|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1]
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Славска трпеза - идеи
3.12.2014 12:22:14   
miana
Ајде мамички да споделиме искуства .
Незнам дали има ваква теа, но ако има преместете ги постовите.
Ни се ближи славата, а и роденденот на мојата помала керка ( во ист ден се )
Славата е св. Никола и е посна/.
Сакам на оваа тема да пишуваме идеи за славска трпеза и посна и мрсна слава.
Јас вообичаено со свеки спремам - тавче гравче, риба пастрмка на скара, мали сармички, посни колачиња, клцано ( со пипер и патлиџан), макало со варен компир и везена пиперка, посна пита, посни кифли и сл.
Оваа година сакам да има нешто ново.Имам во план да ставам печени печурки..Дајдте некој рецепт за некоја салата посна

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Славска трпеза - идеи
3.12.2014 14:04:45   
caciana
400gr oriz
250gr pecurki marinirani
280gr articok(moze i bez )
7 kiseli krastajcina, 7 morkovi
300gr maslinki

Orizot se vari vo solena voda, no treba da se vnimava da ne se prevari. Isto se varat i morkovite. Site sostojki se seckaat i se dodava orizot. Se posoluva i se dodava maslo po potreba.Moze da se posluzi i kako prilog so riba

Inaku i nas ni e sv.Nikola slava. I kaj nas so majka mi spremame corba od riba, malecki posni sarmi, riba losos, baklava user posted image , sveza salata.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Славска трпеза - идеи
3.12.2014 14:18:01   
Malecka23
Brat mi slavi imenden sv.Nikola.Majka mi sekoga godina obavezno pusat riba skusa,pravi od oslic koftinja sto se prevkusni,sarma obavezno baklava,bajadera crno-bel rolat so kokos i zele,rolat so krem banani,salati cveklo zelka zavisno sekoja godina razlicno

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Славска трпеза - идеи и рецепти
3.12.2014 14:21:11   
miana
Јас оваа година ништо благо нема да ставам на масите, или може да ставам колку да не е без ич. Ке имаме роденденска посна торта од канела. Дајте нешто ново, некоја интересна салата, некој интересен гарнир за украсување. Сакам да испечам печурки и еве што да ставам со печурките во тањирот, да не се само печурки? И некој посен ролат солен? Солена торта?

< Поракaта ја уредил miana -- 3.12.2014 14:25:59 >


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот Malecka23)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Славска трпеза - идеи
3.12.2014 14:32:42   
Hopeful RR
Св. Никола ми е омилена слава, иако не ни е домашна user posted image Како мала со моите одевме на Св Никола кај тетка ми и ми беше многу интересно, а сега со мм одиме кај еден негов пријател, кај што секогаш има толку многу убава храна, ама да се потепаш од јадење! Освен класичните јадења што ги набројавте, секогаш имаат една салата со свеж праз и печурки, не знам што точно друго, мислам некакви семки и пченка, ама салатата е неверојатна!

Од посните работи што ние ги јадеме, хит ми е салата од авокадо, домати, кромид и пропржени семки од сончоглед. Авокадото може да се направи и како гвакамоле - во блендер со кромид, лук, зачини, и излегува топ.
Како крем салата, може да направиш и хумус - се кисне наут преку ноќ, се вари околу 50 мин и се блендира. Му се додава таан (мерката е по вкус), сол, бибер, маслиново, лук и кумин, и по потреба од водата во која се варел наутот, се додека не стане кремаст и без грутчиња. Хумусот е - прсти да излижеш! user posted image
Исто на тема наут, со печурките може да послужиш фелафел - ќофтиња од наут! И тие се топ!

