за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Ќерка ми од раѓање па до денес е секогаш покрај мене кога работам нешто по дома и најчесто ми смета, но бидејќи нема кој друг да ја чува си ја трпам. Тоа кај неа има развиено една убава особина да сака да помага и несебично да ја нуди својата помош кога гледа дека нешто се работи без разлика на тоа дали е способна или не за нешто. И така спонтано почнав да ја вклучувам во некои домашни активности како што е поставувањето маса за ручек, простирање алишта, местење кревети, бришење на измиени садови, а сега пројавува желба и за миење на садови па така и дозволувам своите пластични чашки да ги измие и исплакни. Сите овие работи ги извршува на своја сопствена иницијатива, без мое барање и инсистирање (јас радо би ја исклучила од сето ова, но никогаш не ми успеа). Незнам дали ова ќе потрае и подоцна кога навистина ќе биде способна да помогне и нешто вистински да сработи, па затоа сакав да продискутираме околу ова. Кога е време да се почне со учење, кога да се воведат првитите домашни обврски и кои да бидат тие? Дали вашите деца пројавуваат интерес да ви помогнат и дали вистински ви помагаат или само си играат покрај вас?
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
07.01.2010, 18:49
zami
574
Polesno e so zenskite, no sepak. Jas imam sin koj isto od mal, posle 2 god, pocnav da mu davam po nekoe domasno zadolzenie, mestenje na masa, premestuvanje pernici kebinja, i sl. Saka da pomaga koga toj e raspolozen za toa, i sigurna sum deka za nekoi 5god, koga ke treba da si vrsi del od rabotite ke vodime vojna, ama ke znam deka znae i toa mi e sosema dovolno.
Velat za devojcinjata koga ke moraat se ke naucat, i da peglaat i da gotvat, ama za maskite mislam deka ako ne im se sozdade navikata posle tesko...
Jas nesakam sin mi da porasne vo maz koj ke bide zavisen od svojata zana ili majka za da go isperat, ispeglaat i sl. samo od taa pricina se obiduvam i ke prodolzam da se obiduvam da go naucam sto poveke mozam, za da moze site raboti vo domot samiot da si gi zavrsuva.
A i nemislam deka zenata (nekoja vasa kerka, moja idnaa snaa) e dolzna da se grizi za mojot sin, samo zatoa sto jas sum mislela deka toj e MASKO
< Поракaта ја уредил zami -- 7.1.2010 18:50:00 >
07.01.2010, 20:40
Еца
6692
Ники твојот пост како јас да сум го напишала. Мартина почна сама да ги дипли алиштата свои и што е најинтересно кога јас ќе ги соберам сушените алишта таа сама доаѓа и почнува да дипли, и јас онака махинално ќе и речам нека мама ќе среди, а таа не мамо да ти помогнам. Така да не знам дали нешто ќе промени или не, ама тргнувајќи од себе каква бев како дете, расфрлав ваму-тами и сестрите постари постојано ми приговараа дека сум неуредна и ред други работи, кога почнав сама да живеам работите се променија. Така да можеме ние да ги научиме на многу работи, но колку и кога ќе го применат наученото само од нив ќе зависи.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
07.01.2010, 21:36
nana
72
ИЗВОРНА ПОРАКА: zami
Jas nesakam sin mi da porasne vo maz koj ke bide zavisen od svojata zana ili majka za da go isperat, ispeglaat i sl. samo od taa pricina se obiduvam i ke prodolzam da se obiduvam da go naucam sto poveke mozam, za da moze site raboti vo domot samiot da si gi zavrsuva.
