|
RE: Последните недели, или денови пред пораѓај 18.9.2013 21:29:50
|
|
|
|
Bethany
|
Постот на Маса како јас да пишував. Само што јас се породив 7 дена после терминот. Ниту болки, ниту ништо. Надвор преку ден 35 степени кажуваат, реално и повеќе, јас со оооогромен стомак, плус многу се здебелив, 18 кг. веќе ме отепа нетрпение. Нозете мокри од потта , не можев да стапнам со ногата на под, се лизгав колку ми беше жешко и нозете испотени, не знам како преживував преку ден само да дојде вечер да излезам. Мислам тоа ме спаси, нон стоп шетав и тоа долги релации, навечер кога можеше да се дише. А кога се појавив во болницата тие сестрите мислеа дека носам близнаци, толкав стомак имав, а моето бебе па се роди мало 2950. Стомакот ми се време беше високо, последните денови, не можев да јадам од што ми беше качев, во желудникот ми удараше и од еден залак не можев да дишам. Ете и отидов во болница, и со провокација се породив за експресни 2 саати. Добив напони и се течеше многу брзо. Бев 2-3 прста отворена, без болки. А мислев исто така дека ќе се породам што влезам во 9. Најстрашни ми беа тие два дена во болница, чекајќи ги болките демек, сите дојдоа и се породија, а јас ништо, ни Б од болките. Ме отепаа тоа психички ептен. Тие ми па беа најгорите денови кога чекаш а не знаш што чекаш, а веќе во болница си, и нон стоп ЦТГ, па мало мало вагинален преглед, ужас! ЗАтоа и јас би ти препорачала да барем малку пробаш да се опуштиш, вложи сите сили во тоа, бидејќи каде и да е ќе дојде, нема каде да бега. А ќе видиш, па после и ќе ти недостига мешето Ај со лесно само
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|
|
|