RE: Болести кои ни ги носи градинката (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Забавиште и чување на детето



Порака


miana -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (11.11.2013 13:53:11)

Јас пред две недели слушнав од еден човек ( Си се пожали на работа кај нас ) дека на децата во градинките намерно им ги отвараат прозорите за да се разболуваат од причина што биле по многу деца во група, и неможеле да постигнат учителкиве..Јас навистина се зачудив,не ми се веруваше и не ни сакам да поверувам во ова..




vezilka RR -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (11.11.2013 13:58:38)

И јас не сакам да поверувам во ова. Тоа би било навистина ѕверски и фашистички. Треба некој да е навистина олош за да направи такво нешто. Ама, којзнае, хм..




sandriana RR -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (11.11.2013 14:11:14)

Јас не верувам во муабетот дека намерно им оставаат промаја, од проста причина што се врти години и години наназад, и секогаш го кажуваат повозрасни (баби, дедовци) како тоа се случило на нивни деца или го знаат од ''сигурни извори''. Секогаш истата приказна за различна градинка, затоа не ми е верна. Не ги бранам градинките и условите, но овој муабет е баш "фашистички" - што вели Везилка.
Болестите ги имало и ќе ги има, сепак е тоа колектив, а новите дечиња немаат изграден имунитет на тоа ниво.




miana -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (11.11.2013 14:23:55)

Па знаете овој муабет како се одвиваше -
Абе дали ви се верува,вистина е тоа дека им оставаат отворени прозоир на децава ( во продолжение ги опцу ) со свои очи видов. - така беше муабетов,такада...
И јас не сакам да верувам,ама се е можно веке..Човеков еод аеродром и веројатно за тие градинки и мислеше




rina13 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (11.11.2013 23:30:07)

Јас и ова го имам видено.Надвоρ κочан вρата отвоρена пρозоρ од спρотива отвоρен,деца на сρедина игρаат,воспитачκите на стρана или се шетκаат низ гρадинκа, жалосно ама сепаκ вистинито.Од ич ништо не може децата толκу да се ρазболуваат.




topce -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (12.11.2013 9:59:15)

ај направете тест бидејќи гледам на сите ви смета прозорот кој го отвараат.
во една просторија ставете 30 колеги и не мора да се движат туку само нека седат.
и не им давајте да отворат 8 часа прозор.па ќе умрат од немање на воздух.
Да им се отвора прозор за да влезе свеж воздух, а на промаја сигурно не ги оставаат
намерно туку кога родител ќе отвори врата за да си го види детето се прави промајата.
затоа на врата има домафони.истиов муабет го вртите и за климите во лето.
ако мислите дека децата не ги гледаат и намерно ги оставаат на промаја нека ви текне
дека и вработените се во иста просторија и ако има промаја и они ќе се испоразболат.




rina13 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (12.11.2013 11:12:29)

Она што јас го κажувам е нешто што сум го видела со свои очи.Од сите можни пρозоρи отвоρен тој од спρотива на вρатата, а затвоρена вρата κаκо поим не постоеше.Деца од 2 год сами во тоалет, не избρишани само им ги ставаат маичκите во панталони.И деκа се 30 тоа ρетκо се случува стандаρд е 10 а дρугите се леκуваат.Апсолутно не може ниκој да ме ρазубеди деκа не е таκа, не е чисто баκтеρии на пρетеκ а изговоρот е што саκате бе за 1500денаρи.Со таκов став далеκу не се стига.Ρодителите моρаат да ρаботат па си велат добρо е баρем имаме κој да ги згρижи па ќути и тρај да не ти го фатат детето на пиκ.
Им тρеба сеρозна ρеоρганизација, нови κадρи,висоκи хигиенсκи стандаρди,пρавилници и одговоρност.Апсолутно не може 20% од децата да им се заρазат со баκтеρија или неκоја пρеносна болест а тие немо да се огρадат нагласувајќи им на ρодителите деκа детето им е болниκаво.




