RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


Bethany -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (18.9.2013 21:29:50)

Постот на Маса како јас да пишував. Само што јас се породив 7 дена после терминот.
Ниту болки, ниту ништо. Надвор преку ден 35 степени кажуваат, реално и повеќе, јас со оооогромен стомак, плус многу се здебелив, 18 кг. веќе ме отепа нетрпение. Нозете мокри од потта , не можев да стапнам со ногата на под, се лизгав колку ми беше жешко и нозете испотени, не знам како преживував преку ден само да дојде вечер да излезам.
Мислам тоа ме спаси, нон стоп шетав и тоа долги релации, навечер кога можеше да се дише.
А кога се појавив во болницата тие сестрите мислеа дека носам близнаци, толкав стомак имав, а моето бебе па се роди мало 2950. [sm=smiley1.gif] Стомакот ми се време беше високо, последните денови, не можев да јадам од што ми беше качев, во желудникот ми удараше и од еден залак не можев да дишам.
Ете и отидов во болница, и со провокација се породив за експресни 2 саати. Добив напони и се течеше многу брзо. Бев 2-3 прста отворена, без болки. А мислев исто така дека ќе се породам што влезам во 9. Најстрашни ми беа тие два дена во болница, чекајќи ги болките демек, сите дојдоа и се породија, а јас ништо, ни Б од болките. Ме отепаа тоа психички ептен. Тие ми па беа најгорите денови кога чекаш а не знаш што чекаш, а веќе во болница си, и нон стоп ЦТГ, па мало мало вагинален преглед, ужас!
ЗАтоа и јас би ти препорачала да барем малку пробаш да се опуштиш, вложи сите сили во тоа, бидејќи каде и да е ќе дојде, нема каде да бега. [sm=smiley1.gif] А ќе видиш, па после и ќе ти недостига мешето [sm=smiley1.gif]
Ај со лесно само [sm=smiley31.gif]




Lacrymosa -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.9.2013 11:55:14)

Ептен сум на штрек.. чекам нешто да протече, нешто да почне да боли... ама ништо... зошто никој не кажува дека последниот месец е најтежок... тешко е се, наведнувањето, станувањето од кревет, легнувањето, болките во грбот ама дефинитивно најтешко е исчекувањето




Mihaela 2010 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.9.2013 12:08:25)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Lacrymosa

Ептен сум на штрек.. чекам нешто да протече, нешто да почне да боли... ама ништо... зошто никој не кажува дека последниот месец е најтежок... тешко е се, наведнувањето, станувањето од кревет, легнувањето, болките во грбот ама дефинитивно најтешко е исчекувањето

Najubavo e da ne mislis na toa i da ne se zamaras,tesko e da,no najdi si nekoja zanimacija i taka po lesno da ti pomine denot...jas ni na kraj pamet ne mi bese denot koga mi pukna vodenjakot,denta si pravevme skara vo dvor so prijateli,cel den ubavini,gi isprativme jas srediv kujnata i se sluci sto se sluci..neocekuvano




petkov -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (14.11.2013 13:39:13)

Jas sum pri kraj na 36 nedela,otkoga ke stanam nasabajle malku me boli dole-ko za dobivanje ama za 10 minuti pominuva.drugata nedela vleguvam vo 9-ti i edvaj cekam da si go vidam bebusot




petkov -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (19.11.2013 13:36:09)

Zdravo na site!!!Vo nedela stanuvam sabajle i gledam na gakite krv.ai odma trk so mm u bolnica.Me stavija na CTG malku sum imala kontrakcii ,me vidoja na eho rekoa sve e ok potoa vaginalno i mi kazaa deka sum otvorena eden prst.Sum pocnala da se otvaram ,a eve od denes vleguvam vo 9-ti mesec.Pak se vrativme bidejki ja imav taa rozeva sluz i rekoja nisto ne e toa e normalno bidejki si pocnala da se otvaras!!!Imam malku bolki ama podnoslivi se i ne se cesti.Se sekiram za bebusot,fala bogu si mrda,me fati i diareja -abe sve mi se sobra.Epten se uplasiv za bebusot .Ako imal nekoj slicno iskustvo ili znae nesto okolu ova neka pise .Celata sum[sm=zmeden.gif] zbuneta




nutelce -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.12.2013 19:57:12)

poslednive denovi gi pominvam so golemo iscekuvanjeeeee[sm=smiley36.gif]
veke se e spremno, sekoj den se budam so misla, aj denes ke bide, ama ova malo zverce e resheno da si posedi do kraj...

