|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Палешка РР
:) (10.6.)





Среда, 13.3.2013

Протеини, теретани и еднократни пелени04
Тој скоро 17, таа скоро 3 години. Тој привлечно момче, таа бебенце. Тој со цел да стане фитнес модел, таа се уште кака во пелени... А јас...? Две соби: Во едната персонален компјутер, музички систем од чија гласност пукаат стакла, најнов модел на телефон, слушалки, безжичен интернет, парфеми, гелови, стикови, стегачи, тегови, житарици и протеини. Клуч на врата, симпатии, ноќи поминати на Facebook, друштва, теретани и планови за самостоен одмор...мирис на момче, зрела насмевка и две вљубени очи... Во другата – еднократни пелени, влажни марамчиња, мали чорапчиња, шишенца, блендер, мали алиштенца, сликовници, боички, плишани мечиња, мало креветче, мало перниче и прекривка...мирис на бебе, слатка детска смеа и две мили очиња... Во бањата – Купка за тело, пена за бричење, брич, лосион за после бричење, а понатаму - шампон Косили, детско сапунче, кадичка, пајчиња за во вода, една голема и една мала бањарка. Во сандачето за чевли – на едниот ред патики со број 44, на другиот чевлиња со број 22. Во неговиот плакар – каиши, фармерки, блузи и кошули по најнова мода. Во нејзиниот – мали фустанчиња, хеланки, блузички и по некои парче облека од бато, кога беше мал. На сушалката – мали чорапчиња и големи чорапи, пижамчиња и пижами, боксерици и мали гаќички... Во дворот – столици и масичка, радио, точак и ролери...а понатаму количка за бебе, нишалка, мало столче, кофиче и лопатчиња. Ќе помислите - во оваа куќа нешто не е во ред, некој тука е дојден на гости? Не... Tоа се моите две деца, тој момче на 17 години, таа бебенце од три години...Тој само што не ми ја донесол девојката дома, а таа се уште кака во пелени. За него морам да бидам мајка која е се' помалку дома, а за неа – мајка која секогаш е дома, која е тука секогаш кога ќе заплаче, кога е болна, кога и треба топлата мајчинска прегратка. Него му е потребна диетална храна која е богата го протеини, неа здрава храна во висока калориска вредност. Тој пие ладни сокови со многу мраз , таа густи сок на собна температура. Тој сака се' по најнова мода, таа задоволно се смешка кога ќе и купам лижалче. Ќе помислите – како живеат под еден покрив две, толку спротивни деца?! Сега ќе Ви кажам. Најубавото негово утро е кога таа ќе го бакне и ќе му каже – “бато тани, пути узика”. Најубавиот дел од нејзиниот ден е кога со бато игра заедно на музиката која тој ја слуша. Кога таа јаде чоколадо, половина му го носи на бато. Кога него ќе му останат пари од ноќното излегување и ги става неа во џепче. Тој обожава да скока со неа на кревет, додека таа громогласно се смее. Таа се' што има – дели со бато. Таа обожава да го прередува неговиот регал и се' да му испреврти...тој не се лути што повторно ќе го реди. Тој ја вози на точак, додека таа ја исправила главата гордо. Таа е неговата мала принцеза, а тој нејзиниот голем брат... А јас? За мене нема ништо подрагоцено од моментот кога ќе ме избркаат од соба за да заспијат заедно. Можам да не спијам и цела ноќ, само да ги гледам како прекрасно се сплотени во едно...


Кликни тука и напиши прва објава во својот дневник!
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.
Ако сакаш да објавиш свој коментар мораш да се најајавиш ili зачлениш на порталот.







10.8.2013
Неизмерна љубов, силни емоции ...прекрасно !!!
Ако сакаш да објавиш свој коментар мораш да се најајавиш ili зачлениш на порталот.


Кликни тука за да ги видиш другите јавни дневници!
Се смееме, плачеме и растеме заедно!