|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: <<   < Претходна страница  36 37 [38] 39 40   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   RE: Хистероскопија
5.11.2015 20:20:51   
scared RR
Не, буквално ко да не ни пиев ништо :)

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 926
   RE: Хистероскопија
27.11.2015 13:16:14   
MademoiselleNina
Бидна мојата хистероскопја, извадија тоа што требаше, ми дадоа да пијам Cyclo Progynova па да ве прашам за што се даваат тие? Првпат ми ги препишуваат, читам дека е некој естроген... и дека е за жени во менопауза, па ми дојде малку чудно.
Онака сега пред да пијам нешто епрен сакамда се информирам што е тоа... Бидејќо откога ми открија мутации на MTHFR i V(R2) фактор, сакамд а сум претпазлива со се што ќе пијам. А на трансфузиологија ќе одам во понеделник.
Не знам дали да ги почнам или не?

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 927
   RE: Хистероскопија
27.11.2015 13:32:40   
Kvisko
Cycloproginova се стандардна терапија кога нешто се чепка во матката односно се вади нешто од матката и се даваат за побрзо да се епителизира (заздрави) ендометориумот и да се спречи со тоа повторување на проблемот. Инаку се пијат и за регулирање на нередовен циклус јас ги имам пиено и за тоа и после хистероскопија. Во менопауза се даваат за да се намалат проблемите од промената на хормоните.

Инаку првите апчиња се естроген, а вторите се прогестерон така што го имитираат природниот менстуален циклус на жената односно служат за поддршка на нормалните процеси.
Јас после хистероскопијата во која извадија септум пиев естрофем и плус циклопрогинова заедно едно 7 дена па потоа само циклопрогинова до последното апче. И јас сум со мутација на МТХФР и не е ништо страшно. Кај мтромбофилиите не се препорачива долготрајна контрацепција со естрогени (комбинирани пилули) затоа што може да доведат до тромбоза ама од една доза ништо страшно нема да се случи. Пострашно е да не ти заздрави ендометриумот како што треба па пак да ти треба хистерскопија после некое време.

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 928
   RE: Хистероскопија
27.11.2015 13:58:30   
MademoiselleNina
Kvisko фала за одговрот, сега ми е појасно, инаку ова ми е втора хистероскопија, после првата (во 2013 год.) не пиев ништо. Затоа ми беше чудно.
Ете тоа си имало причина.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 929
   RE: Хистероскопија
27.11.2015 14:20:12   
scared RR
Слободно пиј ги и мене ми ги даде Ивановски, на сите ги дава, плус антибиотик. Кога правеше хистероскопија? Треба од истиот ден да почнеш да ги пиеш кога си правела.

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 930
   RE: Хистероскопија
27.11.2015 14:31:00   
MademoiselleNina
Вчера правев. Ај од денес ќе ги почнам, веројатно нема да смени многу :)

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 931
   RE: Хистероскопија
28.11.2015 14:17:58   
MademoiselleNina
Ај и ова да прашам user posted image малку ми е незгодно, но ...
После колку време од хистероскопија имавте интимни односи? Не знам што ми се случува, ама јас имам ептен зголемена желба... user posted image
Се чувствувам добро, малку крварење повремено, и друго ништо.

Првиот пат кога имав лапахо-хистеро, имав и конци, и болки, сега овој пат некако многу лесно поминав, и добро се чувствувам.

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 932
   RE: Хистероскопија
29.11.2015 21:44:13   
juve10
45.000 е цената за ресекција на септум ? или немаш точно информација ?! Мене ќе ми прават во Систина, и затоа прашувам.user posted image Фала ти однапред за одговор.

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 933
   RE: Хистероскопија
29.11.2015 22:38:18   
scared RR
Јас платив точно 45.000 за остранување на септум. Во однос на имање односи јас чекав да добијам циклус , ми заврши, отидов на контрола па имавме после тоа, мислам дека не е добро да имаш сега воздржете се :)

(Одговор на членот juve10)
Непосредна врска до пораките: 934
   RE: Хистероскопија
29.11.2015 23:25:19   
juve10
Фала за информацијата. Би сакала ако можеш само да ми кажеш кај кој доктор ја правеше хистероскопијата во Систина и дали после интервенцијата треба да одмараш или се најнормално си функционираш ? !

