Соновник (Целосна верзија)

Форум >> [РР Заедница] >> Разговори за се и сешто



Порака


mami -> Соновник (3.6.2009 13:27:56)

Ајде тука да пробаме да ги толкуваме нашите соништа..многу често сонувам и имам проблем да си ги растолкувам...може да го запишеме сонот па некој да помогне со толкувањето, и на тој начин да си направиме наш мал он лајн соновник[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




mami -> RE: соновник (3.6.2009 13:29:35)

еве да почнам- веќе неколку дена по ред сонувам како одам по некоја улица и по пат наоѓам цело време мртви птици..нема нема па ке се појави некоја и ги собирам, а незнам кај ги ставам немам ништо со мене ниту има канта наоколу, едноставно ја земам во раце и таа исчезнува




Anushka -> RE: соновник (3.6.2009 13:46:16)

значи, ти добиваш информации, гласови, озборувања и вести кои си ги ставаш при срце. Им обрнуваш големо внимание, а тие не се однесуваат на тебе и на твојот живот.




mami -> RE: соновник (3.6.2009 13:50:59)

Фала Анушке[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]




Еца -> RE: соновник (3.6.2009 14:11:43)

Можеби се и глупости, но мене соновите честопати ми посочиле што ќе се случи.Така најновото беше кога Мартина го фати шарлахот, неколку дена пред тоа, поточно петокот наспроти саботата јас сонувам како Мартина ја касаат оси на мешето. Не беше во понеделникот Мартина исфрлена по мешето,а осите по соновник значат болест....Ова е само еден од многуте примери...друг пат ќе ви кажам повеќе.




mami -> RE: соновник (4.6.2009 15:17:42)

eee ете цел ден се мислам што сакав да напишам и сега ми текна..синока сонував дека сум отишла во една кука кај моите во комшии и сум сакала да и ги исперам теписите во двор[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]и се си наместив и кога оп, се појавува еден мој бивши и баталив се си отидов со него...се гушкавме, се љубевме ко да сме уште заедно и сабајле кога станав имав нкое чувство на празнина и цел ден ми е таков како да ми фали нешто, некој...
толкување?




mami -> RE: соновник (10.6.2009 12:11:04)

Што е кога сонувате еден ист сон редовно..не секоја нок но така, еднаш месечно задолжително...го знам во детали сонот и дури и во сонот си викам, е добро ајде сега заеш што ке се случи, знаеш што треба да правиш???[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Nikolina -> RE: соновник (10.6.2009 12:14:41)

mami не знам што значи твојот сон како што не знам ни што значи мојот сон а во него сонував дека сум засадила малечко дрвце во дворот ако некој знае сто значи го молам да ми пиши. Поздрав инаку и јас верувам во сонови




lide78 -> RE: соновник (10.6.2009 12:16:58)

не се разбирам во ова,ама последниов пат кога се разболе Јоана ноќта се сонував трудна во зелен фустан и како одев сите ми викаа дека сум многу убава.колешките на работа ми рекоа дека е тезина,а зелената боја јадови и навистина дента Јоана крена температура.Човек да верува или не[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley13.gif[/image]




mami -> RE: соновник (10.6.2009 12:17:34)

мене ми асоцира на почеток на нешто ново, младо убаво, почеток на нов живот, ама кажувам- ми асоцира...а би сакала да ни се пријави некоја гатачка да ни протолкува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Еца -> RE: соновник (10.6.2009 12:22:48)

мами во соновник видов дека љубовник значи дека ќе имаш некој срамови, а куќата на комшиите, да се пазиш од непријатности и озборувања




Еца -> RE: соновник (10.6.2009 12:24:43)

дрва, ако се зелени значи добивка богатство, а во сонот даниела ти си засадила дрвце, значи нешто убаво те очекува[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]ова го видов во соновник




Sanja -> RE: соновник (10.6.2009 12:29:01)

Jas sinoka sonuvav kako mojata koleska si stavila vestacki zabi, bile beli no se primetuvalo deka se vestacki, a posebno prednite zabi, neznam sto bi mozelo da znaci toa . Eve nekoi linkovi za tumacenje sonovi!
www.sanjarica.aureldesign.com/
http://www.tocka.com.mk/sonovnik.php
http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php




Nikolina -> RE: соновник (10.6.2009 12:46:25)

Елена фала многу[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley31.gif[/image]ми требаше ова





mis. -> RE: соновник (10.6.2009 12:48:48)