Felly RR -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (12.11.2013 13:46:05)

Еве јас ќе пишам за нашата градинка конкретно, зошто тука сум видела како е. Наспроти вратата од занималната нема прозорци. А две занимлани имаат заедничко ходниче, така што и да е отворена вратата нема промаја. Често гледам дека еден прозорец е подотворен, ама тоа сметам дека е во ред, за да влегува барем малку свеж воздух. Кога и да влезам во занималната, внатре е топло. Она што од друга страна можам да го пишам како забелешка, е дека некогаш (не секогаш) ги изнесуваат надвор на ветер, кога е поладно, и тоа само по блузиче, како што седеле внатре. Исто и за мочкањето имам пишано дека сами одат во тоалет, и не им даваат ни хартија, за барем сами да се избришат. Советот што им го дале на децата е - дома редовно да ви менуваат гаќички, зошто овде не ве бриши никој кога се мочкате. [sm=smiley24.gif] А да им текнеше да им стават една ролна тоалетна хартија (која патем сами си ја носиме од дома) на дофат кога одат во тоалет.




Felly RR -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (23.11.2013 13:23:28)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sim4es

namesto da ozdraveme nie ja doteravme do bolnica so povrakanje,prolivce,temperatura so infuzii katastrofa bevme sega sme podobri so sirupce a koga ke se nosime vo gradinka ne znam,najverojatno dr nedela a nemame mn vreme od 2 sum na rabota...samo so Gospod napred se da bide kako shto treba





Bethany -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (20.3.2014 12:57:00)

Еве ме на темава... Не дека е страшно нешто ама ми е нешто ново.
Имаме нов педијатар што го избрав за син ми (по препорака).
Претходниот не ми се допаѓаше, немав доверба, па го префрливме кај наш општ матичен, ама увидовме дека педијатар сепак е педијатар, па се префрливме пред некој ден кај една стара докторка педијатар која е ептен детална.
Ј откога тргна во градинка почна да му се затнува носето и еве сега после 3 недели се уште е затнат, преполн со секрет. Слабо спие, на сила јаде, храна му се гади, секретот го тера на повраќање.
Е сега крвна слика е одлична, покажуваше вироза, чекаме резултати од брис од носето, а за тоа време одиме само на инхалација и плус една радикална метода како јас ја викам, а тоа изгледа вака: сестра и докторка го навалуваат напред , со главата скроз до земјата, го тапкат под плеќите, додека почне да кашле, потоа го исправуваат, му ставаат шпатула во грло и провоцираат повраќањето за да го исфрли тој секретот. И навистина секогаш поврати топки од секретот, тие насобрани веќе некаде долу во дишните патишта (не знам ни јас каде )[sm=zmeden.gif]
Денес имав еден разговор со докторкава и таа ми објасни дека на тој начин МОРА да се исчисти инаку може да стане хронично.
Тоа е нејзин начин на работа, инхалации и чистење, ако некој брис покаже само тогаш антибиотик. Ј е се уште со црвено грло, крајници атрофирани, ама она се уште не смета дека треба нешто. Нема температура, весел си е преку ден, ама јас веќе немам трпение и сила. Таа денес ми кажува дека тоа е мојот избор и јас и верувам на неа, ама секој ден овакво чистење хмм, баш е другачији пристап од она на што навикнав.
И ја прашувам до кога овака , таа вика можеби недела, две, два месеци, додека целосно не се исчисти бидејќи е полн со секрет, ако сакаме да видиме резултати, а не после на секое настинување затнат нос кое понатаму поминува во хронична состојба.
Ми вика така и прават на децата во детска клиника и во Козле, само што родителите не се присутни, јас прв пат кога видов ми беше многу жал, сега веќе си велам ајде и и верувам за неговото добро е, па и не ми е толку страшно. Таа ме подучува мене да и јас така треба да правам дома, ама нема шанси веднаш и кажав. И така, сешто се изнапишав, и чекам да видам некој напредок, мада сум веќе со сила и трпение пред крај.
Ај баш ќе видам кога ќе го видиме крајот. А докторкава вели дека при овакво детално чистење не се виделе некои пацијенти со години.
Јас за тоа се држам само. [sm=smiley13.gif]





Палешка РР -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (20.3.2014 21:36:00)

Жал ми е што поминувате низ тоа. [sm=zmeden.gif]
Градинката носи многу болестии затоа ја избегнувам и јас, но децата кои не одат во градинка ќе се соочат со болестите во училиште кога ќе тргнат...А и дома па не се којзнае колку здрави...така се гради имунитетот, но која душа да издржи [sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (20.3.2014 23:34:48)

