за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Откако ќе си дојдите од работа, после ручек, миење садови и средување наваму, натаму, дали практикувате да си прилегнете, да фатите малку дремка или немате таква навика? Јас искрено немам навика да преспивам, и да сум во 5 или 4 часот сабајле станата, неможам да заспијам преку ден, башка што сега и не можам со мало дете
< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 20.3.2012 18:38:02 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
20.03.2012, 17:45
Snowhite RR
5042
ПОПЛАДНЕВНА ДРЕМКА
Било какoв сон, па дури и кратката попладневна дремка, се чини како добра опција за оние кои имаат проблем со спиењето. За оние кои патат од сериозна несоница или имаат проблем со заспивањето навечер, попладневната дремка може да биде контрапродуктивнa. Пред да одлучите да дремнете малку кога ќе се вратите од работа, размислете дали тоа ќе влијае на ноќниот сон.
Ако немате проблеми со спиењето ноќе, кратката дремка во попладневните часови може да ви помогне полесно да ги издржите напорните денови. Резултатите од истражување кое било спроведено во 2008-ма година, покажуваат дека попладневната дремка од околу 45 минути го подобрува памтењето. Резултатите од други истражувања покажуваат дека дремката го намалува крвниот притисок. Дремката од попладневните часови влијае позитивно и на оние кои патат од нарколепсија, како и оние кои работат во смени.
Ако имате проблеми со заспивањето навечер, тогаш попладневната дремка би била проблем, иако се чувствувате уморно во текот на денот. Кога веќе имате таков проблем, докторите велат дека попладневната дремка дополнително ќе ви го расипе ноќниот сон. Ако константно се борите да не заспиете дење и „за секунда“ заспивате ноќе кога ќе си легнете, можно е да патите од синдром на опструктивна апнеја при спиење, состојба која се карактеризира со паузи или привремен престанок на дишењето во текот на сонот. Во овој случај, задолжително избегнувајте ја попладневната дремка. Оваа болест обично е хронична болест, но понекогаш може да има и прогресивен тек. Доколку не се лекува адекватно, луѓето кои патат од истата се поспани преку ден, имаат потешкотии со меморијата, а се зголемуваат и ризиците од потенцијални компликации.
Треба да се консултирате сo доктор доколку забележите: гласно `рчење (кое ви пречи дури и вам), недостаток на воздух (поради што се будите од сон), паузи во дишењето (кои траат 10 секунди или повеќе), поспаност во текот на денот… `Рчењето е најизразено при спиење на грб, а многу помалку присутно во други положби на телото.
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
20.03.2012, 18:11
Џесика
2036
Дефинитивно мм го има овој синдром... може да заспие било кога. Еве го и сега спие, ако не дремне попладне не го бива,ма не се ни случило да не дремне попладне. Хрчи ко луд, си спие во детска за мој сон, а некогаш и од таму ме буди па одам да го продрмам за да прекине. За разлика од него, јас не можам да спијам попладне. Не дека не ми се спие, ама после главата ќе ми пукне. Некогаш успевам да дремнам само 5-10 минути и доволно ми е, онака кризата колку да ми помине, повеќе не ми треба и не ни сакам, а и со напорново дете шо на 10 минути само бара нешто, и само од мене, тешко дремка. Шо да праам, научена од студентски денови, до 3 по кафиќи, во 7 на нозе
_____________________________
Жената по природа е АНГЕЛ, но ако и ги скршат крилата таа лесно ќе научи да лета на метла!!!
20.03.2012, 18:21
mamicki
1111
Jas spijam preku den samo ako sum bolna , a mm- bi spiel i sekoj den, eve vo posledno vreme mu e hit popladnevno prespivanje so bebeto, demek, go uspiva Sega spijat od 16.30 i uste ne se stanati!
20.03.2012, 18:38
mila mama
1616
Одамна не сум дремела на попладне, макар што радо би дремела. Туку се нема време со Е. дома... А не да ми фали...
_____________________________
Razbirlivo e deteto da se plasi od temninata... No, ne e razbirlivo vozrasen da se plasi od svetlinata.
21.03.2012, 09:37
Luci
2250
Пред да се омажам и те како си дремнував после работа, ке ручав и правец у кревет. Ама сега, ретко, мнооогу ретко, дали еднаш или два пати во месецот.