Ноќта после прославата на нова година сонував како се наоѓам во парк и сред зима лалиња црвени,толку многу што сум неможела да поминам.Се разбудив со некое убаво чуство и после 2 дена дознав дека сум бремена.




mami -> RE: соновник (16.6.2009 8:13:43)

ја сонував синока онаа девојката што беше на дружењето, што разговаравме за матични клетки со неа...и сонував 5 кучиња, малечки, неколку месеци дали имаа, беа руски самојед,оние убавите белички топчиња...и после од некаде се појавија бебиња, па сестрами цела мокра-некој ја испрскал максимално со кола и станав утрово тотално збунета бидејќи ми беа испомешани сите работи[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]




Anushka -> RE: соновник (16.6.2009 15:21:30)

леле вие девојќи сте се утепале од спиење, што сонови сте се изнасонувале... да переш во сон не е убава работа, точно, со се’ останато што си сонувала мами, не е убаво, ама ова со кученцата е топ. Според мене, ти скоро ќе имаш некое лично вложување во себе, на неколку плиња, во иднина ќе ти тргнат работите.




mami -> RE: соновник (16.6.2009 15:23:51)

ах чул те Горнион мила...сакам толку многу работи, само да има здравје да се исполни...




mis. -> RE: соновник (21.6.2009 0:37:41)

еве една интересна страна
http://www.gvg.com.mk/index.php?option=com_alphacontent&view=alphacontent&Itemid=132




denicka -> RE: соновник (21.6.2009 1:10:47)

mis. jas i ti tesko deka ke sonuvame nesto vecerva a? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] pozdravce i dobra nok [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zaspan.gif[/image]




mis. -> RE: соновник (27.6.2009 23:47:50)

еве уште нешто за соновите-нивен толковник
http://www.360macedonia.com/macedonia/mk/sonovnik.php




milijana -> RE: соновник (28.6.2009 0:27:20)

Za sonovite ednas prasav eden mnogu star svestenik.Mi rece samo nekolku zbora ,,Zar tolku malku imas verba vo gospod cedo, pa sonovite te macat tolku cesto,, Od togas ne e nisto promeneto..kako i sekoj covek i jas sonuvam, se trudam da ne im pridavam znacenje iako nekolku pati vo zivotov mi se obistinile. Od toj star nas makedonski mudrec(taka ke go narecam) doznav deka treba da se molam pred spenje, zosto me prasa kolku cesto ja kazuvam molitvata.Sonovite doagale od temnata strana i gi imale site oblici na cesnoto samo i samo da go zavedat hristijaninot da veruva vo niv,a ne vo gospod i molitvata. Mene taka mi objasnija, taka vi prenesuvam..ne mora da bide tocno..ne mora ni da se slozite so mene.Denes veke neznam sto e tocno.Od mnogu informacii okolu nas..sepak srekno vo tolkuvanje..Sonot se slucuval koga ocajno se baral pat kon nesto..i se naiduvalo na temnata strena..namesto da se priklonuvale lugeto kon molitvata.




mami -> RE: соновник (6.7.2009 8:53:15)

женски после вчерашниот хаос со Лука, прво неможев да заспијам а после имав кошмари цела нок...последниот на кој се секавам е дека сме биле на плажа, со кумата и нејзиното малечко и во еден момент ние се замуабетивме и следно што знам е дека некој врисна по кумчето, го извадија од вода, само малку вода голтнало а Лука го немаше..ме фати ужасна паника. сите почнаа да го бараат и на крај јас го видов крајчето од неговите купаки над вода. Го фатив, го извадив беше цел модар и почнав да го чукам за да почне да диши, да му давам вештачко дишење и ништо не помагаше тогаш потрчав накај кола и само што сакав да влезам почна да мртка и сите почнаа да ми викаат дека отворил очи...се разбудив жива вода целата, ужасно исплашена и еве уште сум си збунка...




Katuska -> RE: соновник (6.7.2009 12:59:22)

Јас секоја вечер сонувам и обично си ги толкувам соновите и верувам во нив. Инаку сум приметила дека секогаш кога во сон плачам , плачам и на јаве исто така, ама обавезно, а викаат дека ако на сон плачеш , на јаве ке се радуваш...




mis. -> RE: соновник (6.7.2009 23:48:24)

Јас кога на сон плачам знам дека на јаве ќе се радувам и обратно.Кога студирав знаев пред испит да умрам некој близок во сон па што плачене ќе дадев и со тек на време тоа ми кажуваше дека ќе положам.Кога сонувам како се возам во воз,кола или сл следува караници.




Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>