Инаку, ние дома за Бадник развивме нови идеи за посни јадења, од кои морам да ја издвојам посната сарма со црвена леќа. Се се прави како обична сарма, само наместо ориз и месо се става црвена леќа, и вкусот е - ама немам зборови! Пробајте ја, се надевам ќе ви се допадне user posted image

< Поракaта ја уредил Hopeful -- 3.12.2014 14:34:55 >


_____________________________

Обиди 2,5 години
HSG, HSC, отстранет септум, IUI x4, IVF успешно :)
2015 user posted image user posted image

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Славска трпеза - идеи
3.12.2014 14:42:09   
blue_blue
можеш да направиш ќофтиња од црвена леќа

200 гр. црвена леќа
4-5 лажици пченкарно брашно
50 гр. семки од тиква и сончоглед (може и лен или сусам)
1 главица кромид
4-5 чешниња лук
пола лажичка ким

Леќата ја ставаш да се кисне барем 2 часа (не треба да ја вариш). Потоа сите состојки ги ставаш во блендер и миксаш. Ако сместа ти е течна додади уште некоја лажица брашно, ако ти е прегуста стави малку вода. Од сместата се формираат ќофтиња се валкаат во пченкарно брашно и во сусам (може и во презла) и се пржат на загреан зејтин.

Еве ти и два рецепти за посни намази:

ХУМУС
100 грама наут
100 грама леблебија непечена
4-5 големи лажици таан
6-7 чешниња лук
сок од пола лимон
маслинов зејтин по потреба (ќе ти требаат меѓу 50 и 70 грама)

Наутот се кисне 2-3 чаца а потоа се вари пола час до 40 мин. Се процедува, но остави маклу од водата може ќе ти треба. Сите состојки се ставаат во бленедер, се додава сол и бибер и имаш супер интересен намаз и здрав намаз.

ПЕСТО
5 китки свеж босилек
100 грама индиски ореви (печени и солени)
маслиново масло (не знам точно колку ама некаде околу 50 грама)
малку сок од лимон

Се ставаш во блендер и миксаш дур не се добие изедначена смеса


(Одговор на членот Hopeful RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Славска трпеза - идеи
3.12.2014 14:50:30   
blue_blue
Фалафел
• 340 гр. варен наут
• 1 мал кромид
• 1 рака магдонос
• 3 чешниња лук
• 2 супени лажици брашно
• 2 супени лажици кумин (мелен ким)
• Масло за пржење, сол и бибер
Наутот се кисне во вода барем 4-5 часа а потоа се вари околу 40 мин. Кромидот, лукот, магдоносот, куминот, и малку сол и бибер ги ставаме во блендер и го додаваме сварениот и исцеден наут. Миксаме додека не се направи еднолична смеса. Додаваме 2 лажици брашно. Смесата убаво ја мешаме и правиме топчиња. Топчињата ги ставаме да отстојат во фрижидер неколку минути додека да се загрее маслото за пржење и потоа ги пржиме додека да добијат златна боја.


Исто така на сајтот на онаа како се вивасе 8-ка имаш многу посни рецепти како и на сајтот суровоивкусно

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Славска трпеза - идеи
4.12.2014 8:30:14   
caciana
Majkami sprema trasicionalna corba Od riba.
Ribata ja vari ubavo,potpa mesoto go cisti Od koskite.
Iscistenoto meso go vraka Vo tendzere da se vari so zacini(lul,vegeta,Sol)potoa,recisi prikrajot vo vodata dodava domatno pire.
Na kraj zaprzuva rednan morkov,mu dodava malu brasno I so ova ja zaprzuva corbata.Ova e nasata tradicionalna corba za SV Nikola,osven grav I sarma.

(Одговор на членот blue_blue)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Славска трпеза - идеи
4.12.2014 11:00:13   
miana
Еве јас што најодв и планирам да правам

Шарени бомбици од компир

Се прави пире од компири, се додаваат зачини по вкус - сол, вегета, црн пипер итн.
Од пирето се прават бомбици и дел се валкаат во магданос, други во рендан морков, мелени ореви, толчени кикиритки или пак друго нешто што ви падне на памет.

Изгледаат ептен убаво и шарено на маса, пр. ако имате посна слава. А и не мора да е посна нели, може и кај обичен ручек наместо пире да се промени рутината со вакви бомбици.

Вегетаријански мајонез: 200г чистен и непечен сончоглед се кисне во вода најмалку пет часа, се измива убаво и оди во блендер. Се додава 3/4 чаша ладно цедено маслиново масло, 1/3 чаша вода, 1/4 лажиче лук во прав (јас ставив две чешниња свеж лук, повеќе го сакам), сок од половина лимон, лажица сенф, лажиче сол и зачини по желба (јас додадов копар и малку свежо мелен црн бибер). Се блендира убаво да стане мазно како паста. Превкусно е!
Со тоа што не додадов копар во мајонезот, ја направив основната верзија, инаку најубав е со додаток на кари или куркума.

