|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Хистероскопија
2.3.2015 23:30:54   
весник
јас сум решена дека ќе го вадам...субсептум е со должина од 4-5 мм....е сега малку сум во мисла дали да давам повеќе пари на приватно или да му ја дадам довербата на некој од гак...инаку ќе го вадам...штом е само со хистероскопија без дупки и конци на стомак решена сум...оти јас вадев миом со лапаро и имам 5 дупки на стомак...а тогаш и хистеро ми направиле на гак ама не го тргнале...е ај сега ако си маж оди пак на гак user posted image

(Одговор на членот gina)
Непосредна врска до пораките: 801
   RE: Хистероскопија
2.3.2015 23:39:29   
kapina
E zosto ne go trgnale neli ti dadea objasnenie da ne e bil mnogu mal

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 802
   RE: Хистероскопија
3.3.2015 10:41:39   
Hopeful RR
весник, да не те наговарам, ама јас, баш дека читав за вакви искуства, решив да не одам на Гак, искрено. Многу пати не ги ваделе, или не ги ваделе до крај па морало повторна хистероскопија... И за нас беше прескапо во Систина, но сакавме да бидеме сигурни дека е направено како што треба, па затоа одлучивме така. За вакви работи искрено не сакам да штедам - подобро ќе одам со стара облека и ќе се стиснам на нешто друго отколку да си играм со гинеколошко здравје, посебно па пред ивф постапка. Види, размисли си, да не се мешаме ние во твојот буџет, па пиши ни што ќе одлучиш user posted image

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 803
   RE: Хистероскопија
3.3.2015 12:35:10   
Kvisko
Весник обавезно да го вадиш. Кај мене септумот беше причина за missed абортус. Такво чудо навистина не ти треба.
Е сега каде ќе го вадиш убаво размисли си во зависнот од буџет нормално.
Јас таа интеревнција ја правев во Ремедика кај Димитров зашто тогаш сите него ми го препорачаа. Сега кога пак правев лапароскопија ми направија хистероскопија чисто да видат што е и како е ми рекоа навистина супер ја завршил работата ништо не се познавало.
Така што мој совет обавезно вади се што е вишок во матка.


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 804
   RE: Хистероскопија
3.3.2015 19:06:13   
весник
iskreno i jas mislam taka...a be i bremenost da e ke se plasam celo vreme i ke si velam llele septum imam...ako e mal ama toa e ..5mm e...eeeee pusti maki nasi....so cisti od po 10 sm se i pak se bremeni i pak se ke bide vo red kaj niv...ama ajde..veruvam deka Bog site ke ne pogledne i deka nema da ne odmini...pozdrav!

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 805
   RE: Хистероскопија
9.3.2015 20:58:54   
lady7
Здраво,

Јас треба неделава да правам хистероскопија и сум многу исплашена. Кај мене до сега немало бременост, а имам мал септум, па ми рекоа тоа бил проблемот. Како и да е мене како дете ми беше откриен висок пролактин и веке 14 години си пијам бромергон. Пролактинот сега е во ред, ама се се плашам дека и по хистероскопијата нема да имам резултати. Имал ли некој искуство како моето и дали по хистеро останала бремена.
Фала

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 806
   RE: Хистероскопија
9.3.2015 21:14:40   
lady7
Jas se javiv i prasav, mi rekoa deka histero e 35.000 i laparo 58.000

(Одговор на членот bitolcanka82)
Непосредна врска до пораките: 807
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 10:46:24   
LoveableMe RR
lady7, шансите се зголемуваат по хистероскопијата. Каде сакаш да правиш и за каде се овие цени? Позз

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот lady7)
Непосредна врска до пораките: 808
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 10:57:47   
lady7
Ke pravam vo GAK kaj Trajkovski, ovie ceni se za Remedika.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 809
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 14:41:59   
butterfly 00
Lady7 nemoj taka da razmisluvas luge so kakvi problemi pa se borat i ostanuvaat bremeni i jas pravev histeroskopija i pijasm apcinja zaradi visok prolaktik, po histeroskopijata pravev so zamrznati ne bese uspesno, no slednoto IVF bese zatoa nemoj taka da razmisluvas ke se fati samo prasanje na vreme e user posted image

_____________________________

3 inseminacii, 2 IVF = / , 2 FET = /

(Одговор на членот lady7)
Непосредна врска до пораките: 810
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 14:58:20   
lady7
Fala na odgovorot :) Iskreno izmacena sum veke od nasive doktori ne im veruvam nisto :) ama veruvam deka se ke bide vo red. Ke se izraduvam i jas na bebence :)

(Одговор на членот butterfly 00)
Непосредна врска до пораките: 811
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 15:03:46   
Kvisko
lady7 не пристапувај од старт негативно. хистероскопијата е релативно едноставна постапка која може многу да помогне во процесот на забременување бидејќи се отсртануваат физичките пречки за забременување. Инаку со проблем со висок пролактин кој се контролира со терапија јас знам три жени што си останале брз проблем бремени и си износеле бременост до крај. Знам дека не е утерха ама со терапија се стига до бременост.
Сега само позитивно размислувај за хистероскопијата и ич без гајле уште истиот ден по интервенцијата си одиш дома и си продолжуваш со нормални активности.

(Одговор на членот lady7)
Непосредна врска до пораките: 812
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 15:07:37   
lady7
Знам дека не е страшна постапка, инаку мене со години пролактинот ми е нормален, да не речам идеален, а за хистероскопијата се сомневав бидејќи сите доктори до сега ми рекоа дека септумот не е причина за да не забременам, туку дека може да предизвика спонтан абортус. Јас до сега не сум забременила :) Како и да е фала ви на поддршката и оптимизмот. Знам дека се ќе биде во ред :)

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 813
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 15:13:13   
Kvisko
lady7 така викаат ама ако прочепкаш по форумот ќе видиш дека има многу членки кои баш после хистероскопија збаремениле. Некогаш заради септумот нема доволно простор каде да се вгезди плодот па нема ни да дојде до бременост иако можеби се оплодила јајце клетката.
Во секој слуај штом имаш септум не е ни паметно да се обидуваш да забремениш баш заради ризик од спонтан. Верувај ми јас заради септум имав спонтан. Додуеше јас не ни знаев дека сум имала септум се откри на киретажата така што како среќа некој претходно да ми го откриеше и отстранеше. Сто пати е поарно да се открие пред бременост отколку да ја изгубиш бременоста заради тоа.
Не знам и што други испитувања имаш правено и колку време се обидуваш да забремениш ама проверка на хормони и проодност на канали и секако спермограм се неопходни ако се обидувате подолго време.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 10.3.2015 15:14:08 >

(Одговор на членот lady7)
Непосредна врска до пораките: 814
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 15:17:39   
lady7
Gi napraviv site mozni ispituvanja, proodni kanali, odlicen spermogram se e vo red. Septumot sekako ke go operirav bas poradi toa. Jas licno imam prijatelki koi posle vakov zafat zabremenile, zatoa i veruvam deka se ke bide vo red, samo se plasev i za prolaktinot pa sakav da znam dali nekoj imal iskustvo ko moeto. Inaku poveke od 2 godini se obiduvame za bebe. Kaj mene ima i policisticni jajnici, pa mozna e i laparoskopija za i tie da se sredat. Piev dva meseci po red cikloproginova so klomifen, se bese super doktorkata bese zadovolna, samo na kraj nemase bremenost. Daj boze se da se resi so operacijava :)

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 815
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 15:25:19   
Hopeful RR
За хистероскопија ич да не се секираш и оди што поскоро. Каде би ја правела?

А за пролактинот, имам една другарка која не само што има цел живот висок пролактин, туку дури и аденом, па еве, ќерка и само што наполни 6 месеци user posted image Остана бремена природно, без некоја посебна терапија, од втор обид. Само оптимистично и со среќа!

_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот lady7)
Непосредна врска до пораките: 816
   RE: Хистероскопија
10.3.2015 15:27:29   
lady7
Ke pravam kaj dr Trajkovski, do krajot na nedelava ke bide zavrseno :). Fala vi uste ednas na site za poddrskata sega imam uste poveke verba :)

(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 817
   RE: Хистероскопија
13.3.2015 20:27:23   
Baby12
здраво дечки.Јас во цторникот правев хистероскопија и лапароскопија во систина.Е сега ве молам да ми кажете колку дена крваревте после зафатов оти мене ми е четврти ден а сеуште крварам и тоа не се намалува туку како послаба менструација ми е само со светла крв.Немам страшни болки така по малку како менстр.болки и плус дупчињата ме болат напати.Ми вадеа септум и ми ја прошируваа матката,плус проверка на каналите оти на хсг се гледаше едниот канал слабо прооден.И после колку дена ги извадивте лепенките од дупчињата,мене за конци вадење ми рекоа по осум дена а заборавив после колку дена да ги извадам лепенкиве.Терапија ми дадоа естроферм и после од 21.03 и дабросторн.

