|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Посно
15.12.2010 12:27:50   
Snowhite RR
Еве во оваа тема да пишуваме посни рецепти, било да се работи за главни јадења или за благо или солени торти и салати

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Посно
15.12.2010 12:49:22   
Anushka
Едноставна посна салатка:

2 парчиња праз се сечкаат на тркалца. Ве поттураат во длабок стаклен сад и се додаваат два грста сечкани ореви, три големи лажици маслиново масло, салца (по желба дали сакате погусто или поретко), сол по вкус.
Одозгора се редат црни маслинки.

(инаку, се` си мисламuser posted image дека некаде имавме ваква тема...)

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Посно
15.12.2010 14:38:45   
Twins
 Posna torta

testo:
250 gr brasno
250 gr meleni orevi
250 gr seker
1 lazicka soda bikarbona
3 vanili
Se zamesuva so 1 sise pivo i se peci vo pleh.Otkako se ispeci se seci na tri lenti pa se filova.

Fil:
250 gr seker
250 gr voda
da zovrie i da vrie okolu 2-3 minutki
Uste toplo se dodavaat :
250 gr smokvi meleni
se miksira pa se dodava :
1 casa seckani orevi
100 gr suvo grozje
100r seckani zele bomboni
Se mesa se zaedo i se filova tortata
Najgore se dekorira po zelba a  moze so orevi meleni ili tolceni ili seckani zele bomboni.

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Посно
15.12.2010 16:16:55   
mami2
Посни брзи колачи

Желе штангли
250 гр шеќер и 6 лажици вода да зоврие. Се трга. Се додава 200 гр мелени ореви, 200гр ситно сецкани желе бонбони и 200гр рендано чоколадо. Се соединува.Се тенчи, се остава да стегне и се сече на штангли

Лешник бомбици
200 гр чоколадо се топи на пареа, се додава 160 гр потпечени мелени лешници, 100гр шеќер и 3 лажици вода. Се трга, се лади малку. Се формираат бомбици, во секоја се става вишна од компот претходно потопена во рум. Јас ставив замрзнати вишни, сварени со шеќер и рум, може и од слатко. Се обликува и се валка во мелени лешници.

Кокос ролат
300 гр локум, 200 гр кокос, 150 гр шеќер во прав и сок од еден лимон се меси убаво. Се формира кора на стреч фолија, се редат 4 крем банани на крајот и се мота ролат. Може да се прават бомбици и да се валкаат во кокос.

Учителски копчиња
200 гр мелени ореви, 200гр прав шеќер, 1 лажица какао и сок од портокал или мандарина се меси. Се формираат топчиња, малку се сплескуваат и се прави вдлабнување на средина. Дупчињата се полнат со малку прав шеќер разматен со вода, капка лимон и капка зејтин. Јас ги полнев со медицински шприц

(Одговор на членот Twins)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Посно
30.12.2010 1:07:41   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: caci20

Aко постите или сте на диета, еве еден совршен рецепт за вас. Колачево се прави за 5 минути, а во него нема ни јајца, ни чоколадо, ни путер ни зејтин.
п.с. најдете чаша од 250 мл., и користете ја за да ги мерите состојките од рецептот.
за тестото
1 1/2 чаша брашно
1 чаша шеќер (јас употребив кафеав шеќер)
пола шеќер какао
2 мали лажичиња цимет
1/4 мало лажиче сол
1 мало лажиче сода бикарбона
1 лажица балсамик оцет
1 ванилин шеќер
1 и пол чаша ладна вода
за филот
2/3 чаша какао
2/3 чаша шеќер во прав
пола чаша ладна вода (почнете со помалку вода и додајте ја целата количина од пола чаша ако е потребно)
Измешајте ги сите суви состојки во голема посуда, додајте го оцетот и водата и измешајте го тестото со обична лажица, ама не го мешајте премногу. Во ред е ако има неколку неизмешани грутки.
Печете го колачот во загрена рерна на 180 Ц степени. Јас моето тавче го подмачкав со масло, но ако постите покријте го тавчето со хартија за печење, и печете го околу 40 - 45 минути.
Во меѓувреме, измешајте ги состојките за филот. Кога колачето ќе биде сосема оладено, намачкајте го со еден слој фил




ИЗВОРНА ПОРАКА: April

МАКЕДОНСКА АЛВА

30 лажици интегрално пченично брашно,
4 лажици какао,
250 грама мелени ореви,
100 грама суво грозје,
900 грама интегрален шеќер,
100 мл ладно цедено масло,
ванилин шеќер.

Брашното, какаото, оревите и сувото грозје се мешаат да се направи хомогена смеса.

Во друг сад се топи, како карамела, 250 грама од шеќерот и се додаваат (на карамелата) 250 мл вода и ладно цеденото масло. На ова му се додаваат уште 650 грама интегрален шеќер и две ќесички ванилин шеќер.