taka da maksimalno go koristime ova nesekojdnevno dekemvrisko sonce za proshetki i potkupuvanje na nekoja sitnica :)




goca650921 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (21.4.2014 21:57:09)

zdr na site sakam nesto da gi prasam voa zenive dali e vozmozno zena vo 8mi mesec od bremenosta da bide povtorno bremena mislam edno vrz drugo ako me svakate na nekoj nacin




deluxe -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (21.4.2014 23:26:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: goca650921

zdr na site sakam nesto da gi prasam voa zenive dali e vozmozno zena vo 8mi mesec od bremenosta da bide povtorno bremena mislam edno vrz drugo ako me svakate na nekoj nacin



Гоца,ова ми е многу нелогички,јас до сега никаде не сум слушнала,ниту причитала за ваков случај[sm=zmeden.gif][sm=zmeden.gif]
А постои некаде??[sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]




Lidina -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (22.4.2014 13:04:32)

Goca нема логика за таква бременост..а и како е тоа едно врз друго?[sm=smiley4.gif][sm=smiley4.gif][sm=smiley4.gif]




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (11.5.2014 22:22:17)

[sm=nosecka.gif] како сте во последните денови ?[sm=zz_happy.png] Спремни сте? Тешко ви е? Даѓа очекуваниот ден [sm=duda.gif]

Lidina 18.05.2014
vezilka RR 19.05.2014

Mikimaki 19.05.2014
lukas 27.05.2014




vezilka RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.5.2014 9:01:53)

Еве сме еве сме, чекаме. Веќе неколку дена посабајлечки ми се јавуваат контракции, траат едно петнаесет минути до пола саат, и ги снемува. Веќе скоро се е спремно за пристигање на бебчо, за разлика од прошла недела кога ништо немав спремено, па сега барем од таа страна сум по смирена. А дека се ми е тешко, права си. Хи, хи, одам каки желка, ако треба да подигнам нешто од земја, го активирам Никола, од кревет станувам едно пола саат. И се ме подболнува нешто, се тики ме штрецка меот. И психа константно ме мава, мислм дека ќе превиснам од страв. Е така се чувствувам. Инаку терминот ми е другиот понеделник.




Mihaela 2010 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.5.2014 9:22:42)

oooo ajde vezilke so lesno neka ti e, znaci si letna vremevo,nema stravovi samo silno i hrabro i pozitivni misli
Znaci za brzo vreme ke krkame mekici ajjj sto ubavo




LoveableMe RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.5.2014 9:36:40)

Vezilke, дај подвикни му нека излезе, ти да се олесниш, а тој да го запознае братчето[sm=smiley1.gif]




vezilka RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.5.2014 9:46:19)

Хе хе Никола го вика секој ден. Кога му објаснувавме кога ќе.се роди бебето му рековме дека тоа ќе биде кога ќе биде топло и ќе шетаме по кратки ( хихи нели мислевме ова време веќе ќе биде топло ). И сега дете секогаш кога е топло прашува дали денес ќе се роди Јосиф.




LoveableMe RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.5.2014 9:50:32)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Хе хе Никола го вика секој ден. Кога му објаснувавме кога ќе.се роди бебето му рековме дека тоа ќе биде кога ќе биде топло и ќе шетаме по кратки ( хихи нели мислевме ова време веќе ќе биде топло ). И сега дете секогаш кога е топло прашува дали денес ќе се роди Јосиф.


