Драги корисници на Рингераја.мк, Рингераја.ба, Рингераја.рс, Рингераја.хр, Рингараја.нет, Miobambino.it. Рингераја.мк е исправена пред, најверојатно најголемата потреба за поддршка, од било кога досега! Нашите залагања за помош на Јања Батич, не вродија со плод и покрај сите напори и желби за позитивен исход во случајот “Посвојување на две ромски близначиња од Македонија”
Бидејќи нашите мајки, а веруваме и сите мајки од Балканот, неможат да стојат со скрстени раце и немоќно да чекаат, Тимот на Рингераја.мк ја покренува
АКЦИЈАТА ЗА СОБИРАЊЕ ПОТПИСИ за поддршка на Јања Батич и двете близначиња кои ја чекаат својата мајка. За да добие на сериозност сета акција, потребни ни се вашето
Име и Презиме, ЕМБГ(матичен број) и државата од која потекнувате. Рингераја.мк се обврзува дека податоците кои ќе ги испратите ќе бидат искористени
САМО за оваа акција и
НЕМА да бидат користени во други цели!
Оваа петиција, овој апел е само еден показател кој зборува дека сме свесни граѓани на оваа држава и дека имаме достоинство! Заради тоа Ве повикуваме да помогнете при овој обид за решавање на случајот, со што на децата ќе им се обезбеди пристојно живеалиште и родителска љубов.
Писмо со петицијата ќе испратиме до органите надлежни за посвојување и до Министерството за труд и социјална политика.
Ве молиме вашите податоци да ги испратите на filantropija@danu.biz со наслов -За поддршка на акцијата Минута од вашето време за вечна љубов меѓу двете близначиња и мама Јања- Поддршката за Јања во темата
Агнес ги очекува близнаците, продолжува и понатаму со впишување на никовите, оваа акција е за сите членови кои сакаат да помогнат на поинаков начин.
Знаејќи дека ќе одговорите на овој наш повик однапред
Ви благодариме!
Тимот на РР