Потоа двете смеси се мешаат убаво за да се изедначат во една хомогена смеса, се ставаат во тавче и се ладат во фрижидер.

БАЈАДЕРИ

700 грама интегрален шеќер,
300 грама мелени интегрални бисквити,
300 грама мелени ореви,
200 грама посна чоколада,
ванилин шеќер.

Интегралниот шеќер се вари со 150 мл вода. Настрана се мешаат оревите и бисквитите заедно со една ќесичка ванилин шеќер. Ова се меша со претходно подготвениот шербет (на кој може, но и не мора да се додаде 1/3 маргарин). Кога ќе се измеша добро во хомогено тесто, тестото се дели на два дела. Во едниот дел се става 100 грама посна растопена чоколада. Потоа едниот дел од тестото се става во тавче, а врз него и другиот дел. Озгора се прелева со 100 грама посна растопена чоколада.

МАКЕДОНСКА БАКЛАВА

700 грама кори за баклава,
400 грама толчени ореви,
100 грама рендана посна чоколада,
250 грама мелени посни бисквити,
800 грама кафеав шеќер (ситен),
сок од еден лимон,
кокос.

Оревите, ренданата посна чоколада и бисквитите се мешаат. Во тавче за печење, кое е сосема малку подмачкано со масло, се редат корите и секоја втора кора се посипува со смесата. Кога ќе се довршат и корите и смесата, баклавата се сече на коцки или на ромбови. Се пече во рерна на тивок оган (180 степени), околу еден час.

Шербет: 800 грама кафеав ситен шеќер се вари со 1 литар вода. Кога е готов шербетот, му се додава сок од еден исцеден лимон и со топол шербет се попарува ладна баклавата. Озгора се посипува со кокос.




ИЗВОРНА ПОРАКА: BILJANA_G

Uste e period za postenje pa na onie sto postat mozam da im preporacam edna recepta za blagicko-star recept ,jas koga postev si pravev mnogu mi e ubavo.
Se meri so fildzan za mleko od site namirnici:
1 casa voda
1 casa madzun ili slatko
1 casa zejtin
1 casa seker
3 casi brasno
1 paketce malo soda bikarbona.
Site se mesaat so lazica ubavo i se stava vo tava premackana so zejtin.Se peci na tivko 50-100 stepeni.







ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

Посна карамел-торта(нешто брзо и вкусно од свеки)
Потребни состојки:500-600 грама посни бисквити ,2-3 супени лажици мармалад од кајсија,lпосно чоколадо 100 грама (за глазура)

Крем:
400 грама шеќер 5-6 супени лажици посно млеко во прав 1 л вода 3 пудинзи од ванила 200 грама маргарин „кристал" 1 ванила шеќер , 2-3 супени лажици нес-кафе во 1 Чаша млака вода.
како се прави..
Прво се прави кремот. На страна се подготвува 1 л врела вода со разматено посно(има во виталиа посно млеко во прав) млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се трга на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пена, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па се продолжува. За да се стопат сите грутки од шеќерот, млекото со карамелот треба да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се трга од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода).
 Потоа повторно се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во добро  изладениот крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванилин шеќер.Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се загрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна изедначена смеса. Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити прво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура. Пред да ја сечете ,треба да отстои во фрижидер барем една ноќ.





_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Посно
30.12.2010 1:13:57   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: arh_diz

Eve edna posna salata.
kompir se vari
cveklo se vari
morkov se vari
kiseli krastavicku
grasok
Seto ova se sece na kocki i se mesa se dodava sol, maslinovo maslo i praziluk po zelba




ИЗВОРНА ПОРАКА: danced

салата од компир и туна

4 варени компири сецкани
5 кисели краставички сецкани
185 гр. туна од конзерва
соли црн пипер
бело вино малку
магдонос




_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Посно
30.12.2010 1:25:45   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

posna torta so banana

Sastojci za 10 porcija
500 g keksa Avala (postan keks na kilo sličan pti beru)
3 banane
125 g margarina Rama
2 pudinga od vanile
100 g suvog grožđa
100 g žele bombona
100 g seckanih oraha
100 g mlevenih oraha
200 g listića badema
malo džema od kajsije200 g secer
Priprema
Skuvati puding na vodi.
Kad se prohladi dodati margarin, umutiti i onda dodati mleveni keks, banane seckane na kolutove, orahe i seckane i mlevene, secer, suvo grožđe i sitno seckane žele bombone. Oblikovati tortu po želji, premazati je džemom u tankom sloju i zalepiti puno propečenih listića badema.




ИЗВОРНА ПОРАКА: delfinka

eve vi od mene edna prkrasna recepta ne e torta tuku kolac medeno srce i e posen
mnogu e vkusen duri e poubavo od kupeno medeno srce
2solji seker
3solji brasno
1paketce cimet
3lazici soda bikarbona
4lazici marmalad
2solji voda
seto ova se mati so mikser pa pola testo se stava da se pece
posle 5min se vadi nadvor se premackuva celo so marmalad i ododzgora mu se dodava ostanatoto pola testo i taka se pece celo
vo meguvreme se pravi glazura od 15 laz,seker
20laz.voda
2laz.kakao
1 vanilen seker
1/3margarin kristal
posle glazurata se istura vrz toplo testo
vi posakuvam prijaten apetit i vi garantiram deka nema da zgresite ako go probate ova slatkickoooo...