(Одговор на членот lady7)
Непосредна врска до пораките: 818
   RE: Хистероскопија
13.3.2015 22:15:10   
scared RR
Јас мислам лепенките можеш да ги извадиш веќе да диши раната, само за бањање не знам дали можеш. За крварењето јас крварев 2-3 дена повеќе не, и тоа ептен малце.

(Одговор на членот Baby12)
Непосредна врска до пораките: 819
   RE: Хистероскопија
14.3.2015 11:05:07   
весник

ИЗВОРНА ПОРАКА: Baby12

здраво дечки.Јас во цторникот правев хистероскопија и лапароскопија во систина.Е сега ве молам да ми кажете колку дена крваревте после зафатов оти мене ми е четврти ден а сеуште крварам и тоа не се намалува туку како послаба менструација ми е само со светла крв.Немам страшни болки така по малку како менстр.болки и плус дупчињата ме болат напати.Ми вадеа септум и ми ја прошируваа матката,плус проверка на каналите оти на хсг се гледаше едниот канал слабо прооден.И после колку дена ги извадивте лепенките од дупчињата,мене за конци вадење ми рекоа по осум дена а заборавив после колку дена да ги извадам лепенкиве.Терапија ми дадоа естроферм и после од 21.03 и дабросторн.


baby12 aj pisi ni kaj koj doktor pravese histero i laparo i kolku te cinese toa..i dali prenoki tamu vo sistina?????


(Одговор на членот Baby12)
Непосредна врска до пораките: 820
   RE: Хистероскопија
14.3.2015 12:16:49   
Kvisko
Baby12 јас после лапароскопија со хистероскопија крварев околу недела дена. Исто како тебе црвена свежа крв. Не се секирај не е ништо страшно. Мене ми рекоа лепенките да ги извадам уште утредента откако ме отпуштија од болница за да дише раната и слободно да се бањам без да ги покривам. Се убаво ми зарасна и немав никаков проблем.
Весник ако правиш само хистероскопија не се преспива, ако правиш и лапароскопија се преспива една ноќ без разлика каде ги правиш интервенциите.

(Одговор на членот весник)
Непосредна врска до пораките: 821
   RE: Хистероскопија
14.3.2015 21:18:39   
Baby12
Vesnik kaj Lazarevski pravev vo sistina,plativ 89000 za se.Mi vadea supseptum i pregrada na matka a laparoskopski proverka na kanalite oti na hsg snimkata se gledase edniot slabo kako da propushta.Prenokiv edna nok,a pred operacijata vo petokot bev na podgotovka (krvna slika i grupa,alergotest na anestezija poradi predhodna reakcija od anestezija koga bev pomala.)Plativ za se na kraj koga me pustija.
Inaku fala vi decki na odgovorite :*

< Поракaта ја уредил scared RR -- 14.3.2015 22:16:40 >

(Одговор на членот весник)
Revisions: 1 | Непосредна врска до пораките: 822
   RE: Хистероскопија
15.3.2015 15:00:31   
lady7
Devojki kazete mi dali koga pravevte histeroskopija bevte vo bolnica eden den pred intervencijata ili pak si dojdovte sabajleto koga vi zakazaa operacija?

(Одговор на членот Baby12)
Непосредна врска до пораките: 823
   RE: Хистероскопија
15.3.2015 15:11:07   
scared RR
Отидов сабајлето во 8 ипол, значи на дента на операцијата, во 18 часот веќе бев дома user posted image Нема потреба пред тоа да идеш таму.

(Одговор на членот lady7)
Непосредна врска до пораките: 824
   RE: Хистероскопија
15.3.2015 15:13:52   
lady7
Fala :) se nadevam deka i so mene ke bide taka :), zosto edna vecer vo bolnica posebno pred intervencija ke pobudalam :)

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 825
Страница:   <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  31 32 [33] 34 35   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?