Ако се роди кога ќе паѓа дожд, не знам како ќе му објасните на детево дека тогаш му се родил брат, а пред тоа друго сте му викале, лелееее[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]




Defne90 RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.5.2014 14:22:27)


ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Хе хе Никола го вика секој ден. Кога му објаснувавме кога ќе.се роди бебето му рековме дека тоа ќе биде кога ќе биде топло и ќе шетаме по кратки ( хихи нели мислевме ова време веќе ќе биде топло ). И сега дете секогаш кога е топло прашува дали денес ќе се роди Јосиф.

Сонце мало и тој е нестрплив да си го гушне бебето.Што убаво е тоа.[sm=smiley1.gif]




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (12.5.2014 14:37:53)

vezilka RR ќе биде за 1 недела [sm=smiley1.gif] штом е за сонце сочекај викенд [sm=smiley36.gif]
Го чекаме Јосиф [sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=bravo.gif]




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (23.5.2014 12:45:06)

kate18 кој е твојот краен термин и синче или девојче,во списочето те нема[sm=smiley1.gif]


Lidina 18.05.2014
Mikimaki 19.05.2014
cacisk 25.05.2014
lukas 27.05.2014

bebence19 12.06.2014
blue dreams 22.06.2014




LoveableMe RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (24.5.2014 17:54:05)


ИЗВОРНА ПОРАКА: cacisk

.... Утре ми е краен термин и кај и да е треба да се породам....




cacisk -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (24.5.2014 18:15:44)

25.05.2014 ми е краен термин, Засега немам ни контракции,ниту сум отворена. Во Понеделник сум на контрола да видиме што ќе правиме. Инаку носам девојче [sm=bravo.gif]
Обавезно ќе ви пиша, кога здравје че се породам.




Melanija RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (24.5.2014 19:48:24)

cacisk [sm=bravo.gif] обично девојчињата не се толку тврдоглави и на време излегуваат [sm=smiley36.gif]
На контрола ќе ти кажат што и како [sm=smiley1.gif] пиши ни [sm=smiley1.gif]




LoveableMe RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (24.5.2014 20:14:03)


ИЗВОРНА ПОРАКА: cacisk

......Инаку носам девојче [sm=bravo.gif]


jeeeeeeeeeeeeeeeeee[sm=bravo.gif][sm=bravo.gif][sm=rozacrtici.gif]




kate18 -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (24.5.2014 21:06:50)

Mene kraen termin mi e 8-mi juni [sm=modricrtici.gif] masko nosam, i pocnav da imam nekoi lazni kontrakcii, pa ke vidime [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (24.5.2014 22:17:36)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Melanija RR

обично девојчињата не се толку тврдоглави и на време излегуваат [sm=smiley36.gif]


Никогаш не се знае. Моето девојче речиси недела после термин реши дека е време да излезе. Во секој случај, цациск, кате18, чекаме да не известите па заедно да се радуваме.




Dilina -> RE: Последните недели, или денови пред пораѓај (24.5.2014 22:30:22)

Луѓе мене краен термин ми е 17ти јули, сега сум 32ра недела,,, некако сметам и сметам цела оваа моја бременост и стално ми излегува 07 јули краен... а на калкулатор пак 17ти.. еден доктор ми рече 7ми, друг (новиот матичен 17ти) и сега како одминуваат деновите мене стомакот ми е се подолу и подолу. Навечер мн ми тежи а според ехо ми кажува дека плодот е поголем за 2 недели ... отекувам во лице во раце во нозе, на работа идам по 4 саата (на нога) и тие 4 не ги издржувам, а порано работев и по 12 на нозе немав проблем.... :)

Знам дека сега се е различно од порано ама можно ли е тежината што ја чуствувам и отоците дасе некаков знак?

И плус тоа бебчето ми лежи напречно, со главчето на десна со нозете на лева (дали е и ова нормално во 32ра недела?), кога ќе се истегне кај ноџињата дури ме боли од што се исправа целото :D не ми е јасно кај ќе издржам уште месец ипол.. сега е мн рано ама незнам кои се конкретни симптоми недели пред пораѓај.... мн сум збунета а и несакам да бидам досадна кај докторот и ми е страв да не ми се изнасмее дека паничам....




Страница: <<   < Претходна страница  10 11 [12] 13 14   Следна страница >   >>