_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Посно
28.5.2011 10:46:50   
Maca25
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska###

еве рецепт,
две тиквички со средна големина ги лупиш и  ги сечкаш на тркалца
сојата сега незнам колку грама отприлика си ставам се вари во вода откако ќе зоврие првата вода се фрла па уште еднаш да зоврие,
се редат во тепсија ред тиквички ред од сојата , може и малку сосема ориз , некое тркалце морковче , вегета, сол и други зачини по желба, се завршува со ред тиквички и се пече во загреана рерна, кога ќе порумени и веќе е при крај му се ренда кашкавал одозгора и се става пак да се растопи кашкавалот,

мене многууу ми се бендиса , пробајте



_____________________________

To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Посно
13.12.2011 19:41:36   
Snowhite RR
Ај кажете ми рецепт за посно благо, ќе му пееме 20 дена на свекор ми в четврток, па утре од сабајле сакам нешто да направам за раздавање,?

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Maca25)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Посно
13.12.2011 21:54:36   
nadica
еве   и овде посна баклава

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Посно
10.8.2012 15:34:36   
nadica
jas postam sekoj petok pa ajde pomagajte so vkusni posni recepti koi mene mi teknuvaat drugite denovi ama petok ne user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Посно
8.2.2013 11:17:40   
Snowhite RR
Еве еден посен рецепт комбинација нешто од нет рецепти, нешто од фрижидер од кај менеuser posted image

Рижото со зеленчук и сурими ракчина
Потребни состојки:
Кромид
лук
Ориз
Микс од зеленчук (оној замрзнат што го има во маркети)
Сурими ракчина или стапчина
Коцка супа, пилешка
Сол, црн пипер и други зачини по желба

Најпрво се пропржува кромидот со лукчето 5 мин додека да омекне, потоа се става оризот и зеленчукот и тоа малку се пржи. Настрана се вари коцката супа. Во тавата се додаваат зачините по желба, јас бидејќи имам разни зачини дома, ставам од се што ќе ми текне. После тоа се тура од супата и се додаваат и ракчината. Сето треба да се вари се додека не испари течноста, односно оризот не се свари. При тоа треба цело време да се меша, во спротивно оризот ќе ви се залепи на дното.
Јас го правев со сурими стапчина и месото од мешањето се искина, не знам дали со ракчина ќе останат цели


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Посно
8.2.2013 15:02:52   
Bilence2

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Еве еден посен рецепт комбинација нешто од нет рецепти, нешто од фрижидер од кај менеuser posted image

Рижото со зеленчук и сурими ракчина
Потребни состојки:
Кромид
лук
Ориз
Микс од зеленчук (оној замрзнат што го има во маркети)
Сурими ракчина или стапчина
Коцка супа, пилешка
Сол, црн пипер и други зачини по желба

Најпрво се пропржува кромидот со лукчето 5 мин додека да омекне, потоа се става оризот и зеленчукот и тоа малку се пржи. Настрана се вари коцката супа. Во тавата се додаваат зачините по желба, јас бидејќи имам разни зачини дома, ставам од се што ќе ми текне. После тоа се тура од супата и се додаваат и ракчината. Сето треба да се вари се додека не испари течноста, односно оризот не се свари. При тоа треба цело време да се меша, во спротивно оризот ќе ви се залепи на дното.
Јас го правев со сурими стапчина и месото од мешањето се искина, не знам дали со ракчина ќе останат цели


ubav recept, no da ne go mesas non stop, stavi go vo tavce vo rerna da se dinsta. Ako.mesas non stop i orizot ke se napravi kasa.

_____________________________

A baby makes love stronger, the days shorter, the nights longer, savings smaller and a home happier.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Посно
14.3.2013 11:43:52   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite

Еве еден посен рецепт комбинација нешто од нет рецепти, нешто од фрижидер од кај менеuser posted image

Рижото со зеленчук и сурими ракчина
Потребни состојки:
Кромид
лук
Ориз
Микс од зеленчук (оној замрзнат што го има во маркети)
Сурими ракчина или стапчина
Коцка супа, пилешка
Сол, црн пипер и други зачини по желба

Најпрво се пропржува кромидот со лукчето 5 мин додека да омекне, потоа се става оризот и зеленчукот и тоа малку се пржи. Настрана се вари коцката супа. Во тавата се додаваат зачините по желба, јас бидејќи имам разни зачини дома, ставам од се што ќе ми текне. После тоа се тура од супата и се додаваат и ракчината. Сето треба да се вари се додека не испари течноста, односно оризот не се свари. При тоа треба цело време да се меша, во спротивно оризот ќе ви се залепи на дното.
Јас го правев со сурими стапчина и месото од мешањето се искина, не знам дали со ракчина ќе останат цели


Кога го прочитав повторно рецептов видов дека не е посен, заради коцката супаuser posted image Па така може наместо со коцка да се вари со обична вода и тогаш е посенuser posted image


_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Посно
3.3.2014 17:25:53   
SkCura77
Aj малку да ја активираме темава, јас овие денови и диета држам и ќе се обидам да постам првата и последната недела.
Освен зеленчук, овошје и риба, имаме ли по дома нешто друго што е посно, а вкусно?
И ако може некој рецепт за посни супи и чорби, обожавам тоа!
Некој ми кажа дека и палента и гриз сварени во вода со малку зејтин и сол е посно, ама тарана не, зошто содржи јајце...

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Посно
3.3.2014 23:59:31   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: SkCura77

Aj малку да ја активираме темава, јас овие денови и диета држам и ќе се обидам да постам првата и последната недела.
Освен зеленчук, овошје и риба, имаме ли по дома нешто друго што е посно, а вкусно?
И ако може некој рецепт за посни супи и чорби, обожавам тоа!
Некој ми кажа дека и палента и гриз сварени во вода со малку зејтин и сол е посно, ама тарана не, зошто содржи јајце...




И јас ги постам овие пости од почеток до крајuser posted image Ова е мојата омилена посна крем супа од печурки,сама си ја измисливuser posted image user posted image
5-6 свежи печурки ситно исечкани,се запржуваат во тенџере со 1-2 чешниња лук,потоа се додаваат зачини,сол,целер, се пропржува уште некојаминутка,и му се додава 2-3лажици брашно.Убаво се испржува и брашното со печурките и зачините,и на крај се тура вода постепено и се меша ,за грутчињата брашно да се разбијат.Се вари 30тина минути,и спремна е .Јас на крај додавам свеж магдонос,може и во текот на варењето да исечкаш ситно уште 1-2 чешниња лук доколку сакаш да го појачаш вкусот на лук.Јас го обожавам,мноогу лук јадам завреме на поститеuser posted image
Палента и гриз ,точно и тие се посни,но не ги обожавам многу.Јас најмногу ги јадам посните макарони,сварени и настрана си правам сос од домати(или домати во шише од зимница,или свежи ги пропржувам со лук и оригано)супер сос ем посен ем вкусен.
Ајде другите пишете некое рецептче,слабо стојам со благите посни работи,дајте нешто благо а да не е локумuser posted image user posted image user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот SkCura77)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Посно
4.3.2014 0:13:39   
mommy_angels RR
Еве од мене посен рецепт за благо ,а многу бргу се прави
300 гр мелени посни бисквити
300 гр кокосово брашно
250 гр маргарин
400 мл вода
200 гр чоколадо за готвење
2 лаж зејтин
Шеќерот и водата да зовријат,се става маргаринот да се растопи и се трга на страна.Се додава кокосот и бисквитите и се меша со лажица.Плехот се подмачкува со зејтин и во него се расплескува пола од смесата.Потоа се сипува пола од глазурата од чоколадото и зејтинот,па се расплескува другиот дел од смесата,а врз него другата половина од глазурата.И толку user posted image брзо,лесно и вкусно

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Посно
4.3.2014 9:15:08   
vezilka RR
Еве една моја рецепта, хехе измислена.
Посни бомбици

2 банани
2-3 лажици шеќер
300 гр. мелени посни бисквити
100 гр сушено овоштие по желба (грозје, брусница, сливи, манго..били што)
100 гр чоколадо за готвење

Бананите се пасираат и се мешаат со шеќерот, бисквитите и сувото овошје. Се формираат топчиња и се валкаат во изренданото чоколадо.

Од ова може да си направите и варијации во состојките, да додадете кокосово брашно, мелени ореви, бадеми или друго јаткасто овошје. И обично не правам голема количина, да не стои бананата долго.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Посно
4.3.2014 9:21:45   
LoveableMe RR
Посни рецепти без масло (на вода)

ЌОФТИЊА ОД ЛЕЌА

леќа, хељда, морков во ист сооднос (на пр. по ½ шолја од сите)
средината од 2-3 парчиња стар леб
по желба праз/кромид/лук/магдонос
сол, бибер, кари, вегета

Леќата се вари околу 30 мин. (да биде цврсто зрното) и се цеди. Хељдата се мие, се вари во малку вода (колку да ја покрие), првата вода се фрла; во втората вода се додава сол; кога ќе ја впие целата вода тогаш е сварена. Морковот се бари на пареа или се вари (ако се употребува праз истата постапка како за морковот). Зеленчукот се сечка на ситно, се меша со леќата и хељдата (ако нема хељда, може ориз или просо), се додава сув леб и се зачинува по вкус. Смесата се меша убаво, се остава да отстои за да го впие вишокот течност, се обликуваат ќофтиња (или ќебапи). Се редат во тавче посипано со брашно (може палента или презла место брашно) и се печат во претходно загреана рерна до 200°С околу 40 минути до 1 час.


