и скајпот го користам, ама во последно време повеќе сум на мсн
_____________________________
Ил смо само ту због рамнотежа меџу звездама.....
se slozuvam so katuska bravo za toj sto go izmisli skajpot
Najpoveke go koristam skypot....pa duri posle MSN,messinger,ooVoo......
Sepak stie se super......sekoj den da se slusas so bliskite e sito kako da ti se tuka do tebe...hahhah
_____________________________
You have to have a darkness....for the down to come!!!!!!
користам скајп кога можам
еве една новост што само што ја прочитав и страшно ме исплаши- па како ке се слушам со сите далечни другарки и роднини ако стане стварност
„eBay“ го укинува Skype?!
Компанијата за интернет телефонија „Skype“ би можела наскоро да престане да постои ако нејзиниот сопственик „eBay“ не успее на суд да се избори за правото на користење на технологијата која овозможува бесплатно телефонирање, вклучувајќи и видео повици.
„Skype“ го создадоа Швеѓаните Јанус Фрис и Никлас Зенсторм, а во 2005 година за 2,6 милијарди долари го продадоа на eBay, но технологијата остана во сопственост на нивната компанија „Joltid“.
Сега креаторите тврдат дека eBay го прекршил договорот и сакаат да им го скратат правото на користење на софтверот. Случајот би требало да се најде пред лондонскиот суд во текот на следната година.
Во меѓувреме, eBay тврди дека работи на развој на сопствен софтвер, но оти во случај овој обид да не биде успешен, ќе бидат принудени да го затвори „Skype“.
eeeeeeeee losa rabota ako se sluci toa.Jas postojano go koristam skypot da se vidam so brat mi vo Italija,i so braucedite.A be i msn koristam i preku nego moze da se cues i vidis ama ne e kako skyp.
go koristme site po doma i toa mnogu bidejki na mm brat mu e vo uk a imame i drugi rodnini i prijateli vo stranstvo
a jas isto taka mnogu koristam i facebook a vie????
еве што најдов случајно на нет.Текстов е од 10ти септември па може и да сте го виделе но еве:
Skype се прислушкува
Стручњаците за интернет безбедност од Symantec... предупредуваат дека е откриен нов "шпион" во форма на тројанец, кој ги снима и пренесува VoIP разговорите кои ги водите на Skype апликацијата за интернет телефонија.
Тројанецот кој се сретнува под името Skytap (Trojan.Peskyspy) ги напаѓа компјутерите кои работат под Windows 2000, 95, ME, NZ, XP, Vista и Windows Server 2003 оперативен систем.
Стручњаците велат дека овој тројанец не експлоатира никаква посебна слабост на Skype програмата, туку е вметнат во неа исклучиво поради големата популарност на Skype и неговата достапност насекаде.
Trojan.Peskyspy всушност им овозможува аудио стриминг во вистинско време на прислушкувачите, претходно конвертирајќи ги вашите разговори во MP3 фајлови.
Тројанецот е карактеристичен исклучиво за Skype и не може да се шири од компјутер на компјутер. Сепак, затоа што е јавно достапен од Symantec не ја исклучуваат можноста дека тој би можел многу лесно да "мутира" и да стане далеку поопасен.
Најдобар начин да се ослободите од ова мало и непријатно "шпионче" е редовно да го апдејтувате вашиот сигурносен софтвер, велат од Symantec.