Бидејќи многу рингерајчиња веќе пораснаа, а се надевам и ќе ни се приклучат мајки на поголеми дечиња ја отварам темава за мајките да си разменат искуства.
Еве еден убав текст:
Секое дете на оваа возраст си има свој дневен биоритам и сој систем на исхрана.Научниците со многу научни тези покажале и докажале дека децата во периодот од 3 годни до предшколска возраст, чинат својствена аверзија кон храната и одредени нутритиви.Сето тоа го гледаат и сондираат од сопствените родители кои на трпезата форсираат одредена исхрана и одредени продукти.На пример ако мајката има аверзија кон печурки несвесно или ненамерно ги исклучува од секојдневната исхрана.
Катастрофална грешка.Печурките се идеална замена за месо затоа што се богати со протеини.Идеална замена се затоа што ги содржат сите масти како и месото но сепак се многу поздрави.
Како треба да изгледа исхраната на едно дете?
Доручек: најдобро е да се започнува соприродно исцеден сок од овошје и зеленчук, разблажен со вода и една лажичка мед или малтекс.Дајте му на детето 4 сезонски овошја.
Потоа дајте му житарка во која ќе има сушено овошје или неговиот омилен доруче.Но тоа не смее да бидат конзевирани продукти како паштети,виршли, маргарин,пржени јајца,салами, мајонез.Може лепче со маслинов путер, домашен џем,свежа салата.Наместо млеко форсирајте АБ ултура, односно Био јогурт.Ужината нека биде нешто лесно кое нема да му го засити желудникот пред ручекот.
Што за ручек?
Ручекот е главниот оброк на вашето дете.Македонскаа кујна изобилува со разновидни специјалитети.Ако направите едно недело мени на исхрана, ќе бидете побликсу до посакуваната цел а тоа е 30 дена во месецот ниту едно јадење да не ви е повтори.
на менито треба да има риба, квалитетно месо,печурки, грав, лежа,грашок,соја,боранија,ориз,компир,пченка,плаента,пита,просо, јачмен.....Било каков ручек да има секогаш треба да има свежа салата.Учете ги децата да јадат дајкон, цвекло,ротква, пашканат....Овие се извор на енергија.
Учете ги децата да јадат варива.
Темелот за начин на исхрана е во оваа возраст.Аверзијата кон грашок,леќа,боранија настанува во оваа возраст.Не потклекнувајте.Учете ги наместо смоки ,чипс да грицкаат свежи бадеми, ореви , лешници, семки од тиква , сончоглед.
Немојте после ручек на децата да давате торта или колач.Ако имаат соодветен оброк правилно искомбиниран нема потреба од десерт.
Ако се прашувате дали на детето да му дадете лепче со ручекот одговорот е да.Да, самоа ако има потреба од тоа.Лебот не треба да е бел и се дава само во комбинација со грав леќа,грашок и боранија.Никако со риба, месо, јајца,млечни производи.
Вечера?
Вечерата треба да е комбинирана различно од ручекот.Ако на пример основа на јадењето биле протеини ( риба) за вечера нека бидат јаглехидрати и обратно. Вечерата треба да биде обилна и богата со свежа салата.Не треба да е пренатрупана со многу тешка храна.
Секојднево внесувајте им здрава и правилна исхрана на тој начин ќе бидат здрави и посреќни.Имунолочкиот систем ќе им биде јак и здрав а и неподложен на вируси , бактерии и други заболувања.Научете ги храната да им биде задоволство и уживање а не опсесија и оптоварување.
Извор: Доктори.мк
Автор:Тања Турунџиева Станкоска
< Поракaта ја уредил Pepelaska RR -- 6.1.2013 13:14:07 >
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !