bubibubi -> RE: Хистероскопија (21.3.2019 16:07:45)
|
Здраво на сите, ја сум нова на форумот. и јас да си ја истурам мојата душа ако не ви пречи:)Мојата приказна почна во 2016, правев хистероскопија и лапараскопија во Ремедика. После тоа со првото инвитро останав бремена но за жал во 10та недела престана срцева реакција. После тоа следува уште 6 неуспешни инвитра, хормонски стимулации и боцкања. На крај се решивме да смениме болница, услови, доктор, терапија и прво одење во Систина останав бремена на природен циклус,(докторот само ме премачка со некој лек за задебелување на ендометирумот и мислам дека имаше голем ефект), бременоста течеше одлично се до 14 недела кога дознавме дека бебчето има даунов по што решив со тешко срце да прекинам иако веќе имам 39 години. Не се нафаќаа да ме чистат бидејќи било доцна па морав да го доносам до 18та недела (4 недели како 4 години, да го галиш стомчето, да го гледаш како расте е навистина тешко). Во 18та недела имав пораќај со провокации и после чистење. Е после тоа чистење по месец дена сватија дека останало некое ситно парче па пак уште еднаш чистење. Испив две дози циклопрогенова и после првото и после второто чистење за да добијам циклус. После првото чистење добив но после второто чистење престанав да добивам циклус, односно увидоа дека ѕидовите на матката се залепиле од премногу тенок ендометирум. Па мораше хистероскопија, и плус вметнаа спирала обична не хормонска за да ги држи ѕидовите еден месец. Сега сум на естрофем и искрено се надевам дека ќе се среди. Инаку редовни менструации и овулации како швајцарски саат, проодни канали испитани, спермограм добар, тестот за дали сме компатибилни добар, хормони супер, генетика испитана и во ред, и сите доктори (сменив едно 5 доктори за да видам различно мислење) ми викаа дека природно ќе останам трудна но никако не фаќаше затоа и ја почнавме таа голгота со инвитро. Единствена позитива од сето ова си викам бар знам дека можам да го носам и едно искуство повеке за пораѓај[sm=smiley36.gif]. Тоа е мора да останеме позитивни, од страна никој што нема поминато низ ова нема да не разбере и не може да разбере колку е тешко. Сега собирам сили за нов обид кога ќе извадам спирала и искрено се надевам дека нема ништо од ова погоре да ми се повтори!
|
|
|
|