|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.6.2014 23:38:09   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

сируп за Т Далерон
Хансаплас
Газа стерилна и лепенка
Бетадин
Витамин Ц
Топломет
Капки за нос(синомарин)
Аспиратор за нос
Ацидиборици
Јекодерм
Крема од кантарион

Кажете ми линекс за бебе е поинаков,или?
За алергии што за до 1 година?Лоратадин сируп (ова од читање)
Хидрогенот во кој случај се става?

Што ми недостига за бебе до 1 година?user posted image
Што за убод од инсект?
Што е најдобро против комарција?За во струја и што за мачкање?


Линекс колку што знам е истиот и за бебе и за дете, би ти дополнила и електорлити или смекта, бебешка крема за сончање, капче, бела и памучна облека за бебе, за на сонце, за убод јас не сум носела ништо а за комарци до 1 година мислам дека само на Чико имаат, а над година Аутан, за во Дојран можеш газдите да ги прашаш дали имаат апаратче против комарци да ти позајмат и ти да си купуваш само патрони.
Јас би ти рекла и антибиотик да си земиш нерастворен или барем рецепта за секој случај
Друго не ми текнува


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 101
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.6.2014 23:40:20   
Felly RR
За алергија Лоратадинот мислам дека се дава после 2 години. ДО годинка Летизен/Цетиризин, мислам така дека беа, сепак во аптека консултирај се - ќе ти кажат и за дозирање според тежината и возраста.
За убоди од секакви инсекти може и синопен.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 102
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
11.6.2014 23:49:34   
Melanija RR
Значи за алергија да прашам дали Лоратадин или Летизен
За убод -Синопен, Фенерган маст


Електролити за што се?
За антибиотик досега никакво искуство,а незнам колку тие нешта се наследни (не допроверено сум на Пеницилин) веројатно најдобро со педијатар да се консултирам


_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 103
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
12.6.2014 0:09:46   
elenak
Меланија антибиотик јас стално носам нерастворен Алмацин, ама досега да не се подречеме ништо од тоа што носиме не ни притребало. Инаку штом сте во Македонија мислам немаш потреба да мкнеш толку работи, ваљда аптеки има во Дојран. Не дека во странство нема ама нели потешко се рабираме, различни имиња на лекови, па може да настане проблем.user posted image
За мачкање против комарци Чико Занза, 0+ е така да немаш гајле, а и јас сум многу задоволна, ефикасно е. Апаратче купете си за секој случај, Дојран знае да има многу комарци. За на сонце било каков фактор 50-ка, и 30-ка да купиш нема разлика (се е тоа исто само не мафтаат туку ајде user posted image ) глејте што помалку директно на сонце да сте.
Колку за информација, комплет со пакет пелени сметката во аптека се движи околу 2000-2500 ден. да имаш во предвид.user posted image

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 104
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
12.6.2014 8:11:37   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

Значи за алергија да прашам дали Лоратадин или Летизен
За убод -Синопен, Фенерган маст


Електролити за што се?
За антибиотик досега никакво искуство,а незнам колку тие нешта се наследни (не допроверено сум на Пеницилин) веројатно најдобро со педијатар да се консултирам


Меланија, за алергија изгледа не се разбравмеuser posted image Лоратадин сирупот се дава после две годинннки, вие сте уште мали за него. Значи другите два што ги пишав.
Електролити се даваат за рехидратација на организмот ако се јави пролив или повраќање.
Со антибиотик ако немате искуство, тогаш и јас би ти рекла како Еленак, дека не мора да носите, сепак ако не дај Боже има нешто потреба, таму ќе се консултирате со лекар.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 105
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
13.6.2014 18:50:50   
Melanija RR
Felly RR не сум разбрала user posted image се ова ќе си запишам ,а за антибиотик во право сте во Дојран ако треба ќе купам а се надевам нема да треба user posted image
Што би јас без вас user posted image

_____________________________

3год= 8 кломифен,лапаро-хистеро, полупроодни јајцеводи,
3 IUI =/, без терапијаuser posted image август 2013г.
user posted image Бакнежот е генијален трик,дизајниран од страна на природата за да го запре зборувањето кога зборовите стануваат непотребни

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 106
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
26.6.2014 14:31:44   
Lacrymosa
работи, ваљда аптеки има во Дојран. Не дека во странство нема ама нели потешко се рабираме, различни имиња на лекови, па може

Дојран има аптека.. Барем лани имаше..
Ние годинава прв пат со бебуш на одмор. Планираме Дојран пош некако ми е страв надвор да се влечкам... Ќе имаме 9 месеци ама сме малку повеќе хиперактивни и размазени па искрено страв ме фаќа како ќе се издржи... Ако успееме барем 5 дена мислам дека ќе биде ко да сме освоиле премија