ПОСНА ПИЦА
Се замесува тесто со околу1/2кг брашно ,една коцка стасан квасец,сол,малку шеќер ивода.Кога тестото ќе стаса се прави кора за пица .Одозгора се става томатело,оригано,сусам растителен кашкавал,сецкани маслинки и печурки.се капнува и малку маслиново масло.Се пече во долниот дел од рерната за доле да фати кора а горе само да се растопи кашкавалот.

Посни плескавици од соја

Потребно: 200 гр. соја трошки, 5-6 компири, 2 лаж. брашно, 1 главица кромид, лук, буковка, сол, вегета, црн пипер, црвен пипер, масло.

Подготовка: Сојата се става во врела вода да набубри. Потоа се цеди со рака за да не биде премногу водена. Компирите се ставаат да се варат и додека се топли се пасираат како пире. Кромидот ситно се сецка, а исто и лукот. Во еден подлабок сад се заедно се меси со рака, воедно додавајќи се преостанато, за да се добие хомогена смеса. Од смесата се прават плескавиците и се валкаат во царевно брашно (со него не се препржуваат и добиваат убава боја), па се пржат во загреано масло.


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот caciana)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Славска трпеза - идеи
4.12.2014 11:13:46   
AnnaMolly RR
Еве од мене една идеја за посни колачи.

Сникерс бомбици

500 гр кикирики
500 гр алва
500 гр урми
1 кристал маргарин

Кикириките дел се мелат во машинка, дел се толчат ситно. Урмите ситно се сечкаат. Се ставаат во сад, се крши алвата внатре и се става маргарин, па се меси со рака како тесто за да се соедини.

Јас сум ги правела како бомбици и како пралини во калапи.
Рецептот е посен, најлесен за правење, а вкусен до бескрај.

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Славска трпеза - идеи
4.12.2014 14:16:08   
mama toci
Миана,те молам дај идеја од каде да ја порачам посната торта,и на мојата ќеркичка и е роденден на св.Никола.Од која канела ја земаш и дали е вкусна? Ние лани ја порачавме од Ве микс,ама не сум нешто задоволна од вкусот..

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Славска трпеза - идеи
4.12.2014 14:21:20   
miana
Канела срцка... Не сум пробала, ама сигурна сум дека нема да има утка.. Прашав ми рекоа дека прават и детски посни торти, но тортата мора да биде правоаголна .. Јас ке го порачувам Сунѓер Боб, а тој и онака е коцкаст, и ми рекоа дека може да ми го направат, дури и фотографии ми испратија на мејл... Инаку прашував во црвената канела - Канела Прима.. Има во козле и во аеродром.,. На златна книга барај канела прима и ке ти извади каде се има, прашај јави им се..Јас во нив не се сомневам..Ова ке ни биде прва ваква торта, па ке напишам и кога ке помине св.Никола

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Славска трпеза - идеи
16.12.2014 13:38:38   
miana
Еве сум си ја на мојата тема..Свеки ја повреди ногата и е во гипс, па такада целото спремање за славата ке остане на мене и нормално некоја добродојдена помош од страна user posted image

Инаку ова ке има на мојата славска посна трпеза-
Риба пастрмка на скара, гравче тавче, сармички, крокети од компир, печурки и поховани посни маслинки. Салати ке имам од компир и везен пипер, кисели црвени ајварки пиперки од тегла и салата од посна урда, сусам и лут ајвар. Ке има краставица и домат посебно, потоа ке има апетисани, пита со праз и зелка и земички ( лепчиња )
Од благото - посна торта од канела во форма на сунѓер боб user posted image
Инаку прашав за составот на посната торта ми рекоа дека има ореви, лешници и сл, бисквити, пченица и сл. И ме прашаа дали да биде со вишна или со кајсија, јас одбрав вишната како варијанта а ке вви кажам дали е вкусна за три дена user posted image

Инаку рецептот за посни маслинки е лесен, лесно се поховаат, ги испробав викендов.

