Hopeful RR
|
весник, мое мислење е секако да го отстраниш септумот, без оглед на тоа колку мм изгледа дека е на ехо или на ХСГ. Знаат да прават проблеми без оглед на димензијата, а сум чула и дека растеле во тек на бременост, што е дополнително страшно и опасно. Штом го виделе, нека се реши. Инаку bitolcanka82, мојот септум се виде и на ехо, и на ХСГ, и беше дијагностициран како субсептум, односно класифициран како малечок. Мене на снимката од ХСГ ми изгледаше прилично голем. Битно е и кој доктор како гледа ехо - колку за пример, мојот доктор и виде септум на една моја другарка, друг доктор и гарантираше дека нема, и тек кога направи хистероскопија од трети причини, се испостави дека има, и тоа од 2см... Тоа дали ќе го оперирам беше оставено на мене, затоа што има случаи кај кои и голем септум, па и дворога матка не прават проблем, ама кој е спремен да ризикува? Јас не бев, разговаравме со мм и се мислевме долго време, но се решивме да одиме на хистеро во Систина, со потполна доверба во докторот. Скапо беше, 750е, но од сегашна перспектива сум пресреќна што го немам - инаку ќе полудев од нервоза да не направи проблем... Сеедно кај ќе се прави, тоа е споредно, но дека треба - треба. Мој совет на сите со септум е - аут
_____________________________
Обиди 2,5 години HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :) 2015
|