_____________________________
Рани куче да те лае!!!
21.03.2012, 11:30
Pepelaska *
3820
Никогаш ми се нема случено да заспијам преку ден оа макар и да паѓам за спиење, може кога ќе остарам и ќе немам обврски
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
21.03.2012, 11:45
bombica
917
Попладневна тешко ама предпладневна дремнувам Обично П ова време спие, јас го ставм месото да му се вари и дремнувам пола саат со него
21.03.2012, 11:48
Felly RR
7977
Јас кога беше Матеа бебе, првите месеци, си дремнував заедн со нејзе. Ама сега одамна ми се нема случено тоа, сè кога спие таа, јас гледам да завршам некоја работа.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
21.03.2012, 11:51
vezilka RR
4931
Ау, нема шанси да заспјам попладне колку и да ми се спие, дури и да паѓам за сон, после ми е уште полошо, ми се лоши глава ме боли катастрофа. Ама затоа мажле нема гајле спие попладне во било која позиција, седнат, легнат, полулегнат, во галама, Никола го буди, го шлапа тој пак презаспива, гајле нема.
21.03.2012, 11:54
Mihaela 2010
4230
Vakvo nesto kaj mene ne postoi bidejki nema koga..Se vrakjam od rabota vo 17 i 15 taka da me fakja vecerna dremka ,t.e vleguvanje u spalna i spienje do sabajle i toa uste vo 22 casot
21.03.2012, 12:04
AnnaMolly RR
6409
Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне. Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа. Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре
_____________________________
Live and let live
21.03.2012, 12:04
JovanaJ
911
ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR
Откако ќе си дојдите од работа, после ручек, миење садови и средување наваму, натаму, дали практикувате да си прилегнете, да фатите малку дремка или немате таква навика?
Doagam doma od rabota vo 18 casot. Pa dodeka jadam i izmijam sadovi , podraskrenam nesto doaga 7.30 nekogas i 8. Nema koga i da sakam da legnam
_____________________________
You can never make the same mistake twice, the second time you make it it''s no longer a mistake, it''s a choice!
21.03.2012, 12:23
penelopa
3419
Леле исто никогаш ама баш никогаш не сум можела да спијам попладне . А мажле и редовно спијат заедно за викенд јас тогаш си се улепшавам
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне. Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа. Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре
_____________________________
"When planning for a year, plant corn. When planning for a decade, plant trees. When planning for life, train and educate people."- Kuan Tzu
21.03.2012, 12:46
Emanuelapp
200
Се нема време за таков луксуз , па и во сабота и недела кога сакам да преспијам не можам чекам Ј да заспија па да расчистам малку јадење да направам и ништо од мојата дремка
21.03.2012, 16:01
Snowhite RR
5042
И мене ми е тешко ако преспијам, ме боли глава, како зашеметена сум, а сум забележала ако успеам да дремнам само пола саат ни минута повеќе, после сум посвежа, ама ретко можам толку кратко, затоа не ризикувам. А мм е приказна за себе, тој ако легни не преспива, туку спија, ќе си се наспија 5-6 саати и ќе стани кога е време за спиење. Затоа и тој често ја избегнува, т.е. јас не го оставам да легни
< Поракaта ја уредил Snowhite RR -- 21.3.2012 16:02:12 >
_____________________________
Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away
21.03.2012, 16:35
kikicka
4218
исто или дремам на рр ...а преспивам ептен ако сум отепана инаку ако преспијам после незнам каде сум ми треба едно кафе јако да ме свасти и мнг време за да станам подвижна.
ИЗВОРНА ПОРАКА: penelopa
Леле исто никогаш ама баш никогаш не сум можела да спијам попладне . А мажле и редовно спијат заедно за викенд јас тогаш си се улепшавам
ИЗВОРНА ПОРАКА: AnnaMolly RR
Леле, никогаш ми се нема случено да дремам попладне! Еве да речеме во годината максимум еднаш спијам попладне. Мм нема шанси да помине еден ден, а да не дремне. И кога е на работа доаѓа дома во 17 часот и до кај 18 спие. А кога сме дома преку викенд обавезно после ручек со Филип и двајцата спијат по 2-3 часа. Ако спијам попладне кога ќе станам мислам воз ме прегазил, нема шанси да се освестам и се ми е чудно, како да дошло утре
_____________________________
Најважната работа која таткото може да ја направи за неговите деца, е да ја сака нивната мајка."
