ИЗВОРНА ПОРАКА: JovanaJ
E sega na kraj mora da naglasam, nikako ne se soglasuvam deka gradinkata e dobro mesto za dete pomalo od 3 godini.
Znaci sum ZA gradinka, no isklucivo posle 3 godini, duri smetam (od licno iskustvo) deka e sosema dovolno dve godini pred da se pocne so uciliste da se posetuva gradinka.
Е, јас со ова не се согласувам. Го носам во градинка од 9 месеци и првите неколку месеци додека не прооди беа тешки, ама после тоа му е уживанција. Мислам дека што помало е детето, побрзо и полесно се навикнува на промената.
Мене детето во градинка ми го свртеа за 360 степени (и тоа на подобро). Беше невиден плачко, не спиеше ни секунда преку ден, не го интересираше ниедна играчка, сакаше нон стоп некој да биде до него...
По два месеци одење во градинка почна сам да си игра, да се анимира, да спие без апсолутно никаков проблем, воопшто немаше плачки по дома... Сето тоа е така зашто се научи дека не може некој цело време само нему да му обраќа внимание, научи дека може сам да си игра, дека може сам да спие...
ЗНАМ дека им викаат за да спијат, дека не ги анимираат многу-многу (особено помалите групи), ама јас лично од тоа видов корист.
Секој со своето мислење, ама во секој случај јас сум за што помало да се носи во градинка. Следното дете исто така од 9 месеци правец во градинка.
_____________________________
Live and let live