грлото, многу ми е суво и надразнето па мислев самоиницијативно да се обидам со таблеткиве.

Поздрав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




mis. -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.11.2009 10:09:57)

Јас користев фитосепт го праваш гинекологот и ми одобри.Кога имав температура и  бев настината знам дека пиев фервекс со одобрение на гинеколог се разбира.




bibi -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.11.2009 10:16:19)

пеперутка, која недела си?
Во бременоста можат да се користат Септолете, само убаво би било да си повеќе од 16 недели бремена. Но, ако состојбата тие таква со консултација со лекар ти е дозволено се што е потребно . Јас во првата бременост пиев Цефалексин во 14 недела, а во оваа што не испив. Сега сум 27 недела, а пиев цефалексин, па тој не ми делуваше ,па земав Амоксиклав, заглавив ептен, така што септолете ми беакако добро утро.И, сеуште си работам како стоматолог, еве моментално сум во ординација. Будала, ќе ме наградат демек. Како што е сезонава на свинскиот грип, не знам баш колку ми е паметно ова. Консултирај се по телефон со лекарот , но септолете во умерена доза се дозволени. Немој повеќе од 4 днрвно , ако немаш голема потреба[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




profesorica -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.11.2009 10:19:32)

јас имав проблеми со грлото еднаш во тек на бременоста и шмукав таблети ама не беа септолете него нешто друго[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image], мислам  дека е безбедно но најубаво да си се консултираш со гинеколог.




Sara -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.11.2009 16:24:32)

ИЗВОРНА ПОРАКА: peperutka*

Девојки да ве прашам дали некоја од вас користела таблетки за шмукање како септолете, проанги, ангисепт и сл. за време на бременост, и дали за тоа се консултирала претходно со доктор???
Јас имам проблем деновиве со грлото, многу ми е суво и надразнето па мислев самоиницијативно да се обидам со таблеткиве.

Поздрав[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]



Jas gi lizev Strepsils i toa onie so vkus na med i limon i mojot ginekolog gi odobri, mislam deka bilo koi da gi zemes ne se opasni i moze da se koristat, kako i da e ednas koga bev nastinata morav da pijam i edna doza antibiotici iako bese lesna nastinka no parametrite vo krvta mi bea pokaceni.




alex_mo -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (9.11.2009 23:32:25)

     Пеперутка..јас околу 12 недела имав исти симптоми како твојте ,др ми одобри септолете,а првен ми препорача да замам Бетадине (јод) за грло.Т.е правиш гаргара неколку пати во тек на денот и веке наредниот ден бев како нова.Исто ми се случи и пред некој ден и само со 2-3 гаргари се се  смири .Порбај помага,а и не е скапо околу 100 ден.
  П.С. на лекот пишува да не се користи во бременост,ама гинекологот ми рече дека скоро на  сите лекови тоа го пишува и дека воопшто не е штетен дури има и уште една корист околу непцата(ако имаш проблем)




Тања РР -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (10.1.2010 3:40:02)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Досега не сум примала никакви лекарства, освен пропишаните витамини.

Сестра ми боледува од епилепсија и во текот на целата бременост примаше терапија, само го исклучија Фенобарбитонот. Нон-стоп беше под надзор на гинеколог и психијатар и роди здрава, жива и прекрасна ќерка. [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]  [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]леле Палешка многу ме израдува твојот пост. Мојата најдобра пријателка исто така боледува од епилепсија и сеуште не знае дали би сакала да остане бремена. Можеш ли да ми кажеш кои лекови ги пие сестра ти?

Пеперутка ако имаш потереба од тбл за шмукање за време на бременоста јас би ти препорачала Прополки или некои други на база на мед кои немаат хемиска супстанца како активна. Можеш да си земеш и обичен прополис (ама воден, не алкохолен раствор), да го ставаш на коцка шеќер што ќе ја растопиш во уста потоа. Сите други гореспомнати содржат антисептици кои не се испитувани на бремени жени ( што не значи дека се штетни).

Инаку од антибиотиците Оспенот е најбезбеден за примена но секако потребно е бактеријата да биде осетлива на него и пациентот да не е алергичен на пеницилини. Во секој случај нетретираната инфекција е многу поголема закана за плодот од земањето на една доза ДОЗВОЛЕНИ антибиотици. Моето породување во 31 недела најверојатно се должи на некоја инфекција.




jovanka -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (10.1.2010 8:36:35)

Sto i da treba da zemete samo so konsultacija na doktor nikako na svoja raka edinstveno toj ke proceni toa sto ke go zemete kako lek kolku e korisno bidejki prvo se stava zdravjeto na majkata pa potoa bebeto.Zdrava majka=zdravo bebe.