21.03.2012, 19:07
Pepelaska *
3820
Леле Сноувајт мм е ист како твојот пред некој ден легна во 6 и стана во 12 пак си прилегна и сабајлето од 6 и пом ме стана , и јас веќе не го оставам
_____________________________
Жената која мисли дека е интелигентна се бори за еднакви права со мажот. Жената која е интелигентна не го прави тоа !
21.03.2012, 22:38
Bogdancanka
5422
pospanost uf definitivno do 15h edvaj izdrzuvam i se pocesto posle 15h legnuvam da spijam ama ne mi e nisto cudno zasto jas sum spanka odkako znam zasebe... moze ako mm ne me razbudi da go prespijam i cel den...bas sum spanka...
_____________________________
Човек не мора секогаш да биде херој ама може секогаш да е човек........
25.03.2012, 03:41
ananikol
1568
ИЗВОРНА ПОРАКА: Џесика РР
Дефинитивно мм го има овој синдром... може да заспие било кога. Еве го и сега спие, ако не дремне попладне не го бива,ма не се ни случило да не дремне попладне. Хрчи ко луд, си спие во детска за мој сон, а некогаш и од таму ме буди па одам да го продрмам за да прекине. За разлика од него, јас не можам да спијам попладне. Не дека не ми се спие, ама после главата ќе ми пукне. Некогаш успевам да дремнам само 5-10 минути и доволно ми е, онака кризата колку да ми помине, повеќе не ми треба и не ни сакам, а и со напорново дете шо на 10 минути само бара нешто, и само од мене, тешко дремка. Шо да праам, научена од студентски денови, до 3 по кафиќи, во 7 на нозе
30.11.2012, 22:14
zzaa
884
pa si dremnuvam cesto denski ke ja uspijam malata i ja po nejze za sekunda zaspivam e ako imam rabota nesto po doma ne spijam i koga odev na rabota posle rabota obavezno si nanav
30.11.2012, 22:31
majka na eva
309
не спијам секој ден попладне,но понекогаш неможам да издржам а да не дремнам.некој ден уште од сабајле ми почне КАТАСТРОФАЛНО,и не можам да функционирам нормално ако не преспијам малку-а потоа сум како нова единствено така ми се одмора мозокот и тогаш се исклучувам од се да не мислам на ништо,на проблемите и тоа кај мене не е попладневна дремка,туку ПЛАДНЕВНА,обично дремнувам накај 12-13ч.
22.09.2013, 10:18
Felly RR
7977
Попладневна дремка: Колку е најдобро да отспиете?
Доколку имате навика или потреба да отспиете во попладневните часови, сигурно ќе ви бидат од корист овие кратки совети. Колку треба да спиеме? Половина час, час или…?
10-20 минути – ова е таканаречената Power Nap, односно дремка за враќање на енергијата. Меѓутоа, ќе останете во „плиток” сон, така што откако ќе станете треба малку да потседнете додека дојдете при себе.
30 минути – според некои истражувања спиењето половина час предизвикува чувство на мрзеливост, тромавост и физичка слабост, а понекогаш и главоболка. Научниците велат дека по половина час вакво спиење, треба уште најмалку толку време за да дојдете на себе.
60 минути – ова е идеален број на минути за спиење, доколку сакате да запамтите информации, имиња и факти. Еден час спиење ќе ве воведе во подлабока фаза на сон, а лоши страни се зашеметеноста и тетеравењето по спиењето.
90 минути – за час и половина, ќе поминете низ сите фази на спиење, што значи дека дури и ќе сонувате. Ова е идеална минутажа доколку сакате да ја подобрите емоционалната меморија или креативноста, така оваа количина на сон е идеална за креативците.
извор:Sky
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
22.09.2013, 10:21
Felly RR
7977
Мене обично 30 минути ми се доволни за враќање на енергијата. И баш сум свежа кога ќе се разбудам. 10 минути не ги ни сметам како дремка.
_____________________________
Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.
22.09.2013, 13:43
mommy_angels RR
1543
Откако ја имам А таа првата ми е луксуз,а не па повеќе. Среќна сум кока ќе си украдам и 10 мин