(Одговор на членот Melanija RR)
Непосредна врска до пораките: 107
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
26.6.2014 22:53:00   
Felly RR
Баш сега се сетив, пред некој ден кога купувавме од аптека имаше флаерчиња што да се понесе со бебе на одмор. Па еве ќе напишам се што имаше на списокот, како препорака, нели, а некои работи од списокот сметам дека не се толку неопходни.
- препарати за заштита од сонце.
- средства за ублажување на изгореници од сонце и иритации на кожата (камагел 2+, јаогел 1+)
- при убоди од инсекти (спреј против комари, течна пудра)
- стерилни гази, завои, фастери
- средства за дезинфекција на кожа и рани (Octeniseptспреј, хидроген 3% спреј)
- пробиотици - при дијареа (линекс прашок 0+, Prolife раствор/капсули 0+, пастили 4+)
- при дијареа и труење со храна (смекта)
- против опстипација (Сируп од смокви и сливи 2+)
- средства за намалување на покачена телесна температура и болки (Блокмакс, Даалерон...)
- за рехидратација во случај на дијареа и повраќање (хумана електролити)
- антибиотик и антихистаминик

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 108
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
8.7.2014 13:24:43   
Lacrymosa
е го исчитав списокот и ме фати паника па си реков да си изнајмам една подвижна аптека и пред некој ден бевме на педијатар и го прашав што да понесам со себе за не дај боже. му кажав каде и кога планирам да одам и ми рече само линекс, ефералган и јекодерм... јас му се напнав ама докторе што ако нешто и се случи од вода сонце итн.. Докторов фино си ми објасни дека и таму има доктори и таму има аптеки, а во секое време може да се јавам кај него така да нема потреба да се носи цела аптека освен ако не одам во џунгла или евентуално пустина... доволно биле само работи кои секако ги имаш дома ( ефаралган, линекс и сл)

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 109
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
24.7.2014 11:45:35   
Neurotoxin RR
Здраво
Јас сум ново зачленета на форумов, ама не сум нова во следење на темиве
Јас сум фармацевт и таму кај што работам за наша среќа има многу малечки и трудници, па од таа причина кај нас има список кој јас го приготвив за младите родители, што се им е потребно ако одат на одмор со нивните малечки, би сакала и тука да го споделам со вас

Летен одмор со деца, што треба да има вашата аптека?
Со почетокот на летните месеци, започнуваат и планирањата за летниот одмор. Секој родител стравува за здравјето и безбедноста на своето дете, па затоа, изготвивме список кој вклучува се што треба да понесете со вас доколку сте решиле одморот да го поминете заедно со вашите малечки.
Почнуваме со патувањето
Доколку знаете дека вие или вашите малечки имате т.н. болест на движење, тогаш прво на кое мора да помислите се лековите кои се земаат пред да патувате. Овој вид на лек може да се дава на деца поголеми од две години, само доколку посоти индикација за тоа, исклучиво со консултација со вашиот лекар или фармацевт.
Сонце, вода, плажа...
Пристигнувањето на одреденото место за летување, значи радост и игра, а тоа значи часови поминати на сонце. Во денови кога UV индексот е на високо ниво, се препорачува да не се изложуваме на сончевите зраци кога тие се најблиску до земјата, од 10 часот наутро па се до 17 часот попладне, меѓутоа, кога и да излегувате на сонце, заштитете ја кожата на вашето малечко, како и вашата кожа, со тоа што ќе ја намачкате со средства со заштитен фактор половина час пред изложување. Нанесувајте ја кремата секогаш кога сметате дека е измиена од вашето тело (преку вода или потење). Откако ќе заврши денот поминат на плажа, секогаш користете средтство наменето за по сончае, така ќе се регенерираат оштетените клетки од сонцето и дополнително ќе ја зацврстите текстурата на вашата кожа а со тоа ќе ја зголемите заштитата.
И покрај тоа што можеби редовно ќе го користие средството за заштита од сонце, изгореници сепак може да настанат. Понесете со себе и средство наменето за изгореници од сонце, она кое побрзо и безболно ќе ги регенерира изгорените делови од сонцето.
Не го заборавајте и средството за заштита од убоди од инсекти, малечките се најпривлени особени на комарците, но сепак ќе треба да понесети и средство кое намалува иритација од убод од инсект.
Повреди
Дете е синоним на игра, енергија, постојано движење, а тоа на отворен простор често знае да доенсе и повреда, затоа не заборавајте ги средствата за дезинфекција, завоите, газите, водоотпорните фластери, антибиотски прашак или спреј, крем за регенерација на заздравена рана и слични производи.
Лекови
Многу често при промена на одредена локација се јавуваат т.н. патувачки дијареи, поради различниот микробиолошки состав на водата за пиење и различната исхрана, тогаш се менува микрофлората во цреавата, па затоа неопходно е да понесете пробиотик за вас и за вашите малечки. Од групата на лекови неопходно ќе биде да понесете и антибиотик, медицински јаглен, антихистаминик (средство против алергија), антипиретик (средтсво против покачена температура), аналгетик (против болка), електролити.
Доколку вашето дете или вие примате некаква терапија секако не ја заборавајте да ја понесете и таа со вас.

