miana -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (21.5.2013 10:15:40)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР Малечка, јас мислам дека периодот е таков да се нема доверба во никого. И јас немав доверба во свекрва ми, а сега можам да речам дека го чува подобро од мојата родена мајка. Кога би бирала на кого да го оставам, би го оставила на свекрва ми. И до ден денес има работи кои ме нервираат и за кои не ме слуша, ама се преминува преку нив. За менување пелена не се секирај, ако остане сама со него џанам ќе го остави покакано детето, така зборат, и мојава знае да каже „Јас не можам да ги редам садовите во машина, ти си знаеш подобро, јас не знам“ е јака филозофија да се наредат, ама терај и трај... Или го шета надвор, го носи низ плоштад, ни ранче, ни преслека, да му се прикака ќе нема со што да го избрише, се нервирам стално, ама ете така е и така е... Јас мислам да си ги спремиш, да се искажеш дека е потребно да работиш (оти ако се запнат да ти најдат маана, мрзлива ќе те напраат, не си сакала да работиш [sm=smiley36.gif] ) Детето ти е уште малечко за во градинка, сметај дека првата година дена треба да си на закачалка заради лекување и јакнење на имунитетот. Почекај барем до 2- 2 и пол години. Не дека тогаш нема да се разболува, ама сега е ептен кревко... И јас мислам исто како Џесика..Ако свекрвато се нафати - тогаш почекај уште една годинка барем..Еве Џесика е учителка во градинка ( ако не се лажам ) и барем она ти е најмеродавна за совет..Знае како стојат работите таму..Не дека нема да се грижат за неа,но едно е кога имаш 20 дечиња и кога имаш едно..АКо ти се нафати свеки,остави ја ке се снајде...Јас па во мајками немам доверба.Свеки е постојано со нас и ги чува подобро од мене,кога се со неа,јас мирно спијам..Знае некогаш ( како што вика џесика ) да ме извади од кожа и да не ме послуша за нешто ама па што можеш да очекуваш? И тоа е сосема нормално..Ке се снајде и те како,па нели исчувала и таа деца..Ке ја обучиш некокку дена пред да појдеш на работа,како се менува пелена,ке и кажеш како да ја заспива,ке и оставаш за јадење и готово..Ке се навикне...Инаку за болестите од градинка,секое дете си е различно ... Керками оди една недела ,две е дома... Можеби твоето ке биде отпорно ама зошто експерименти? После пак ке мораш да отсуствуваш од работа ако дететп ти е болно или пак повтоно ке бидеш приморана да и го оставаш неа...
|
|
|
|