Петок, 12.7.2013
Мојот прв запис во дневникот!04
Е, мила Рингераја, денес решив и јас да го направам мојот прв запис во дневникот!
Денес ми е многу убав ден, ете без причина. Едноставно ми е топло на душава и цел ден сум насмеана.
Всушност, знам зошто сум толку позитивна!
Вчера го прославивме 70-тиот роденден на баба ми, жена која ја обожавам и душава би ја откорнала од градиве за неа.
Коооолку убава атмосфера - вчера околу 11 часот со сестра ми и испративме цвеќе по брза пошта, изненадување број 1. Ми се јави липајќи и плачејќи од среќа.
Попладнетео јас, маж ми, Филип, сестра ми, мајка ми и татко ми, тетка ми, тетин ми и братучетка ми (голема фамилија сме, де) бевме кај баба ми и дедо ми на гости.
Изненадување број 2 - од нигде никаде се сокривме во спална и со други подароци и пеевме на баба ми Happy birthday! Солзи радосници на сите страни...
Изненадување број 3 - мојата 8-годишна братучетка на баба и направила малечка тортичка, а како специјален подарок и даде 70 топчиња од тесто (кое го украла додека баба ми месела пита) со најмилата порака на светот: Мила бабо, знам дека овие топчиња не се убави како твоите, ама јас ги направив со многу љубов за тебе. Ова се 70 топчиња за твојот 70 роденден. Те сакам“.
Јадење, пиење, смеење... Баба ми, јас и син ми. Баба, внука и правнук. Љубов! Мојата 8-годишна братучетка, тетка на Филип. Љубов!
Толку од мојот прв запис во дневникот. Ќе има уште. Се додека има убави денови во мојот живот, ќе има и убави записи.
Е добро, де, може и по некој не толку убав понекогаш :)
Се читаме!
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.