ПАШТЕТА ОД ОРЕВИ

4-5 компири
250 гр. мелени ореви
1-2 лажици доматно пире
1-2 лажици сенф
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, ситно сечкан млад лук и кромид по вкус

Компирите се лупат, се варат (како за пире); кога ќе се свари водата се одделува (не се фрла, по потреба се додава во пирето). Компирот се пасира, се додаваат оревите и другите состојки. Се меша со миксер и се дотерува по вкус со зачините.


ХУМУС

200-250 гр. печена леблебија се меле во мелница за кафе. Се додава сенф, сол, сок од ½ лимон, млака вода колку да се добие густина на паштета. На крајот се додава толчено лукче по вкус.


КРЕМ-СУПА

основа за крем-супа:
4-5 компири
2 лажици таан
Сок од ½ лимон
Сол, бибер, копар/магдонос

Излупените компири се варат во толку вода колку да се покријат компирите. Кога ќе се сварат се вадат од водата и се ладат. Изладени се ставаат во блендер со 1 чаша ладна вода, таан и лимон. Се блендира и се истура во водата во која бил варен компирот. Се додава толку вода колку да се добие густина на крем-супа. Се остава да зоврие и се зачинува со сол, бибер и копар или магдонос.

Ова е основен рецепт за крем-супи на вода. Може да се употребуваат многу комбинации: компир + морков, компир + печурки, компир + грашок, компир + спанаќ, компир + праз, компир + брокула и сл.

БИСТРА СУПА ОД ЗЕЛЕНЧУК

1-2 моркови
½ кг. спанаќ
1/3 пашканат
1/3 корен од целер
1 шака овесни снегулки или пченични никулци
Сол, бибер, вегета

Морковот, пашканатот и целерот се сечкаат на коцки и се варат во малку вода. При крајот од варењето се додава вода по потреба (литар и пол до два), се остава да зоврие, се додава крупно исечен спанаќ и овесните снегулки или никулците и сето тоа се вари 5-6 минути. Вкусот се дотерува со сол, бибер, вегета.

Овој рецепт може да се користи за други комбинации: брокула, компир, карфиол, блитва и сл. Наместо овесни снегулки или никулци може да се употреби фиде без јајца, други посни тестенини или ориз.


САЛАТА ОД ЦВЕКЛО

3-4 варени или печени корени цвекло
1-2 живи моркови

Прелив:
2 лажици таан
1 лажица сенф
Млака превриена вода
Малку сок од лимон
Сол по вкус

Излупените цвекло и морков се рендаат на крупно. Состојките за преливот убаво се мешаат да се добие изедначена маса, се посолува по вкус. Може да се додаде ситно сечкано младо или старо лукче и/или кромитче. Се прелива салатата.

Овој прелив се употребува и за други салати. Во преливот може да се додаде оцет место сок од лимон. За салати со компир може наместо лимон и лажица од доматно пире.

САЛАТА ОД БОРАНИЈА

200-300 гр. варена боранија или брокула
1-2 варени моркови
Плус варен зеленчук по желба:
Грашок од конзерва или варен
Пченка од конзерва или варена
Варено папудо или сл.

Боранијата (брокула) се сечкаат на крупно, се додаваат морковите исечени на коцки или стапчиња + грашок/пченка или папудо околу 100гр. Се зачинува со горе напишаниот прелив.

САЛАТА ОД МАРУЛА СО КОМПИР

4-5 компира
1 средно голема марула

Компирите се варат во лушпа, изладени се лупат и се сечат на тенки тркалца. Марулата убаво се суши во крпа, се сече на ситно, се меша со компирот и се зачинува со преливот.

МАРИНИРАНА БРОКУЛА

1 кг. брокула
5 л. вода + 50 гр. сол + 3 гр. лимонтус

Состојки за маринада:
1 ½ чаша оцет, 2 ½ чаши вода, ½ лажица шеќер, 20 зрнца бибер, 1 ловоров лист и 1 лажица сол.

Брокулата се вари во водата со додатоци (малку, 6-7 мин., затоа што омекнува во маринадата), се цеди, се става во стаклен сад. Состојките за маринада се ставаат во тенџере и се оставаат да зовријат. Додека е уште жешко се прелива преку варената брокула и се остава да се лади без капак. Изладено, може да се стави во фрижидер. Се служи како гарнир со риба, ќофтиња и сл.

На таков начин може да се приготват тиквички, свежа зелка, карфиол и сл.