НАПОМЕНА: Сите овие лекови земете ги исклучиво во аптека и барајте да ви објаснат исцрпно кој лек во која пригода би го употребиле, како би го употребувале и како да го чувате, особено оние лекови наменети за вашите малечки.

(Одговор на членот Lacrymosa)
Непосредна врска до пораките: 110
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
24.7.2014 11:58:40   
Neurotoxin RR
Неможев да пишам во една порака, беше предолга, овој список го изготвив јас, јас сум фармацевт и таму каде што работам благословени сме со мали дечиња, ги има повеќе и им направив список на родителите за помош околу летниот одмор, лично јас планирам да земам она што ми треба, затоа што незнам колку брзо би можела да реагирам и да одам да барам аптеки и доктори на место кое не ми е познато, ипак идеме првпат тројцата на одмор, подобро се да ми биде при рака. Доколку има истомисленици овој список многу ќе ви помогне. Ако има ненкакви прашања слободно пишете

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 111
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
24.7.2014 13:58:55   
Felly RR
Неуротоксин, добредојде на Рингераја!!! СИгурна сум дека твоите совети ќе ни бидат од голема помош. Мило ми е што реши да ни се придружиш во разговорите. user posted image user posted image

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Neurotoxin RR)
Непосредна врска до пораките: 112
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
9.7.2015 16:19:28   
Hopeful RR
Гледам некако пасивна темава, па да размрдам user posted image Се мислам дали има поента летово да одиме на одмор, некако со две бебиња ептен ми се гледа голем проект. Крај на август би имале полни три месеци, септември веќе и четири, и не знам дали се премали за патување во Грција, на пример, или да размислуваме локално - Охрид? Што мислите вие, дали се премали? Некако ме фаќа паника на самата помисла, посебно дека се две, но читајќи ги претходните постови, стварно држи вода она дека следното лето здравје, би било далеку понапорно, па може ова ќе биде мирен одмор... На доење и АД се, бар тоа е едноставно...

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 113
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
10.7.2015 10:40:01   
blue_blue
Hopeful, мој најдобронамерен совет е со децата да не одите никаде на одмор додека не наполнат 3 години. Многу ќе сакав мене некој да ми го кажеше ова и да не фрлев едно чудо пари на „одморот“ во Турција....Две деца се на кои до таа возраст секоја промена од нивната рутина им е проблем....нова средина, нов кревет, изместено време на спиење, спремање на АД или каши додека се помали, а на 1,5 или 2 години мислам дека е најложа возраст за одмор зошто ни ти ни маж ти нема ни О да видите од одмор. Го имате целиот останат живот после 3 години за заеднички одмори во кои сте ќе уживате. На одмор се оди да се одмориш од секојдневни обврски а со две деца под 3 години не само што нема да се одмориш него ќе биде константна борба и напор....мој совет ти е да си одите со маж ти на кратки викенди сами кога децата нема веќе да ги доиш и така до 3 години....се друго, од мое искуство и искуство на сите околу мене со близнаци е мачење....

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 114
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
10.7.2015 17:46:26   
lukajana RR
Се согласувам со blue blue со деца до три години одморот е замор.Ние лани отидовме на викенд со бебе од три месеци и беше ужас ,си отишол за на плажа а бебе сака да спие да цица па се мкнеш наваму натаму ,лошо во секој случај.
И оваа година се мислиме за некој краток одмор или барем еден два викенда ама мислам дека бетер од лани ке биде па незнам дали да се изложувам на непотребни нервози или да си седам мирна домаuser posted image

< Поракaта ја уредил lukajana RR -- 10.7.2015 17:47:27 >


_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 115
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
10.7.2015 18:42:27   
mommy_angels RR
И јас се согласувам дека близначињата се многу мали за одмор и тоа ќе ти биде умор user posted image .Од другото лето можеби попаметно ќе биде да си планираш,а летово баш како што вика Блу некако најди начин тука да се релаксираш.
Инако јас лани,кога дете ми беше 2 год.супер си поминав.Се надевам така и годинава ќе биде.Е сега преееемногу алишта м'кнев,така да годинава малце по рационално ќе пакувам user posted image .Мене must have на одмор со дете ми е сируп за Т,Јекодерм(за секој случај),млеко со соодветен фактор,Линекс и аутан.Се друго ми е џабе влечкање.Сепак во урбана средина одиме на одмор,не во џунгла.

