|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Соновник
3.6.2009 13:27:56   
mami
Ајде тука да пробаме да ги толкуваме нашите соништа..многу често сонувам и имам проблем да си ги растолкувам...може да го запишеме сонот па некој да помогне со толкувањето, и на тој начин да си направиме наш мал он лајн соновникuser posted image

< Поракaта ја уредил Ikana RR -- 2.1.2013 22:38:01 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: соновник
3.6.2009 13:29:35   
mami
еве да почнам- веќе неколку дена по ред сонувам како одам по некоја улица и по пат наоѓам цело време мртви птици..нема нема па ке се појави некоја и ги собирам, а незнам кај ги ставам немам ништо со мене ниту има канта наоколу, едноставно ја земам во раце и таа исчезнува

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: соновник
3.6.2009 13:46:16   
Anushka
значи, ти добиваш информации, гласови, озборувања и вести кои си ги ставаш при срце. Им обрнуваш големо внимание, а тие не се однесуваат на тебе и на твојот живот.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: соновник
3.6.2009 13:50:59   
mami
Фала Анушкеuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: соновник
3.6.2009 14:11:43   
Еца
Можеби се и глупости, но мене соновите честопати ми посочиле што ќе се случи.Така најновото беше кога Мартина го фати шарлахот, неколку дена пред тоа, поточно петокот наспроти саботата јас сонувам како Мартина ја касаат оси на мешето. Не беше во понеделникот Мартина исфрлена по мешето,а осите по соновник значат болест....Ова е само еден од многуте примери...друг пат ќе ви кажам повеќе.

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: соновник
4.6.2009 15:17:42   
mami
eee ете цел ден се мислам што сакав да напишам и сега ми текна..синока сонував дека сум отишла во една кука кај моите во комшии и сум сакала да и ги исперам теписите во дворuser posted image и се си наместив и кога оп, се појавува еден мој бивши и баталив се си отидов со него...се гушкавме, се љубевме ко да сме уште заедно и сабајле кога станав имав нкое чувство на празнина и цел ден ми е таков како да ми фали нешто, некој...
толкување?

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: соновник
10.6.2009 12:11:04   
mami
Што е кога сонувате еден ист сон редовно..не секоја нок но така, еднаш месечно задолжително...го знам во детали сонот и дури и во сонот си викам, е добро ајде сега заеш што ке се случи, знаеш што треба да правиш???user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: соновник
10.6.2009 12:14:41   
Nikolina
mami не знам што значи твојот сон како што не знам ни што значи мојот сон а во него сонував дека сум засадила малечко дрвце во дворот ако некој знае сто значи го молам да ми пиши. Поздрав инаку и јас верувам во сонови

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: соновник
10.6.2009 12:16:58   
lide78
не се разбирам во ова,ама последниов пат кога се разболе Јоана ноќта се сонував трудна во зелен фустан и како одев сите ми викаа дека сум многу убава.колешките на работа ми рекоа дека е тезина,а зелената боја јадови и навистина дента Јоана крена температура.Човек да верува или неuser posted image

_____________________________

Колку убав ден!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: соновник
10.6.2009 12:17:34   
mami
мене ми асоцира на почеток на нешто ново, младо убаво, почеток на нов живот, ама кажувам- ми асоцира...а би сакала да ни се пријави некоја гатачка да ни протолкуваuser posted image

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: соновник
10.6.2009 12:22:48   
Еца
мами во соновник видов дека љубовник значи дека ќе имаш некој срамови, а куќата на комшиите, да се пазиш од непријатности и озборувања

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Nikolina)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: соновник
10.6.2009 12:24:43   
Еца
дрва, ако се зелени значи добивка богатство, а во сонот даниела ти си засадила дрвце, значи нешто убаво те очекуваuser posted image user posted image user posted image ова го видов во соновник

_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: соновник
10.6.2009 12:29:01   
Sanja
Jas sinoka sonuvav kako mojata koleska si stavila vestacki zabi, bile beli no se primetuvalo deka se vestacki, a posebno prednite zabi, neznam sto bi mozelo da znaci toa . Eve nekoi linkovi za tumacenje sonovi!
www.sanjarica.aureldesign.com/
http://www.tocka.com.mk/sonovnik.php
http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: соновник
10.6.2009 12:46:25   
Nikolina
Елена фала многуuser posted image user posted image user posted image user posted image ми требаше ова


(Одговор на членот Sanja)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: соновник
10.6.2009 12:48:48   
mis.
Ноќта после прославата на нова година сонував како се наоѓам во парк и сред зима лалиња црвени,толку многу што сум неможела да поминам.Се разбудив со некое убаво чуство и после 2 дена дознав дека сум бремена.