A i nemislam deka zenata (nekoja vasa kerka, moja idnaa snaa) e dolzna da se grizi za mojot sin, samo zatoa sto jas sum mislela deka toj e MASKO
Go delam tvoeto mislenje zami isto imam sin 3 god i epten e sreken koga mi pomaga niz doma i okolu bebeto, pa kolku e samo vazen koga ke mu dadam nekoe zadolzenie sto da vi kazam. Ne se zanesuvam deka toa ke potrae no sakam da bide samostalen, (najmnogu mrazam da zavisam od nekoj drug) pa zatoa ne sakam ni toj da bide nekogas vo zivotot bar ne za vakvi smesni raboti sto sekoj gi moze
_____________________________
God helps those who help themselves
07.01.2010, 21:47
Anushka
1392
ИЗВОРНА ПОРАКА: niki
Ќерка ми од раѓање па до денес е секогаш покрај мене кога работам нешто по дома и најчесто ми смета, но бидејќи нема кој друг да ја чува си ја трпам. Тоа кај неа има развиено една убава особина да сака да помага и несебично да ја нуди својата помош кога гледа дека нешто се работи без разлика на тоа дали е способна или не за нешто. И така спонтано почнав да ја вклучувам во некои домашни активности како што е поставувањето маса за ручек, простирање алишта, местење кревети, бришење на измиени садови, а сега пројавува желба и за миење на садови па така и дозволувам своите пластични чашки да ги измие и исплакни. Сите овие работи ги извршува на своја сопствена иницијатива, без мое барање и инсистирање (јас радо би ја исклучила од сето ова, но никогаш не ми успеа). Незнам дали ова ќе потрае и подоцна кога навистина ќе биде способна да помогне и нешто вистински да сработи, па затоа сакав да продискутираме околу ова. Кога е време да се почне со учење, кога да се воведат првитите домашни обврски и кои да бидат тие? Дали вашите деца пројавуваат интерес да ви помогнат и дали вистински ви помагаат или само си играат покрај вас?
потпишувам, имам исто искуство со моите синови. НА ДЕЦАТА ТРЕБА ДА ИМ СЕ ДАВААТ ЗАДОЛЖЕНИЈА, ПОЛЕСНО ЌЕ ЈА ПРИФАТАТ РЕАЛНОСТА. НЕМА ЛОШИ ДЕЦА, САМО ЛОШИ РОДИТЕЛИ. СЕ` Е ЕТИКА.
01.08.2011, 22:40
Felly RR
7977
Матеа е постојано со мене, каде одам јас, таа ме следи, и самата се вклучува во тие домашни обврски. Ако бришам прашина, и давам и нејзе една чиста крпа, и и кажувам каде да брише (пред некој ден дури и ми се налути кога и реков „ајде, дај крпата, готово, избришавме секаде“). Ако спружирам алишта, таа ми подава штипки, ако ги собирам пак и ги подавам да го полни кофичето со штипки. Кога ќе и речам ајде да ја поставиме масата, одма трча да помогне. И навистина е многу полесно, кога ќе и дадам некое задолжение, и таа е радосна што нешто работи, како голема , а и мене ми е полесно, што не ми се плетка, само така, и да ми смета.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.08.2011, 12:30
Martins mom
3342
За разлика од Матеа, мој Мартин место мене му помага на татко му во растурање Се смеам сега, а некогаш ми се плаче
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
02.08.2011, 13:14
Палешка РР
7505
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Матеа е постојано со мене, каде одам јас, таа ме следи, и самата се вклучува во тие домашни обврски. Ако бришам прашина, и давам и нејзе една чиста крпа, и и кажувам каде да брише (пред некој ден дури и ми се налути кога и реков „ајде, дај крпата, готово, избришавме секаде“). Ако спружирам алишта, таа ми подава штипки, ако ги собирам пак и ги подавам да го полни кофичето со штипки. Кога ќе и речам ајде да ја поставиме масата, одма трча да помогне.
И кај нас е исто вака. Ама најмногу ме нервира кога метам, седнува на правосмукалката и пали гасни
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
02.08.2011, 15:25
Felly RR
7977
Тоа со правосмукалката ми е мене проблем, зошто нема како да се вклучи во работата, ама во последно време, пошто гледа не и давам да фаќа, и го држи цревото тука кај што излегува од правосмукалката. И после јас кога ќе завршам, ја исклучувам, и и го давам тој металниот дел, и таа почнува да брчи и работи
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.08.2011, 15:31
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom RR
За разлика од Матеа, мој Мартин место мене му помага на татко му во растурање Се смеам сега, а некогаш ми се плаче
Па и МАтеа растура, ама вака се учиме дека треба и да си суреди нешто што растурила. На пример, многу сака да претура вода, од една чаша во друга, и кога ќе направи лом на масата, и давам една крпа, и и кажувам да си собере тоа што растурила, и многу е послушна
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.08.2011, 15:38
Slagjana
463
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Тоа со правосмукалката ми е мене проблем, зошто нема како да се вклучи во работата
Мене правосмукалката ми е најголем проблем. Пишти само што ќе ја види. Не можам да исчистам, ако е тука. А за прашина бришење таа го држи средството за прскање и ми го дава ко ќе и го побарам.