ДЕСЕРТИ

БЛАГИ МАКАРОНИ

250-300 гр. макарони
2-3 лажици сечкани ореви
4-5 лажици шеќер
1-2 лажици мед
3-4 лажици кокос
1/2 посно чоколадо за готвење

Макароните се варат на вообичаен начин во вода со малку сол. Веднаш по цедењето се додава мед за да не се залепат и се промешува. Потоа се додава шеќер, ореви (сечкани или мелени) и кокос. Сето тоа лесно се меша и врз тоа се става чоколадото стопено со малку вода.

ГРИЗ – ТОРТА

1,3 л. вода
15 супени лажици шеќер
6 супени лажици соино млеко во прав
250 гр. пченичен гриз
може и 50 гр. кокос, по желба

1 л. вода
3 пудинзи од чоколадо
100 гр. чоколадо за готвење
12 супрни лажици шеќер
6 супени лажици соини млеко во прав

1,3 л. вода треба да зоврие со 15 лажици шеќер, се додаваат 6 лажици соино млеко во прав и постепено се додава 250 гр. гриз и се меша на тивок оган околу 5 минути. Додека е уште жешко се става во тавче средна големина.
Во 800 мл. вода се става 6 лажици соино млеко во прав. Додека зоврива водата, на страна се разматуваат 3 пудинзи со 12 лажици шеќер во 200 гр. ладна вода, што потоа се додаваат во зовриената вода. Заедно се вари 2-3 минути. Додека е уште жешко се додава 100 гр. посно чоколадо за готвење. Додека е пудингот уште жежок се става врз уште топол гриз.
Може одозгора да се поспе со кокос или цимет.
Кога ќе се излади, се става во фрижидер. Потоа се сече на коцки и се сервира.



СВЕТОГОРСКИ КОЛАЧ

6 супени лажици џем
10 супени лажици шеќер
1 кесичка цимет
кора од 1 лимон и 1 портокал + сок од 1 портокал
1 супена лажица сода бикарбона + малку прашок за пециво
500 гр. брашно
¼ л. млака вода
1 рака сецкани ореви (може да се додаде суво грозје, урми)

мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за готвење

Џемот и шеќерот се матат со миксер за да се добие уедначена маса, се разредува со вода, се додава цимет, рендана кора од лимон и портокал, сок од портокал, ореви, суво грозје и полека, со мешање, се додава брашното помешано со сода бокарбона и со прашок за пециво. Смесата добро се изедначува со мешање и се става во тефлонска тава. Сместа не смее да биде премногу тврда (треба лесно, со мокра рака да се изедначи површината да биде мазна). Се става во умерено загреана рерна. Се пече околу 25-30 минути. Се проверува дали е печено со чачкалица. Откако рерната ќе се исклучи, колачот се остава внатре уште неколку минути. Уште топол, колачот се премачкува со 3 супени лажици отопен мармалад од кајсија, а врз него се става чоколадна глазура.


ТОРТА СО МЕД

100 гр. шеќер + 1 чаша вода
1 лажица сода бикарбона
2 лажици мед
250 гр. шеќер
500 гр. брашно (300 гр. брашно + 100 гр. кокос + 100 гр. гриз)

Од шеќерот и водата се вари шербет, се додава сода бикарбона, мед, шеќер и брашно. Сето ова добро се меша, се сипува во подмачкан плех или плех посипан со брашно и се пече. Изладената торта се премачкува со глазура од шеќер, карамел или какао прелив.
Пред печењето, во тестото може да се стават смокви, урми, суво грозје, суви сливи.


Бомбички со суво грозје

Потребни состојки: l250 г суви смокви l100 г суви урми l100 г суви сливи l100 г сечкани ореви l300 г шеќер l50 г вода l200 г чоколадо за готвење l2-3 лажици масло

Начин на приготвување:
Сувото овошје се сечка и заедно со сечканите ореви се става во шербет приготвен од 300 грама шеќер и 50 грама вода. Смесата треба да се излади толку за да може да се обликуваат топчиња. 200 грама чоколадо за готвење се растопува со 2-3 лажици масло, на пареа. Со глазурата се преливаат бомбички.

ТУТИ-ФРУТИ

1 чаша интегрално (или некое друго) брашно
1 чаша пченични никулци
1 чаша овесни снегулки
1 чаша сечкани суви урми
1 чаша сечкани суви смокви
1 чаша суво грозје
1 чаша рендан морков
1 чаша кокос
1 чаша сечкани ореви
Рендано јаболко или сок од јаболко (вода од варена пченица, друг овошен сок и сл.) колку да се замеси
Малтекс (слад од јачмен) или друг слад/шеќер по вкус
Ванилин шеќер, цимет
Убаво се измесува, се обликуваат салами и се пече не на јако (до 200 °С) најмалку 40 минути во претходно загреана рерна.

Напомена: состојките се по избор, само да се води сметка замената да биде слична на заменетата состојка (на пр. ако не ставиме никулци, да се додаде снегулки или брашно и сл.). Саламите подобро ќе се испечат ако се со помал обем. Може откако ќе се изладат да се премачкаат со џем и да се стави чоколаден прелив.

--------------------------------------
Десерти со масло


ПИТА СО ЈАБОЛКИ

300 гр. брашно
200 гр. маргарин
100 гр. шеќер
Сок и кора рендана од 1 лимон
Ванилин шеќер

За фил:
Околу 1 кг. јаболка (не повеќе)
4-5 лажици шеќер
½ пакетче цимет или 1 лажичка

Се прави дупка во брашното во која се става шеќерот, сите состојки и на крајот на тенки плочки исечен маргарин (не топен). Се замесува тесто и пожелно е да отстои ½ час до 1 час во фрижидер. Се прават 2 топки од кои се прават 2 кори. Тавчето се мачка со маргарин, се става првата кора, па филот (по желба врз филот се става пченични никулци или малку гриз; јаболките пред да се стават, се цедат). Потоа се става втората кора; се набодува со вилушка на повеќе места и се пече на 200 °С околу 30-35 мин.



ЖАРБО КОЦКИ

350 гр. брашно
2 супени лажици шеќер
сок од 1,5-2 лимона + рендана кора
1 супена лажица јаболков оцет
200 гр. маргарин „Кристал“
1 мала коцка квасец
малку сол
1 прашок за пециво + 1 ванилин шеќер

За фил:
200 гр. мелени ореви
200 гр. шеќер
3-4 супени лажици загреан мармалад од кајсија
150 гр. посно чоколадо за глазура одозгора

Од горенаведените состојки се замесува еластично тесто, се завиткува во проѕирна фолија и се става во фрижидер да отстои половина час. Потоа се дели на три дела се сукаат три тенки кори, една по една. Кога ќе се расука првата кора, се става во подмачкан плех, се премачкува со 1-2 лажици загреан мармалад (целосно да биде премачкано), се посипува со половина смеса мелени ореви и шеќер. Врз тоа се става втората кора и постапката се повторува. Врз третата кора не се става ништо, туку таа се прободува на неколку места со вилушка. Се става во згреана рерна и се пече околу 30 минути на околу 200 °С. Додека е уште топло се прелива со глазура, се остава да се излади и се сече на ромбови.


ПОСНА КАРАМЕЛ ТОРТА

Посни бисквити „Златни пек“ 500-600 грама
3-4 супени лажици слатко или мармалад од портокал
2-3 супени лажици мармалад од кајсија

Посно чоколадо „Краш“ 100 грама (за глазура)

Крем:
400 грама шеќер
5-6 супени лажици посно млеко во прав
1 л. вода
3 пудинга од ванила „Подравка“
200 грама маргарин „Кристал“
1 ванила шеќер
200 грама халта (блага, посна)

2-3 супени лажици нес-кафе во 1 чаша млака вода

Прво се прави кремот: на страна се подготвува 1 л. врела вода со разматено посно млеко. На тивок оган се пржи 400 грама шеќер, со мешање, додека да стане карамел. Потоа веднаш се тргнува на страна и во тоа се додава, мешајќи, подготвеното жешко млеко. При додавањето може да се направи пења, но тоа е нормално. Само за кратко тогаш треба да се прекине со мешањето, па да се продолжи. За да се стопат сите грутки од шеќерот треба млекото со карамелот да се вари на тивок оган 5-10 мин. Кога шеќерот сосема ќе се стопи, тенџерето се тргнува од огнот и во него се додаваат подготвени пудинзи (разматени само со малку вода). Потоа пак се враќа на огнот, се вари неколку минути додека не стане густо. Треба да биде толку густо за кремот да не тече. Во изладен крем се додава маргарин, претходно добро изматен со ванила шеќер. Потоа се додава претходно изматена халта (ако кремот излезе помек, не треба да се додава целата количина халта, туку само лажица-две за вкус, а останатото може да се искористи за украс).

Потоа се прави премаз: мармаладот треба малку да се подгрее на тивок оган, со мешање. Треба да се добие полутечна уедначена смеса. Потоа се меша со слаткото од портокал и заедно се пасира.

Бисквитите, пред да се наредат, се потопуваат еден по еден во нес-кафето разматено во вода. Се редат во три слоја, така што врз секој слој бисквити најпрво се става тенок слој од премазот, па врз премазот кремот. Значи, на крај доаѓа кремот со кој се премачкува тортата и странично. Врз тоа се става глазура.
Тортата треба да отстои една ноќ во фрижидер.