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 116
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
12.7.2015 22:58:41   
Andriance
Lelele lugje, abe kako taka sovetuvayte da ne se ide na odmor so deca do tri godini??? zasto pobogu?? pa dali ima nesto poubavo za niv od more ili planina...moze samo da im bide ubavo a vie sekako kje se pomacite malku..baska sto deca na vozrast od tri meseci samo cicaat i spijat ( ili AD) sto znaci imate vo sekoe vreme hrana koja e sterilna..pa cel svet bre ide na odmor so deca so dve pa i so tri..a vie sovet sedi doma???
Iskreno, togas i neprajte deca ako smetate deka vi se tovar da gi odnesete na odmor..pa i da treba da se zeme krevetce ( ili vo hotel sekako kje vi dadat) i se ona sto od osnovni rekviziti mu e neophodno...
e sega i ja ne bi Turcija, zaradi mnogu razlicna klima i dalecina, ama ohrid ili grcija..milina bre...nosi deca na odmor majka i uzivajte site kako cel normalen svet!

_____________________________

Зборовите и времето користете ги правилно!!! Ни едното ни другото не можете да ги вратите!!!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 117
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
12.7.2015 23:52:04   
Hopeful RR
Ме замисливте, да ви кажам искрено... не дека не сакам, сакам и тоа ептен, само не можам да замислам на што ќе личи еден обичен ден. Тие цицаат на секои два часа, плус се со АД. Како ќе ја носам дохраната - да правам секое сабајле по сто шишенца и да седат во фрижидерче, или да мучкам на плажа? Можеби ќе почнеме со викенд во Охрид, чисто за проба, па ако е ок, доаѓа предвид и Грција. Секако е добро за нив морски воздух, тоа неспорно. А може па до тогаш ќе пркнат уште малце па нема да ми изгледа одморот толку голем предизвик user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот Andriance)
Непосредна врска до пораките: 118
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
13.7.2015 15:14:31   
vezilka RR
Hopeful, жива вистина е дека одморот со мали деца не е воопшто сличен на одморот од пред тоа, во смисла на книга и пивце и цел ден на лежалка, на пример. И различните совети доаѓаат од различните искуства, нели сепак сите деца се различни, некои се позахтевни, некои се помирни. На пример, додека јас трчав по цела плажа ко луда по Никола, дури на моменти мислев дека и до другиот град ќе стигнеме така бркајќи се, соседите до нас си лежеа на лежалкине баш со книга у раце, а малото си седеше до нив и си копкаше во песокот. И нормално, ја ќе ти кажам напорно е, а таа, соседката од лани, ќе ти каже не бе, супер е. Исто и за менување на рутината и средината, ние па со тоа немавме проблем, а внука ми на пример се и се изремети и десет дена на првиот одмор се корнеше од плачење. Некои работи не можеш да ги предвидиш однапред и затоа треба да бидеш спремна на се user posted image . тоа е муабетот.
А ако решиш да одиш ќе си набавиш реквизити кои ќе ти ги олеснат работите, как мна пример многу шишенца, термосчиња, од оние термосите во два дела каде во едниот стои прашокот (млекото) а во другиот водата, па со одвртување се помешуваат(хихи не знам како се вика, па вака описно) и слични тракатанци.

< Поракaта ја уредил vezilka RR -- 13.7.2015 15:16:11 >


_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 119
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
13.7.2015 15:27:16   
Hopeful RR
vezilka RR, е ова е совет и мислење на место, се е до индивидуалното искуство, во право си. Може па и јас премногу паничам, а може па и сум наивна па немам поима што ќе ме стрефи user posted image Такви термоси не сум знаела дека постојат, ама баш супер што ми ги спомна, тоа е магичното решение, ми се чини. Ако знаеш да ми кажеш и кај ги има, па да видам како функционираат на пократки дистанци - во парк user posted image



_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 120
   RE: На одмор со бебе - што да се земе?
13.7.2015 15:54:08   
vezilka RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR

vezilka RR, е ова е совет и мислење на место, се е до индивидуалното искуство, во право си. Може па и јас премногу паничам, а може па и сум наивна па немам поима што ќе ме стрефи user posted image Такви термоси не сум знаела дека постојат, ама баш супер што ми ги спомна, тоа е магичното решение, ми се чини. Ако знаеш да ми кажеш и кај ги има, па да видам како функционираат на пократки дистанци - во парк user posted image



Мислам дека ги гледав на сајтот на Бебесупермаркет.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 121
Страница:   <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 4 [5]
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?