(Одговор на членот scared RR)
Непосредна врска до пораките: 935
   RE: Хистероскопија
30.11.2015 8:57:26   
milica1984
45.000 за Хистероскопија????
зошто не си одите на ГАК чини 1200 денари!!! Собите се чисти и персоналот истио се грижи за вас. Мене ми правеше хистероскопија др. Владимир Трајковски (голем професионалец) ми отстрани септум на матката - интервенцијата траеше 15 мин со анесезија не се сеќавам на ништо само знам дека се разбудив наспана user posted image . Ме пуштија да си одам дома истиот ден во 12 часот на пладне. Терапија пиев цикло прогинова едно кутивче добив оскудно менструално крварење, следниот месец ми препиша јаз контрацепција и по завршувањето на контрацеппцијата добив обилно крварење по кое Др. ни кажа да не се пазиме да имаме односи, па мамички еве го резултатот денес сум 20 недела од бременоста носам машко бебенце. Ви посакувам на сите побрзо да се радувате како мене. user posted image user posted image user posted image
п.с поентата ми беше дека не треба да трчате по "помодарските" болници!! :)

(Одговор на членот juve10)
Непосредна врска до пораките: 936
   RE: Хистероскопија
30.11.2015 10:39:21   
Kvisko
45000 за Хистероскопија е навистина пљачка. Аман претерале тие во Систина.
Јас во Ремедика платив околу 30000 за отстранување на септум, а на ГАК за хистероскпија и лапароскпија платив околу 1800 денари.

MademoiselleNina јас чекав комплетно да ми сопре крварењето после хистероскопијата па да почнеме со односи. Првиот месец со заштита а после првито контролен преглед значи откако добив менструација без заштита.

< Поракaта ја уредил Kvisko -- 30.11.2015 10:40:49 >

(Одговор на членот milica1984)
Непосредна врска до пораките: 937
   RE: Хистероскопија
30.11.2015 11:28:52   
scared RR
ремедика е поевтина точно, ама не би се согласила за она помодарски болници, нешто како сакаме да бидеме модерни па идеме по приватни? Не драга, идеме за подобар однос, за поголема стручност, а париве во сета оваа борба за мене се незначајни, и вредат, лугено фрлаат и поголеми суми на глупости па не за ова. Јас не се чуствував и не би се чуствувала во сигурни раце на Гак, и Трајковски иако е стручен мене како доктор и особа не ми се допага.
Juve10 мене ми правеше Ивановски, првите два дена лежев, третиот отидов на свадба :)

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 938
   RE: Хистероскопија
30.11.2015 22:10:56   
MademoiselleNina
Јас не одам на ГАК затоа што немам врски, а од лично искуство и од искуство на мои блиски кои биле таму без врски, добиле лоша, несоодветна и нецелосна услуга.
Да, испитувања правам во државни институции, се што може да се направи, но интервенции во државни институции - без врски - никогаш!!! повеќе.
Да најдев јаки врски, можеби ќе размислев да одам таму... но без тоа, не.
Инаку јас сега за хистероскопија платив 37000 ден. во систина.
И не се работи само за чисто-нечисто, туку целиот однос на целиот персонал, се неспоредливи во ГАК и во приватна болница.
Никако не се сложувам дека тоа е помодарство.
Но секој од нас е различен, и има различен став и искуство. На кој како му одовара таму нека оди а тука ќе си разменуваме искуства, да се надеваме дека сите си ја знаат работата и ќе не донесат до целта user posted image

(Одговор на членот milica1984)
Непосредна врска до пораките: 939
   RE: Хистероскопија
30.11.2015 23:03:26   
kapina
mojata histeroskopija bese rizicna posto bese operacija vrz operacija pa samo na gak se nafatija da mi pravat operirana sum prethodno od slepo crevo ispukano i imam rez od 10 santimi na stomakot laparoihisteroskopija se nafatija da mi pravat samo na gak nikade na drugo mesto na otpusnoto pismo od histeroskopijata i laparoskopijata mi pise uterus lesno zgolemen voso miomatozna struktura i ne e napraveno nisto za toa se mislam pak da go prasam trajkovski za nova histeroskopija lazarevski mi rece nema potreba ama taa e stara 6 god

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 940
   RE: Хистероскопија
1.12.2015 0:20:24   
MademoiselleNina
Капина, мислсм дека треба да се консултираш со најмалку двајца лекари, сепск твојот случај сам по себе е специфичен, и не стандарден. Закажи си и прашај, не оставај на случајности. После ќе правиш тоа што треба да се прави. Ама ако нема потреба, не прави, бидејќи ни целосната анестезијз не е така едноставна работа, па лекови, хормони итн.

(Одговор на членот kapina)
Непосредна врска до пораките: 941
   RE: Хистероскопија
1.12.2015 10:05:22   
Kvisko
Капина да сепак убаво прашај си дали треба или не. Сепак прилично се мачиш и не оставај на случај.