Бетани баш супеρ е тој метод и пρијатели наши во Сκ κога го носеа детето му поκажале слични таκви методи за исфρлање на сеκρетот и тие ми ги поκажуваа мене и стваρно κај Ј имаше ефеκт а аκо ја однесев сигуρно антибиотиκ ќе и дадеа. Затоа не се неρвиρај чим го повρаќа за бρзо ќе го исфρли




Mihaela 2010 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (21.3.2014 8:32:10)

Toa e drenaza,nie koga zaglavivme vo Kozle,znaci prvo trganje vo gradinka i posle mesec dena -7 dena vo kozle,ja tapkaa po grbot pa potoa so stapce i butaa vo usta da povrati,uzasno mi bese,baska nie bevme pod infuzija celo vreme,so inhalacii i drenazi...koga ne pustija doma istoto ni go rekoa da go pravime,so tapkanje ama idi nateraj dete da ti legne,baska bese tolku mnogu istraumatizirana sto ni jas nemav sili toa da i go pravam...ama vo sekoj slucaj kaj povekjeto deca mnogu pomaga,znam taa sestrata sto doagase ,posto moevo moravme dve da go drzime za da dozvoli,vikase deka nekoi deca pri tapkanje i zaspivale[sm=smiley1.gif]..




Tanjat7880 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (21.3.2014 9:16:30)

Rdenazata e mnogu korisna I efektna,navistina se se cisti so nea,no toj secret od nekade se stvara,treba da se najde zarishteto,istoto da se tretira a shlajmot da se vadi so tapkanje,jas prvo davav mlako cajce cela casha I potoa doagjashe fizioterapevt go tapkashe I navistina se izleguvashe.
No treba da se ispita komletno od kade toj secret?!




Bethany -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (21.3.2014 19:47:16)

Фала ви девојки за споделеното. Еве научив- се викало дренажа, а јас ја викав доктор Менгеле [sm=smiley36.gif]
И денес стандард бевме на инхалација и дренажа, плус и резултатот од брисот беше готов, добар е , не покажуваше патогени бактерии. Ќе продолжиме и понатаму додека не го исфрли секретот, плус и со сируп Муколизин ќе почнеме за полесно исфрлување на секретот (тоа јас барав алтернатива бидејќи ми беше мака да го гледам овакво чистење) па сега преку викенд ќе пие сируп, па од понеделник ќе продолжиме.
Во градинка не го праќам додека скроз не се исчисти. Мм е дури спремен да веќе не оди во градинка, ама мене ми е мака дека ептен лесно се адаптирал без воопшто плачки и многу сака да оди, ама неспиењето и маката периодов не измори сите. Ама ќе оди во градинка, па ќе видиме понатаму.
Сега за сега останува дека е поради вирусот, бидејќи испитаните резултати така кажуваат, ама и понатаму ќе провериме пак брисот, и понатаму ќе направиме и алерго-тестот.




bucko mal -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (10.5.2014 12:11:03)

M otkoka pocna vo gradinka poveke e bolen otkolku zdrav.Fala bogu pominuvame lesno,so kaslanje,zatnato nose.
Ednash imashe infekcija na usinjata i togas prv pat proba antibiotik.Sekako taka ne beshe koga sedese doma.
Sega sme na pragot na zimata i ocekuvam poveke bolesti,samo so lesno neka e i prvite simtomi stom gi zabelezm odma na lekar
.Ne cekam kako porano.




Bethany -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (10.6.2014 11:27:33)

Значи Ј во последни месец дена да ли бил неколку дена здрав...
Последното беше: ангина - 10 дена на антибиотик терапија, последен ден од терапија сиот се осипа - фати рубеола. Па беше демек здрав неколку дена, па еве последново пак висока температура, пак некој вирус, пак црвено грло и пак одиме на инхалирање со антибиотик [sm=hudicek1.gif] Сето ова за ете неполн месец.
Јас мислам дека тоа е премногу за еден недозреан организам [sm=smiley13.gif]
Крвта му е добра, покажува едно здраво дете, ама едноставно мора на време да направиме пауза.
И ќе одмараме од градинка летово, па ќе видиме понатаму.

