Вторник, 11.6.2013
До каде ќе одиме?03
Дали е ова стварноста? Дали живеам во паралелен свет? Дали ова што мислам дека го гледам и слушам, навистина се случува. Се почесто си помислувам дека не. Или јас не сум за тука, или сум во војна со светот.
Ме иритираат дневните настани до бесвест. Ме иритираат до болка. Ми викаат, остај, не се нервирај за џабе, ништо нема да смениш. Ами ако јас не се обидам да сменам, ако ти не се обидеш да смениш, ако никој не се обиде, до каде ќе стигнеме? Каде ќе се најдеме за некоја година? Каков свет ќе му оставам на детулево. Па мајко му стара, моја должност е да се обидам да го поправам светот, за моето дете, за твоето, и за сите деца.
Секое утро си викам денес ќе барам човек. И секоја вечер се поретко можам да кажам, да најдов. Најдов човек кој мисли. Кој мисли со сопствената глава. Човек кој мисли и се дрзнува да каже дека мисли.
Луѓе, размрдајте ги главите, почнете да мислите и да го спасиме светот!
Поздрав,
Твоја везле..
Единствени периоди од животот, незаборавни сеќавања! Сите пресвртници и важни случувања запиши ги во својот дневник. Сподели ги со Рингераја заедницата или заклучи ги само за себе.