ИЗВОРНА ПОРАКА: danced
имам стерилизатор од Линдам кој е за 8 шишиња и ги стерилизира за 8 мин. многу корисна работа.
И јас го имам овој, одличен ми е. Го уклучувам или еднаш дневно, или еднаш на два дена, со стаклени шишенца. Не го купив, од золва ми е. Искрено, не ни мислев да купувам, мислев дека вриењето ќе ми заврши работа со оглед на тоа што малиот го дохранувам по потреба, ако ми бара уште млеко после цицањето, а тоа сега и не е така често. Само навечер пред спиење му давам цел оброк од адаптирано млеко, а освен тоа, шишенцата ги користам и да му давам вода (сега повеќе и почесто му давам, поради жештиниве).
Инаку, мислам дека го има во Бебе Супермаркет, ама не знам колку чини.
И да ве прашам мамички, до која возраст на бебето ги стерилизиравте шишенцата? Јас прочитав некаде дека требало до 8 месеци, но мислам дека може и порано да се престане.
_____________________________
All that is gold does not glitter,
Not all those who wander are lost;
The old that is strong does not wither,
Deep roots are not reached by the frost.