02.08.2011, 15:49
Maca25
7558
Нина си има нејзина правосмукалка и секогаш кога јас чистам и она си чисти кај нејзините играчки . Си брише прашина во нејзиното ќоше со влажно марамче, а откако ќе испие сокче или изеде, чашката и тањирчето ги става во садопер.
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
02.08.2011, 15:55
Felly RR
7977
Јас на Матеа понекогаш и давам една рачна правосмукалка, а треба да и купиме таква некоја играчка, па ќе може со неа да си работи.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.08.2011, 16:02
Felly RR
7977
ИЗВОРНА ПОРАКА: Slagjana
ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR
Тоа со правосмукалката ми е мене проблем, зошто нема како да се вклучи во работата
Мене правосмукалката ми е најголем проблем. Пишти само што ќе ја види. Не можам да исчистам, ако е тука. А за прашина бришење таа го држи средството за прскање и ми го дава ко ќе и го побарам.
А Слаѓана, пишти од што сака да ја земи, или пак се плаши од неа?
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.08.2011, 16:33
Slagjana
463
Пишти од страв од правосмукалката. И да е во друга соба плачи се додека не ја види прибрана на место. Имаше еден период од 1 месец кога со дубакот одеше по неа и го држеше цревото. Само тогаш ми беше чисто дома . Сега не можам кога сакам јас да чистам.
03.08.2011, 10:58
zapce
361
Често пати каога чистам за да држам Матеј занесен со нешто му давам и на него крпа и му прскам од средството на прозорите и го брише, ама најчесто ке го избрише и ке бара уште-па ако чистам со него ми отиде целото средство. Исто и кога правам нешто ручек бидејки нема кој да го пази а вика по мене го седнувам на кујната и ме гледа или му давам нешто да се занимава пр. кога прзам јаца-кајгана, тој ги мути јајцата, ставам во подлабок сад и тој со вилуската ми меса-обозава да го прави тоа(ама постојано напоменувам, полека, не силно, ке истуриш) Исто и кога ја местиме масата за јадење Матеј носи се што треба на масата, па јас додека спремам слата тој ке носи вилушки, лажички, солца, лебче и така (навистина му е интересно-му викам лажичката на мама, на татао, на Матеј и кефови е детето и тој повторува кое чиво е и носи)
_____________________________
Ако не сум за себе - кој ќе биде за мене? Ако сум само за себе - што сум јас? Ако не сега - кога?
03.08.2011, 12:52
AnnaMolly RR
6409
Мал е за да помага, само одмага најинтересен ми е кога ќе ја види правосмукалката, веднаш седнува врз нејзе и се вози додека јас чистам. Си прави „буууууу“ (демек вози) и си ужива.
_____________________________
Live and let live
03.08.2011, 18:32
Snowhite RR
5042
Михаил е педантерија невидена, ако види алишта оставени, веднаш ги средува во неговата фиока, ако се негови, или од корпата за нечисти алишта ги става во машината, ако нешто истури одма бара крпа да избриши, мети со метла, заедно бришиме прашина, кога спружирам алишта ми подава штипки, ако истури грицки, го карам и го терам да ги собери и сите ги собира, играчките кога ќе заврши со играњето, ајде му велам сега прибери ги, и ги собира сите, ако види чаша или тањирче валкано, веднаш го носи кај чешмата за миење, памперсот кога го сменуваме веднаш на тераса го изнесува, ако најди капаче веднаш бара од што е да го затвори. Значи треба се да биде под конец, се средено, тешко мене со уште една педантерија дома
< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 3.8.2011 18:33:05 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
14.10.2011, 12:30
Felly RR
7977
Во последно време Матеа е влезена во некој филм, само бриши. Ми бара едно влажно марамче, и почнува: подот, масата, телевизорот, бриши, риба се што ќе и дојде на патот. Денеска и една книга бришеше : мече, бриш, бриш, чи(с)то, по, бриш, чи(с)то, и се така по ред
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
02.03.2012, 13:43
vezilka RR
4931
ИЗВОРНА ПОРАКА: zami
Jas nesakam sin mi da porasne vo maz koj ke bide zavisen od svojata zana ili majka za da go isperat, ispeglaat i sl. samo od taa pricina se obiduvam i ke prodolzam da se obiduvam da go naucam sto poveke mozam, za da moze site raboti vo domot samiot da si gi zavrsuva.
