за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали сеуште и во бракот се бакнувате со партнерот како некогаш?
Дали практикувате француски или брз и романтичен бакнеж?
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
24.09.2009, 08:26
mami
8680
се практикуваме...
24.09.2009, 08:31
Палешка РР
7505
Нормално. Секоја страст својот врв го достигнува во бракот.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
24.09.2009, 10:06
big_mama817
1331
se slozuvama so gor napisanite postovi
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
26.10.2009, 15:47
niki
4299
Додека си бевме во врска ни се има случувано на јавно место да се излигавиме страсно, пред очите на светот, без срам и перде. Сега ваквите изливи на емоции само во спална ни се случуваат кога е на повидок секс, а по тоа прашање знаете како стоиме па и бакнежите слабо. Инаку знае преку ден да ме изненади кога ќе си дојде од работа и наместо само да ме бакне да ме почасти и со јазикот и да се смееме. А вчера многу врнеше и изненадно снема струја и се зезам јас нема бегање сега у темница, сакаш нејќеш мораш. Ама не ми беше до секс него сакав само да се љубиме онака тинејџерски, знаете како, де. И ми вика нееееее никако, не измив заби неможам, незгодно ми е. Лелллллллееееееее мајко ко прв пат да му е да не измие заби. Ама друг пат ми вика ќе си ги исчачкам со чачкалица, а сега ни тоа имам во меѓу заби месо, неможам. Смешки живи у брак сме 3 и кусур години и нему му текна дека не измил заби.
Ајде пријавете кој мие заби пред бакнување?
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
26.10.2009, 18:09
ripce
2148
Ајде пријавете кој мие заби пред бакнување?
Пред да одам во кревет кога си очекувам нешто Немој да помислите дека кога не очекувам, не ги мијам забите пред спиење
< Поракaта ја уредил anica -- 26.10.2009 18:10:04 >
26.10.2009, 18:14
ostoun
436
Pa normalno so brakot strasta voopsto ne se namali
26.10.2009, 18:24
Bogdancanka
5422
има страсни бакнежи се рабира обожавам
26.10.2009, 19:05
sakibukic
137
niki ако треба пред секое бакнување да се мијам заби ќе треба да остана во купатило и појке време ќе изгубав во миење однего да ја бакнувам. Јас сум за секакви бакнежи некогаш ми идет да ја изедам.
26.10.2009, 21:37
Cacko
1127
Normalno deka ima sekakov vid na baknezi,dolgi,kratki,slatki...
27.10.2009, 09:17
profesorica
5709
хаха и мм некогаш мие заби -културен си е човекот ама тоа само кога очекува да ме легне, инаку не.а страсни бакнежи имаме многу и ги обожавам и тие се се поубави и подолги се со тек на времето
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
27.10.2009, 16:49
niki
4299
ИЗВОРНА ПОРАКА: sakibukic
niki ако треба пред секое бакнување да се мијам заби ќе треба да остана во купатило и појке време ќе изгубав во миење однего да ја бакнувам. Јас сум за секакви бакнежи некогаш ми идет да ја изедам.
Ај иди по пиперки ме изнасмеа
Не пред секое бакнување, туку пред оние страсни, француски бакнежи...... таман работа у образ ако ме бакнува и да трча у вц да мие заби, ќе го пратам на психијатар.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
27.10.2009, 16:56
Еца
6692
секое страсно бакнување завршува со секс, затоа некогаш набрзина ќе си го бацнам во образ или ке му украдам бакнеж и фитил ќе ме снема, де во кујна, де во купатило, ама знае и таму да не начека
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
12.11.2009, 14:05
profesorica
5709
Седум ефекти на бакнувањето
Дали сте знаеле дека бакнувањето може позитивно да влијае на вашето здравје? Бакнежот го намалува крвниот притисок, троши калории и ве прави среќни, а може и да ви открие дали личноста со која се бакнувате е вашиот идеален партнер. Прочитајте како!
Што е бакнежот? Еве една убава дефиниција за вас: 'Бакнежот е пријатна, ненаметлива порака за тоа дека две здружени глави се подобри од една осамена.' Бакнежот открива многу работи.
Ако се уште мислите дека бакнежот е еднаков на пристојното ракување, еве конкретни докази кои се резултат на едно истражување во Русија и сведочат за спротивното.
1. Бакнувањето го регулира кардиоваскуларниот систем и го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол.
2. Бакнувањето стимулира повеќе од 30 мускули на лицето кои се одговорни за мекоста на кожата и го зголемува протокот на крв кон кожата на лицето.
3. Пет секунди на бакнување ќе потроши 12 калории.
4. Со бакнување се спречува појава на хормон за стрес кој е крив за висок крвен притисок, мускулна слабост и несоница.