(Одговор на членот Sanja)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: соновник
16.6.2009 8:13:43   
mami
ја сонував синока онаа девојката што беше на дружењето, што разговаравме за матични клетки со неа...и сонував 5 кучиња, малечки, неколку месеци дали имаа, беа руски самојед,оние убавите белички топчиња...и после од некаде се појавија бебиња, па сестрами цела мокра-некој ја испрскал максимално со кола и станав утрово тотално збунета бидејќи ми беа испомешани сите работиuser posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: соновник
16.6.2009 15:21:30   
Anushka
леле вие девојќи сте се утепале од спиење, што сонови сте се изнасонувале... да переш во сон не е убава работа, точно, со се’ останато што си сонувала мами, не е убаво, ама ова со кученцата е топ. Според мене, ти скоро ќе имаш некое лично вложување во себе, на неколку плиња, во иднина ќе ти тргнат работите.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: соновник
16.6.2009 15:23:51   
mami
ах чул те Горнион мила...сакам толку многу работи, само да има здравје да се исполни...

(Одговор на членот Anushka)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: соновник
21.6.2009 0:37:41   
mis.
еве една интересна страна
http://www.gvg.com.mk/index.php?option=com_alphacontent&view=alphacontent&Itemid=132

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: соновник
21.6.2009 1:10:47   
denicka
mis. jas i ti tesko deka ke sonuvame nesto vecerva a? user posted image  user posted image  pozdravce i dobra nok user posted image

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: соновник
27.6.2009 23:47:50   
mis.
еве уште нешто за соновите-нивен толковник
http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php

(Одговор на членот denicka)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: соновник
28.6.2009 0:27:20   
milijana
Za sonovite ednas prasav eden mnogu star svestenik.Mi rece samo nekolku zbora ,,Zar tolku malku imas verba vo gospod cedo, pa sonovite te macat tolku cesto,, Od togas ne e nisto promeneto..kako i sekoj covek i jas sonuvam, se trudam da ne im pridavam znacenje iako nekolku pati vo zivotov mi se obistinile. Od toj star nas makedonski mudrec(taka ke go narecam) doznav deka treba da se molam pred spenje, zosto me prasa kolku cesto ja kazuvam molitvata.Sonovite doagale od temnata strana i gi imale site oblici na cesnoto samo i samo da go zavedat hristijaninot da veruva vo niv,a ne vo gospod i molitvata. Mene taka mi objasnija, taka vi prenesuvam..ne mora da bide tocno..ne mora ni da se slozite so mene.Denes veke neznam sto e tocno.Od mnogu informacii okolu nas..sepak srekno vo tolkuvanje..Sonot se slucuval koga ocajno se baral pat kon nesto..i se naiduvalo na temnata strena..namesto da se priklonuvale lugeto kon molitvata.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: соновник
6.7.2009 8:53:15   
mami
женски после вчерашниот хаос со Лука, прво неможев да заспијам а после имав кошмари цела нок...последниот на кој се секавам е дека сме биле на плажа, со кумата и нејзиното малечко и во еден момент ние се замуабетивме и следно што знам е дека некој врисна по кумчето, го извадија од вода, само малку вода голтнало а Лука го немаше..ме фати ужасна паника. сите почнаа да го бараат и на крај јас го видов крајчето од неговите купаки над вода. Го фатив, го извадив беше цел модар и почнав да го чукам за да почне да диши, да му давам вештачко дишење и ништо не помагаше тогаш потрчав накај кола и само што сакав да влезам почна да мртка и сите почнаа да ми викаат дека отворил очи...се разбудив жива вода целата, ужасно исплашена и еве уште сум си збунка...

(Одговор на членот milijana)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: соновник
6.7.2009 12:59:22   
Katuska
Јас секоја вечер сонувам и обично си ги толкувам соновите и верувам во нив. Инаку сум приметила дека секогаш кога во сон плачам , плачам и на јаве исто така, ама обавезно, а викаат дека ако на сон плачеш , на јаве ке се радуваш...

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: соновник
6.7.2009 23:48:24   
mis.
Јас кога на сон плачам знам дека на јаве ќе се радувам и обратно.Кога студирав знаев пред испит да умрам некој близок во сон па што плачене ќе дадев и со тек на време тоа ми кажуваше дека ќе положам.Кога сонувам како се возам во воз,кола или сл следува караници.

(Одговор на членот Katuska)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Ime za naset_o bebce
Natuska85

Koe od ovie vi e najubavo masko ime?

Marko (32%)

Matej (38%)

David (30%)


Број на сите гласови: 105

Фала на гласовите. Гласавте веќе на сите актуелни анкети. Можеш да направиш своја анкета!