A i nemislam deka zenata (nekoja vasa kerka, moja idnaa snaa) e dolzna da se grizi za mojot sin, samo zatoa sto jas sum mislela deka toj e MASKO
И јас сакам Никола да биде способен сам да се грижи за себе, за домот и за домашните. Бидејќи и татко му го може и го прави истото имаме кворум околу тоа прашање. Сега е сеуште мал да му давам задолженија, ама веднаш кога ќе биде способен ќе добие домашни задолженија. Сега за сега само навечер пред легнување заедно ги собираме играчките по кутии, од тука почнав. Секако сакам да го научам дека тој е одговорен за своето катче, понатака неговата соба и сл. Тоа катче тој сам ќе си го средува, чисти и одржува. Битно ми е да свати дека сите членови на семејството се одговорни за одржување и функционирање на домот а не само еден.
02.03.2012, 13:55
Mihaela 2010
4230
I M uste koga bese pomala projavuvase zelba da mi se pletka okolu nekoi raboti koga sreduvav i cistev.Epten saka da pomaga,koga pruzam alista taa mi gi vadi i edno po edno mi gi podava da gi pruzam,koga peglam saka i taa pa i kupiv pegla igracka i taka zema alista od kuklite i epten precizno gi pegla i gi dipli.Ke najde nekoe maramce i ja brise masata i slicno.Koga sedi vo hranilkata ako slucajno od hranata i se iskape mi bara salfetka da go izbrise..navecer pred legnuvanje obavezno mi pomaga vo sreduvanje na igrackite gi stava na svoe mesto,demek odat igackite da nanaat..neznam pretpostavuvam deka sekoe dete na ovaa vozrast,bez razlika dali e masko ili zensko go pravi toa,daj boze i koga ke porasne da e takva,ako nisto drugo svojata soba da si ja sreduva
02.03.2012, 16:24
miana
6152
eve denes so kerkami zaedno dzogiravme ..Eden dzoger nea,eden mene ( morav za da ne se luti ) jas dzogiram ,a ona pominuva posle mene :)
12.04.2012, 20:34
Pepelaska *
3820
Пошто Мартин е цело време со мене и ме гледа се што правам почна да имитира.Зема крпи бриши , ја става ракавицата за жешко на рака, меша со лајци, некогаш и тепихот го риба со влажно марамче.Некој пред некое време ми рече леле засрамота машко е ова или девојче. И многу се изнервирав.Секако дека тој ништо не помага и работи ( само одмага и шлака) ама му се ствара може некоја навика што и како се прави.Заедно го местиме креветот, пружуваме алишта и слично. НЕ сакам утре кога ќе се ожени снаата да вика леле ништо не знае да прави, што има врска ако е машко или можда грешам?
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
13.04.2012, 17:30
niki
4299
ИЗВОРНА ПОРАКА: Pepelaska RR што има врска ако е машко или можда грешам?
Ne gresis, neka znae i neka stvara navika da pomaga, utre ke te saka snaata.
Nie prejdovme na pavenje kolaci, torti i testa zaedno. Mesime, suceme edna pokraj druga. Koga pravime nesto meri na vaga, izmerenoto go stava zaedno so drugite sostojki, i kazuvam da izvadi od frizider sto treba i me slusa. Samo prasuva: A jas kako da pomognam? A sega sto veli receptot sto da stavime? Pravevme krofni nekolku pati i posle edna prijatelka mi veli vo testoto da sum stavela ispasirana banana mnogu ke bil ubav vkusot. I minatiot pat koga pravevme vikam sega ke stavime i banana vo krofnite a taa: Aaaaaaaa neeeeee ne pisuva toa vo receptot! Stravot od bucenjeto na mikserot go nadminavme pa sega taa go drzi koga matime nesto. Uste od usisivacot da go nadmineme i epten domakinka i odmena ke si imam, imate nekoja ideja kako?
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
25.12.2012, 15:07
vezilka RR
4931
Малку напреднавме со обврските. Освен собирањето на играчките, сега кога се чисти и тој добива крпа да брише. Заедно местиме маса за ручек. Додека јас мијам садови, тој брише маса, шлака со крпата по маса и столици, ама важно брише, сабајле заедно местиме кревет и слично. Многу ми е важно да научи дека во еден дом сите имаат по некои обврски.