Вторник, 11.6.2013
Дрдорка00
Секој ден се повеќе ме изненадува - колку повеќе зборува, толку повеќе ме остава без зборови мојата мала дрдорка.
Слог по слог - нов збор. Ги ниже зборовите и плете реченици, таа мала дрдорка.
И тука пак нема крај на изненадувањето и мојата среќа - секој нов зборовен состав си го прославува со песна - мојата дрдорка. Тон по тон - излеала своја композиција.
Ете ја мојата денешна среќа, и животна сила - мојата дрдорка.
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.