Ви требаат полнети маслинки ( оние со пиперка )
правите смеса како за палачнки ( таа густина ) од брашно, кисела вода и малце масло.
Ја валкате маслинката во семсата, па во презна, па ја обликувате со раката во вид на топче, па пак ја ставате во смесата и во презлата и пак обликувате со раката и итоте ги пржите.
Крокетите од компир ке ги купам готови од КАМ маркет и ке ги пржам.


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Славска трпеза - идеи
16.12.2014 14:09:59   
deluxe

ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

Еве сум си ја на мојата тема..Свеки ја повреди ногата и е во гипс, па такада целото спремање за славата ке остане на мене и нормално некоја добродојдена помош од страна user posted image

Инаку ова ке има на мојата славска посна трпеза-
Риба пастрмка на скара, гравче тавче, сармички, крокети од компир, печурки и поховани посни маслинки. Салати ке имам од компир и везен пипер, кисели црвени ајварки пиперки од тегла и салата од посна урда, сусам и лут ајвар. Ке има краставица и домат посебно, потоа ке има апетисани, пита со праз и зелка и земички ( лепчиња )
Од благото - посна торта од канела во форма на сунѓер боб user posted image
Инаку прашав за составот на посната торта ми рекоа дека има ореви, лешници и сл, бисквити, пченица и сл. И ме прашаа дали да биде со вишна или со кајсија, јас одбрав вишната како варијанта а ке вви кажам дали е вкусна за три дена user posted image

Инаку рецептот за посни маслинки е лесен, лесно се поховаат, ги испробав викендов.

Ви требаат полнети маслинки ( оние со пиперка )
правите смеса како за палачнки ( таа густина ) од брашно, кисела вода и малце масло.
Ја валкате маслинката во семсата, па во презна, па ја обликувате со раката во вид на топче, па пак ја ставате во смесата и во презлата и пак обликувате со раката и итоте ги пржите.
Крокетите од компир ке ги купам готови од КАМ маркет и ке ги пржам.



user posted image
user posted image Miana ova so maslinkite ke go probam.A Kako gi serviras?Kako za meze?ili so glavnoto jadenje.Nasata slava pomina,no jas ja sakam posnata trpeza.

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Славска трпеза - идеи
16.12.2014 14:28:47   
miana
Па ке имам околу 30 тина луѓе на гости и три големи маси споени.
На секоја маса ке ставам по едно нешто од ова што набројав ( гравче во тава, риба со лимон во овали, сармички, потоа салатите во посебни чинии со по три прегради а на даски или тањири ке ставам како подлога марула и ке ставам печурки, до нив крокети и маслинките - како даска ке биде ) Инаку ептен се вкусни и многу лесни за правење

_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Славска трпеза - идеи
16.12.2014 14:48:29   
mama toci
Миана,какви ти се овие крокети од КАМ,вкусни ли се и дали брзо се спремаат?

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Славска трпеза - идеи
16.12.2014 14:54:43   
miana

ИЗВОРНА ПОРАКА: mama toci

Миана,какви ти се овие крокети од КАМ,вкусни ли се и дали брзо се спремаат?


топчиња од компри се и многу лесно се спремаат.. Во врел зејтин се пржат замрзнати.
52 денари се и во едно паковање има 600 грама.
Јас добив и многу убав рецепт за посни крокети со варен компир, брашно, маргарин, посен димен кашкавал и сусам и се ПРЕВКУСНИ, ама немам време да ги правам, бараат многу работа.. Инаку во секое топче се става посен димен кашкавал и се валкаат во сусам пред да се пржат и се преубави..Растителниот димен кашкавал и сусамот даваат посебен вкус и мирис . Ке ви го напишам рецептот и за тие, го немам во мене, на работа сум сега.


_____________________________

Животот е краток. Крши ги правилата, простувај брзо, бакнувај бавно, сакај вистински, смеј се неконтролирано и никогаш не жали за нешто што те насмеало.

(Одговор на членот mama toci)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Славска трпеза - идеи
23.12.2015 15:15:41   
LoveableMe RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: miana

......Mило ми е што сеуште ја носам титулата како најдомакинка ( една од најдомакинките ) на Рингераја, иако подолго време не сум поставила некој интересен рецеот ( не дека немам ).....


E тука те чекав, ако имаш ај сега да пишеш некое рецептче, посно мрсно, благо, солено user posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 18
Страница:   [1]
Страница: [1]
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?