5. Бакнување е природен лек за некои микроби затоа плунката ги напаѓа нив. Како? Плунката содржи бактерии кои се заеднички кај 80% од луѓето, додека 20% од луѓето имаат единствена композиција. Со размената на плунката, го стимулирате имунолошкиот систем да го прилагоди својот одговор на бактериите на кои сте изложени. Резултатот е производство на антитела кои ве штитат вас против микробите. Овој процес се нарекува вкрстена – имунотерапија.
6. Со бакнувањето, вашиот мозок може да анализира колку сте компатибилни со таа личност. Дали воопшто некогаш се случило да бидете многу посигурни што ви се допаѓа или не ви се допаѓа кај некоја личност, само откако сте ја бакнале? Хмм...
7. Последно, но не најневажно: бакнувањето е лек против икање.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
12.11.2009, 16:55
Mila na mama
1152
Ма по дома се лигавиме ко тинејџери ама детето расте па мора да се ставаат граници на пристојност.
_____________________________
love u all
03.12.2009, 02:03
mami
8680
и ние знаеме да се опуштиме и тогаш Лука не враќа во реалноста, се бутка меѓу нас и мести обравче да го бубнам и него
03.12.2009, 02:06
S*B*
309
нашето синче е мало па сеуште мжеме да си се лапкаме без ограничување освен кога ќе почне да плаче па мора да земием тајм аут
08.05.2011, 17:02
Maca25
7558
Ние скришно мора да се бакнуваме, затоа што малава не му дава на мм да ме бакнува. Го бутка и вика дека сум била само нејзина Мама. Откако ќе заспие ние надокнадуваме
_____________________________
To be a mother is to know how it feels to have your heart walk around outside your body...
08.05.2011, 17:13
Martins mom
3342
Еееее...како ми фали страсното бакнување Појма немам зошто мм го исфрли од кога се роди И кога ќе му преречам зошто бе не се бакнуваме, он ќе ми одговори Ај ма не се прај ко децата Е шо, само децата ли се бакнуваат страсно Кога јас ќе се обидам да го бакнам француски, се смее и ме трга И ете ти кавга Страсно се бакнуваме само пред или за време на секс, инаку не, не знам зошто, а би сакала да знам.
_____________________________
Никој не може да го осуди мојот избор, ниту моето мислење. Затоа што никој не ги пробал моите чувства, ниту моите болки.
08.05.2011, 17:22
Палешка РР
7505
Многу сакам да се бакнувам, не мора ништо друго, ама без бакнување не можам
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
09.05.2011, 21:56
AnnaMolly RR
6409
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Еееее...како ми фали страсното бакнување Појма немам зошто мм го исфрли од кога се роди И кога ќе му преречам зошто бе не се бакнуваме, он ќе ми одговори Ај ма не се прај ко децата Е шо, само децата ли се бакнуваат страсно Кога јас ќе се обидам да го бакнам француски, се смее и ме трга И ете ти кавга Страсно се бакнуваме само пред или за време на секс, инаку не, не знам зошто, а би сакала да знам.
Исто!
_____________________________
Live and let live
09.05.2011, 22:02
Viktori
5329
Дали сеуште и во бракот се бакнувате со партнерот како некогаш?
Дали практикувате француски или брз и романтичен бакнеж?
е кај има бе брз и романтичен бакнеж??? Кај е романтиката во брзината? Инаку ние си се лигавиме редовно. Дење, ноќе шо има везе? Ептен гледаме да не не гледаат децата, ама оти се големки има шанса да не види некое и мутаво да се направи
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
10.05.2011, 10:24
lukas
2148
nekolku pati nedelno da,poketo pred spienje,edno malo mazenje,a onaka brzinko bacuvanje ima na kupovi vo tekot na denot...i sekogas se seguva go bacuva lukas i aj i mama da ne se naluti,hehehe,toa go ima poke odkolku seeeeeeeeeeeeeeeeeeexxxxxxxx,sakam obratno...hehehhehe
_____________________________
Неможите да бидите храбри ако не сте повредени.Неможе да научите ако не сте погрешиле.Неможете да бидете успешни ако не сте доживеале неуспех.
10.05.2011, 11:37
anedespo
940
Podolgo vreme ne go praktikuvame, ama i ne mi nedostiga. Cudno.
10.05.2011, 11:41
prettygirl
398
ИЗВОРНА ПОРАКА: Martins mom
Еееее...како ми фали страсното бакнување Појма немам зошто мм го исфрли од кога се роди И кога ќе му преречам зошто бе не се бакнуваме, он ќе ми одговори Ај ма не се прај ко децата Е шо, само децата ли се бакнуваат страсно Кога јас ќе се обидам да го бакнам француски, се смее и ме трга И ете ти кавга Страсно се бакнуваме само пред или за време на секс, инаку не, не знам зошто, а би сакала да знам. hahaha isto kako jas da sum go pisala ova , ama jas znam da go nacekam ubavo nekogas i ne go pustam duri ne vozvrati
_____________________________
Ona sto moze da go donese momentot, ne moze ni celiot zivot