за да обезбедиме он-лајн сервис, анализа на користење, системи за рекламирање и функционалности нема да можеме без употреба на колачиња. Со континуираното користење на страницата, се согласувате со колачињата.
Дали ве нервират понекогаш вашите најмили и најсакани дечиња знат ли да ви танцуват по нервите? Мојот на пр. да и тоа највеќе кога се мази пред некого и такви сл. ситуаци. Какви се вашите дечиња?
< Поракaта ја уредил big_mama817 -- 19.10.2009 11:42:13 >
_____________________________
Децата се најголемо богаство :)
19.10.2009, 11:44
mother 29
4405
па ,нормално....кога по сто пати кажувам нешто да не прави,а тоа упорно , од инает!?
19.10.2009, 11:50
nadica
4381
леле тол ку ја сакам а таа знае да ме извади од кожа
еве сега се научила ако ја карам да удира и кога ќе и викнам одма гали и бакнува да незнаеш дали да се смееш или да плачеш
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
19.10.2009, 11:57
profesorica
5709
Дамјан исто ми се смее кога го карам, освен ако не се раздерам ептен па тогаш прави сериозна фаца.многу често ми оди на нерви, се што не треба фаќа и знае дека не смее и пак намерно ми прави.незнам можеби е мал за да свати, ама се му е заебанција.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
19.10.2009, 12:00
Sara
162
Да ми оди на нерви кога во 4-5 часот наутро ги отворил очите како џамлии и после 1 саат успивање го ставам во креветче и тој клоца кенка мажот ми вика шилци да не имаш во креветот, ќе почнам да се сомневам во подземни води хаха. И на крај се откажувам и го земам со нас во кревет - лоша навика
19.10.2009, 12:02
nadica
4381
мали???? да мали се ама како знаат што смеат, а за што несмеат да незнаат? знаат тие ама си проверуваат за секој случај до каде им се границите и нам нервите
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
19.10.2009, 12:02
Iva
626
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
па ,нормално....кога по сто пати кажувам нешто да не прави,а тоа упорно , од инает!?
И мене тоа ми оди на нерви.
19.10.2009, 12:07
mis.
3845
ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica
Дамјан исто ми се смее кога го карам, освен ако не се раздерам ептен па тогаш прави сериозна фаца.многу често ми оди на нерви, се што не треба фаќа и знае дека не смее и пак намерно ми прави.незнам можеби е мал за да свати, ама се му е заебанција.
Професотиве изгледа не си толку строга па мисли дека си играте
19.10.2009, 12:07
niki
4299
Јас оттрпнав на тоа една работа сто пати да ја кажувам, си ја кажувам и не ме нервира. Ама кога ќе почне да кенка ако нешто сака, наместо убаво да каже што сака, е тука збеснувам тоа нервите од кожа ми ги вади.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
19.10.2009, 12:19
profesorica
5709
мореееее тој знае што треба а што не треба туку намерно прави, ама не сваќа кога му викам, ако викнам повеќе тој се плаши и прави фаца ко да ќе заплаше е тогаш ми се плаче и мене.а инаку јас сум построга од татко му.
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
19.10.2009, 12:20
Палешка РР
7505
Чекајте, назад ви се нервозите
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.
19.10.2009, 12:24
niki
4299
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка
Чекајте, назад ви се нервозите
А јас се си се тешам дека како расте се подобро ќе се разбираме и помалку ќе се нервираме.
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
19.10.2009, 12:28
nadica
4381
Ама кога ќе почне да кенка ако нешто сака, наместо убаво да каже што сака, е тука збеснувам тоа нервите од кожа ми ги вади.
страшно е како знаат да ни ги тестираат нервите
палешка не не плаши мила и мајка ми вика „мали деца мали проблеми, големи деца големи проблеми“ ама јас како да не и верувам
_____________________________
Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа... Биди Среќен!... Нека умрат од глад!!!
19.10.2009, 14:51
mother 29
4405
ама кога не дава да се облакаме и пелена да менуваме, е тоа од такт ме вади!ритање и опирање! жива вода станувам додека го средам!