Nina јас на пример бев ептен позитивно изнендадена од ГАК. Отидов демек ради реда за инсеминации да правам две таму па потоа две ќе правев на приватно стимулирани и налетав на докторка која буквалнои ми ја врати вербата во животот и мислам дека таа беше клучен фактор што сега сум бремена. Не ми беше само лекар туку и психотерапевт. Ја сретбав во ходник чекајќи го Тофоски за фоликулометрија. Нити имав врска нити ништо. Секој си има своја приказна и свое искуство и никој не е за осудување за изборите што ги прави.
Да Ремедика е почиста посредена, Систина исто ама тоа не значи дека на ГАК нема стручност или дека е гадно. Порано можеби старата зграда била таква ама сега во новата барем во делот за лечење неплодност се два кревети во соба со купатило. Нема шарени чаршави, нема убави спаваќи ама не е грозно.

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 942
   RE: Хистероскопија
1.12.2015 10:56:03   
MademoiselleNina
Kvisko многу ми е мило за твоето позитивно искуство, се надевам дека на повеќето вас се такви. Како што кажа, си налетала на докторка што била човек во вистинска смисла на зборот, и многу ми е драго заради тоа.

Јас после оваа хистероскопиј, немам ни болки, ни грчеви... имам само мало крварење и тоа не цело време, туку еднаш до двапати во денот.
Ги пијам цикло прогинова и антибиотикот, но два дена насабајле се будам цела потечена, раце, нозе, лице ... незнам од што ми е тоа?

Бев вчера на трансфузиологија, но ме вратија за денес, ама тој на шалтер ми рече дека денес обично има многу гужва, да идам утре или задурте, и тоа уште во 8 да бидам таму. Незнам дали работат утре?

< Поракaта ја уредил MademoiselleNina -- 1.12.2015 11:01:50 >

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 943
   RE: Хистероскопија
1.12.2015 12:15:20   
Kvisko
Nina може да ти е од циклопрогиновата. И мене ме потекуваше додека ја пиев. Инаку ако прошлиот пат си правела лапароскопија и хистероскопија заедно те болело од лапароскопијата и јас после хистероскппијата се осеќав супер. Утредента после интервенцијата се журкав на концерт.

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 944
   RE: Хистероскопија
2.12.2015 21:52:53   
MademoiselleNina
user posted image Ова Циклопрогинова мора да е некој афродизијак user posted image user posted image user posted image
Значи ќе полудам! user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 945
   RE: Хистероскопија
13.12.2015 23:38:53   
natnat
Ултразвук , 4D , uz naod ( cavum uteri reduciran, so prisuten septum )
терапија и третман , predlog za hsc op-septoplastika i lateralni incizii ... ова е денешната моја дијагноза на 4D , кое нетрпеливо го чекав да го направам и да ги пратам документите за второ IVF ..Некој да ми сподели слично искуство на ваква дијагноза ... искрено се разочарав, поради што имав правено хистероскопија пред 3 год во ГАК од полипи во матка ... :( :( user posted image

(Одговор на членот MademoiselleNina)
Непосредна врска до пораките: 946
   RE: Хистероскопија
14.12.2015 10:03:03   
Kvisko
Натнат нема разочарување. Борбата мора да продолжи.
Ако имаш септум обавезно мора да се извади зашто со септум тешко дека се износува бременост до крај. Ако си незадоволна од ГАК барај си друго место за хистероскопија. Јас правев ресекција на септум кај Димитров во Ремедика и сум си супер задоволна.

(Одговор на членот natnat)
Непосредна врска до пораките: 947
   RE: Хистероскопија
14.12.2015 11:13:57   
Bea
Natnat, подобро што се открило сега. Знам дека секој ден осложување ти се чини како вечност, но подобро да си ја средиш матката пред да почнеш постапка.
И јас правев хистеро кај Димитров и задоволна сум многу. Имав 2.5 cm сетум. Потоа направив IVF исто кај него и сега сум 30 недели бремена.
Не се разочарувај, една по една се решаваат работите.

(Одговор на членот Kvisko)
Непосредна врска до пораките: 948
   RE: Хистероскопија
14.12.2015 11:37:55   
lejla5
Zdravo na Site jas sum nova na forumot.pred edna nedela dr.dimitrov od remedika mi dijagnosticirase septum koj zafakal 1/3 od matkata i mi predloži histeroskopija,me interesira dali so Ovaa postapka može da se vidi i proodnosta na jajcevodite

(Одговор на членот Bea)
Непосредна врска до пораките: 949
   RE: Хистероскопија
14.12.2015 11:43:16   
Kvisko
Lejla5 не се гледа проодност на јајцеводите со хистероскопија туку само матката. Ако сакаш да провериш проодност на јајцеводите ти треба или ХСГ кој се прави посебно или лапароскопија која можеш да ја нпаравиш заедно со хистероскопијата.

(Одговор на членот lejla5)
Непосредна врска до пораките: 950
Страница:   <<   < Претходна страница  36 37 [38] 39 40   Следна страница >   >>
Страница: <<   < Претходна страница  36 37 [38] 39 40   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?