Дури и матичната ни кажа да ако немаме потреба да не го праќаме во градинка. Таа им лично предлагала на раководството во градинка да си одделат една просторија каде ќе ги одвојуваат здравите од болните деца (бидејќи факт е дека родителите кои немаат каде да ги остават децата ги праќат болни во градинка), ама се уште ништо не се превзема. На времето, пред 20 години, матичната одеше во градинка и редовно ги прегледуваше децата, сега нема никаква грижа по тоа прашање.

И да, мислам дека со него и јас сум се време болна, тој болен и јас болна [sm=zmeden.gif]




Snowhite RR -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (11.6.2014 23:23:00)

Ох Бетани, баш ми е жал што поминувате низ таков период, па ете направете пауза, зашто најверојатно му е опаднат имунитетот и сега е нежен и затоа толку брзо и толку на брзо се разболува. Нека се закрепне па понатаму повторно ќе пробате
Побрзо оздравување и гушки до Јаковче[sm=smiley31.gif][sm=smiley31.gif][sm=smiley1.gif][sm=smiley31.gif]




miana -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (15.9.2014 11:13:01)

Еве ме мене на темата.. На само 5 дена одење во градинка, моето дете крена температура, фати некој вирус и изгоре од температура.. Правевме анализи во петокот вечерта, крвна слика добра, леукоцити мирни а дете гори!!! Како поминувате вие?




Mihaela 2010 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (15.9.2014 11:58:41)

Nie tri dena vo gradinka i pocna da kiva, da i tece nose i navecer davse zatnuva.komsikava isto so nejzinoto i vikam aman.i stavav operil p, c vitamin sirupce za imynitet se oprai malku denes.se e od promaja im otvaraat prozori dur spijat i po kratki.M sama mi kaza deka i studelo ama vospitackata rekla deka e zasko.Denes mm i se pustil na ucitelkata a taa so odgovor demek neee ne otvarame prozori...e nee bebe moeto dete se si kazuva




Felly RR -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (15.9.2014 13:24:16)

Ние пак закачивме инфекција на очињата. А си мислев дека барем од тие инфекции се откачивме, ама ете [sm=smiley13.gif]




Bethany -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (15.11.2014 19:24:07)

Јас имам една недоумица...

Ј имаше инфекција на грлото пред некое време и како престана да оди во градинка веќе не го ни пратив.
Имено, страв ми е да не ми донесе некој вирус, бактерија и кој-знае-што од градинка посебно сега додека сум во првото тромесечје.
Лани имаше фатено рубеола во градинката, таа е многу опасна за трудници, ајде тоа го прележа, ама земајќи предвид дека нема прележано ниту сипаници, ниту мали, ниту големи, а ни јас не сум сигурна дали ги имам прележано, па ме страв од такви некои зарази сега кога сум бремена.

Значи, тој не мора да оди во градинка, ама сака. Што да правам? Дали да не оди пак преку зимата, па таму од пролет да оди, или да го пуштам знам дека за месец дена пак ќе биде болен итн... Да не сака да оди немаше што да се мислам, ама овака бидејќи сака, на два ума сум [sm=zmeden.gif]




Mihaela 2010 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (15.11.2014 19:59:15)

Ja bi ti sovetuvala da go pustis da si odi vo gradinka cim si saka dete.ako taka razmisluvas utre pa koga ke se rodi bebe ke vikas sto ako mi donese nekoja bakterijz ke prenese i na bebe.epten ako mnogu zaladi pa osetis deka ke se razboluva nek si sedi doma no jas bi prakjala dete.




Anuska14 -> RE: Болести кои ни ги носи градинката (21.11.2014 10:49:35)

Во нашата градинка е хаотично се носат дечиња кои константно кашлаат и се мрсулават и колку и да реагирам јас сум само поединец а мајките на таквите дечиња се убедени дека нивните деца не се болни туку само алергични/настинати и сл.
Учителките не знам дали воопшто нешто превземаат на таа тема-да не примаат дечиња без негативни резултати од брис, лекаркса потврда и сл
После 2-3 недели во градинка обавезно дома почнува да кашла, да се мрсулави и се гњавиме со хомеопатија а некогаш завршуваме со антибиотик.




Страница: <<   < Претходна страница  22 23 24 25 [26]