**************
Извор: преминпортал мк


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Посно
11.4.2014 12:04:08   
vanessa30
Eve nesto od mene za Strog post *bez maslo*
EKSTA POSEN HAMBURGER
- Lepce kako za hamburger,
- Salata po izbor *samo bez maslo*- rendan, morkov, marulka, domat, krstavicka, zelka salata,
- I posna pleskavica
Za pleskavicata:
Svezi sampinjoni se mijat, rendaat (na krupno) i se dinstaat da ja pustat vodata. Vaka prigodvenite pecurki se stavaat vo plasti;na zdela i vo nea se dodava - mlado kromidce iseckano na sitno, rendan morkov na sitnoto izrendan, varen kompir rendan na krupno, moze da stavite i malku praz iseckan i izdinstan (bez maslo), zacinuvate po zelba(sol, vageta, biber) i stavete prezla za koga ke izmesate da dobiete cvrsta smesa da se oblikuva, Pravite pleskavicki i gi redite na pleh oblozen so hartija za pecenje i pecite vo zagreana rerna na 200 C. Malku da pocrvenat odozgora.
Gi ostavate vo plehot da se podizladat( bidejki dodeka se topli se meki),i potoa gi vadite so lazica resetka i gi stavate vo lepceto so salatata.
Na zdravje za site koi od ponedelnik se na STROG POST.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Посно
19.3.2015 17:35:47   
lukajana RR
Денес јадев нешто многу вкусно а посно.Беше послужено како салата иако состојките се пржат ама многу е лесно за подготвување.
Се пржи на малку масло морков сецкан на коцки,се додава маринирани шампињони исто сецкани на коцки и маслинки на коцки,овде имаше зелени маслинки со пиперче ама може било какви.Се заедно убаво се пржи и има многу убав киселникав вкус.Може и да се изблендира и да дојде како паста па да се мачка на лебче

_____________________________

Сакам кога ми зборуваат зад грб зашто тогаш знам дека сум еден чекор пред нив

(Одговор на членот vanessa30)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Посно
19.3.2015 22:55:29   
mommy_angels RR
Ова денес сама си го измислив,ама ептен беше слатко
Една главица кромид и два рендани моркови ги пропржив.Во тоа додадов едно паковање сецкани свежи шампињони и зачини-вегета,црн пипер,малку оригано и босилек.Откако убаво ги спржив печурките додадов 1 литар доматен сос и 2-3 чешњина лук и оставив сето ова на тивко да се вари.Откако беше готово,во него ги додадов сварените и исцедени посни макарони. Ептен убаво а и добра количина излегува,таман за 4-ца возрасни да се најадат

(Одговор на членот lukajana RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Посно
20.3.2015 8:39:41   
AneLav RR
Овој рецепт го имам пишувано во десерти, а посен е. Па кој пости може да си го направи.
МЕДЕНИ БАКНЕЖИ
3 филџани брашно
1 филџан шеќер
2 пакетчиња канела (цимет)
1/2 пакетче сода бикарбона
2 лажици мед
5 лажици мармалад (било каков)
3 чаши газиран сок (најубаво со кока кола, пепси)
Се се меша и се става да се пече во подмачкано тавче со средна големина. Откако ќе се испече се мачка одозгора со мармалад и се прелива со глазура од чоколадо.
Мнпогу е убаво лесно и брзо, вкус како медени срца.

_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот mommy_angels RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Посно
22.3.2015 9:37:52   
AneLav RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Ако имате други рецепти за посна боранија, давајте



Посна боранија во тавче - закон за тие што не јадат манџи. Само треба боранијата да е млада и свежа, иако ја правам и со замрзната.
Количина од око, зависи колку луѓе ќе јадат. За 4ца јадачи оди 1 кг боранија, 2-3 домати, 3-4 главици кромид. Зачини по желба - јас ставам црн бибер, чубрица и босилек, и сол.
Во тавчето редиме ред боранија (жива), ред кромид исечен на тркалца, ред тркалца од домати. Потоа се попрскува зејтин, се посолува, се зачинува, па се преминува на втор ред - боранија, кромид, домати, па пак зејтин и зачини.
Се долева малку вода, околу 200 мл, бидејки и доматите и боранијата пуштаат течност, и се пече во рерна, околу 1 час, на 200 степени.




_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот AneLav RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Посно
25.3.2015 10:17:22   
AneLav RR
Ова посно јадење што ќе ви го напишам е старо јадење и се јадело за време на пости. Не знам точно како се вика Ама јас ќе си го крстам КРОМИДАРНИЧЕ. Со тазе лебче прсти да излижеш е.
КРОМИДАРНИЧЕ:
-Окулу 3 кг кромид (може повеќе помалку не е важно)
-веѓета
-црвен пипер
-црн пипер
-лорбер
- 1филџан масло
Кромидот се чисти и се сецка на коцкички. Потоа во едно подлабоко тенџере се сипува 1 филџан вода и еден филџан масло и се тава исецканиот кромид. Се динста на тивко да се стопи кромидот и да се згусне смесата. Штом ќе се издинста убаво се ставаат 3-4 лажичиња црвен пипер, бибер, веѓета и 2-3 ливчиња лорбер. Се става во тепсија со средна големина и во рерна на 180-200 степени. Штом ќе фати малку црвена коричка се исклучува и јадењето е готово прсти да излижешuser posted image


_____________________________

Не плаши се од бавниот чекор, плаши се од стоење во место!

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?