19.10.2009, 14:57
profesorica
5709
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
ама кога не дава да се облакаме и пелена да менуваме, е тоа од такт ме вади!ритање и опирање! жива вода станувам додека го средам!
хаха и ние сме исти, се превртува на стомак а таман да му ја ставам пелената.мора да му дадам нешто ново/интересно во рака за да се занесе и да го облечам.инаку кај ти дава тој да го спастриш?!
_____________________________
Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))
19.10.2009, 14:57
ripce
2148
истата приказна и кај нас мотхер 29
19.10.2009, 16:15
Sara
162
ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29
ама кога не дава да се облакаме и пелена да менуваме, е тоа од такт ме вади!ритање и опирање! жива вода станувам додека го средам!
Охоо мене овој уште сега ми прави така пелена да сменам - никогаш не сум успеала како што треба ја местам како успевам па отпосле ја поправам А за облакање да не зборам, а дојде ред за ракави или не дај боше нешто преку глава да се облече - држ ме мајко работава хаха, незнам што ќе правам кога ќе порасне со каиши ќе се врзуваме за пресоблекување
19.10.2009, 16:53
Anushka
1392
мене моите деца нон-стоп ми идат на нерви. Ако ми досаѓаат, ме нервира зошто ми досаѓаат. Ако не ми досаѓаат, ме нервира зошто ме откачуваат... Велат, децата се како сидренца. Ќе те укотват на едно место, па неможеш да мрднеш ако тие несакаат. Имам два тинејџера и едно бебе. Од искуство, ќе цитирам една еврејска поговорка: МАЛИТЕ ДЕЦА ВИ СЕДАТ ВО СКУТ, А ГОЛЕМИТЕ НА ГЛАВА!
19.10.2009, 17:15
ananikol
1568
I jas imam tinejdzer doma i posakuvam sto go nosam da bidi kako nego koga toj bese mal,e togas bev mnogu ponosna majka ( i sega sum) ama sega sme vo pubertet
19.10.2009, 17:27
Bile
440
Mene mi odi na nervi pogolemata kerkicka i toa bas koga ke dojdat na gosti baba i dedo. Togas e najnemirna i se pravi sto ne i e dozvoleno a toa uzasno me nervira. Koga ke si otidat gostite nemozam deteto vo vinkla da go vratam.
19.10.2009, 23:13
STRUMFETA
566
uzasno me nervira koga so casovi go zaspivam,i samo sto go mislam dobro zaspal,i go stavam na krevet,toj gi otvara ocinjata.I se slucuva pravo da se nasmee,kako da veli,gledas pak 1:0 za mene.E togas neznam dali da placam,ili da se smeam od nervoza
19.10.2009, 23:19
Боцко
806
често. најмногу кога по сто пати повторуваш нешто и те гледа во очи и го прави. ако не викаш не пали, ако викаш не пали. ужас. а тоа со пелените и соблекувањето изгледа е генерациска одлика.
а една анегдота вели: кога децата се мали, толку се слатки што ти доаѓа да ги изедеш. кога ќе пораснат, криво ти е што не си ги изел, зашто тие тебе те јадат
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
19.10.2009, 23:23
STRUMFETA
566
bocko,odlicna anegdota
19.10.2009, 23:28
niki
4299
ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко
а една анегдота вели: кога децата се мали, толку се слатки што ти доаѓа да ги изедеш. кога ќе пораснат, криво ти е што не си ги изел, зашто тие тебе те јадат
Апропо ова јадењево имам обичај да и викам -Толку си слатка што ќе те изедам, а таа ми одговара - Мамо ја не сум кобасица па да ме изедеш
_____________________________
Sometimes two people have to fall apart to realise how much they need to fall back together
19.10.2009, 23:41
Палешка РР
7505
ИЗВОРНА ПОРАКА: Anushka
МАЛИТЕ ДЕЦА ВИ СЕДАТ ВО СКУТ, А ГОЛЕМИТЕ НА ГЛАВА!
Ете ти одговор ники
Навистина, син ми е мирен ама е тврдоглав (што е можеби добра особина), кога тој ќе замисли нешто јас можам и да дубам на глава, тој ќе најди начин да го реализира.
_____________________________
When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.