Палешка РР -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (10.1.2010 19:58:54)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Тања


[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] леле Палешка многу ме израдува твојот пост. Мојата најдобра пријателка исто така боледува од епилепсија и сеуште не знае дали би сакала да остане бремена. Можеш ли да ми кажеш кои лекови ги пие сестра ти?




Сестра ми пие Тегретол и Фенобарбитон. Во текот на целата бременост земаше Тегретол, а Фенобарбитонот го исклучија некаде околу шестиот месец заради намалени движења на бебето. Нејзината бременост беше високо ризична, нон-стоп беше под контрола на неуропсихијатар и гинеколог кои работеа тимски. При крајот на бременоста имаше висок крвен притисок па на влез во деветти месец ја хоспитализираа.
Кога сега ќе се потсети низ какви перипетии помина вели дека ВРЕДЕЛО, затоа што роди здраво и прекрасно дете!
Со добар тим на лекари денес за ниедна болест не постои препрека жената да има бебенце.




vezilka RR -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (28.7.2010 11:37:17)

Леле последниве денови имам многу проблеми со синусите и со реомата. Главата ме боли секој ден. А реомата овој пат реши да прошета до рацете и секоја вечер рацете ми се здрвени и ме болат мноооогу. Гинекоплогот ми е на одмор, не можам да го прашам за совет..моја грешка што досега не сум го прашала а анам дека имам хронични проблеми со овие две болештини :)Не знам што да праам, кажувајт некои природно иљачи ако знаете [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




arh_diz -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (28.7.2010 11:39:36)

vezilka za zdrvuvanje na racete i nozete jas primav infuzija magnezimum i mi pomina a mozes da pies i Magne B6 mada mislam infuzija deka e podobro taa opusta se




vezilka RR -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (28.7.2010 11:46:05)

Леле а јас магнезиумот го прекинав оти докторот ми рече дека не морам баш секј ден да го земам, туку по потреба ако осетам грчење. Еве сега одма пак ќе го воведам. Само што мене ми даде магнезиум во шумливи таблети. Не знам дали тоа ќе помогне. Ај ќе видам..




kapince -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (6.10.2010 8:20:34)

zdravo devojki.ve molam za pomos.vo mokraca imav infekcija.dodeka go cekam rezultatot od urinokulturata mi dade da pijam cefalexin.veke pijam a mnogu mi e strafffffff.se zbudaliv od mislenje.kazete nekoj sovet?dali ste piele i vie nekoj antibiotik cefalexin.inace sum vo 11 nedela od bremenosta.pomossssss??????[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley19.gif[/image]




nadica -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (6.10.2010 8:57:46)

мислам дека немаш потреба од паника ако др знае дека си трудна и пак ти препишал антибиотик сигурно неговото земање дава многу подобрување и нус појавите се сведени на минимум

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] за тебе и малото сонце што расте во тебе




parel -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (6.10.2010 9:44:06)


ИЗВОРНА ПОРАКА: nadica

мислам дека немаш потреба од паника ако др знае дека си трудна и пак ти препишал антибиотик сигурно неговото земање дава многу подобрување и нус појавите се сведени на минимум

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image] за тебе и малото сонце што расте во тебе


Se slozuvam. Jas vo prvata bremenost imav 2 pati cistit i primav antibiotici. A sega sum 6 nedela primam Ampicilin poradi loso kaslanje. Si ima grupa koja e dozvolena i nema potreba od panika.




amelbebe -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (6.10.2010 9:49:24)

kapince nema potreba od panika ,jas dodeka bev bremena vo 7-ot mesec fativ grip so 40 temperatura lezev vo infektivna bolnica i primav penicilin inekcii,taka da ne se sekiraj mnogu dr znae sto treba da ti dade




anabest -> RE: Дали е безбедно земањето лекови во тек на бременост? (25.10.2010 16:06:56)

Mene sega mi prepisa doktorot amoksicilin. Dali nekoj imal iskustvo so ovoj antibiotik? Vo penicilinska grupa e taka da ne bi trebalo da ima nikakov problem.




Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>