SI    HR    SR    BIH    MK  
Правила и услови за натпреварот »ТОП СЕМЕЈНИ ОДМОРИ 2011«

1. Основни правила
Организатор Дану д.о.о., Ул. Франца Млакарија 32, 1000 Љубљана, Словенија (во продолжение на текстот: организатор) организира натпреварување “Топ семејни одмори 2011” на регионалната мрежа на семејни веб портали www.ringaraja.net, www.ringeraja.mk, www.ringeraja.hr, www.ringeraja.ba и www.ringeraja.rs. Натпреварот на најдобрите туристички аранжмани за семејства и деца, ќе се одржи од 30.05 до 15.06.2011.

2. Награди
Организаторот, на крајот на натпреварот ќе ги прогласи победниците во 3 натпреварувачки категории и ќе одржи извлекување на 3 главни награди. Во секоја категорија ќе биде извлечен по еден добитник на главна награда, т.е. победничкиот аранжман. Во финалното извлекување ќе влезат сите учесници, кои гласале за победничкиот аранжман.

Награда 1: Победничкиот аранжман во категоријата “Семеен одмор на море“
Награда 2: Победничкиот аранжман во категоријата “Континентален семеен одмор“
Награда 3: Победничкиот аранжман во категоријата “Излети и кампувања”

Во согласност со законот за наградни игри или било кој друг закон, кој го уредува ова подрачје, во државата од која доаѓа добитникот на главните награди, добитниците треба да ги дадат сите потребни информации на организаторот, вклучувајќи и даночен број, најкасно 14 дена по добивањето на известувањето за наградата. Во случај да се појават трошоци за превземање на наградата, трошоците ги сносува добитникот.

Наградата не може да се замени за било која друга награда или пари. Секој корисник може да освои само една главна награда.

3. Услови за учество
Може да гласа секој поединец, државјанин на една од државите кои влегуваат во конкуренција на натпреварувањето (Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија). Малолетници може да гласаат само во согласност со нивните родители, односно законски застапници. Не е дозволено да гласаат правни лица.

Исто така, на вработените во организацијата на натпреварувањето и нивните потесни семејства не им е дозволено гласање на овој натпревар.

4. Натпреварување
Пред да гласате мора да се регистрирате односно пријавите, за да можеме транспарентно да ја следиме статистиката на гласањето, и на крајот да изведеме регуларно извелкување на главните награди. Регистрацијата не вклучува лични податоци, единствено треба да го напишете вашиот e-mail.

Траење на натпреварот: 30.5. – 10.6.2011
Гласање: 30.5. – 10.6.2011
Прогласување на резултатите и извлекување на добитниците: 15.6.2011
Валидност на наградите (победничките аранжмани): помеѓу 18.6.2011 – 1.12.2011

Извлекувањето ќе биде електронско, а во предвид ќе се земат само гласовите на оние кои гласале за конкретниот победнички аранжман. Секој корисник за 11 дена може да гласа 33 пати, по 11 пати во секоја категорија. Може да се гласа за еден или за повеќе аранжмани во категоријата.

5. Прогласување на добитниците и нивни обврски
Резултатите од гласањето ќе бидат објавени на 15 Јуни.

Истиот ден добитниците ќе бидат известени за наградите по пат на меил, додека нивното корисничко име (nickname), ќе биде објавено на сите портали. Доколку добитниците не се јават во рок од 14 дена, организаторот слободно рапсолага со наградата. Превземањето на наградата ќе се изврши по договор со организаторот и правното лице, које ќе ја осигура наградата.

Организаторот го задржува правото да на добитникот не му ја врачи наградата, доколку добитникот делувал спротивно на правилата. Доколку добитникот на наградата не сака да ја прими, организаторот нема никакви обврски спрема добитникот и има право слободно да располага со наградата.

6. Останати одредби
Гласањето на натпреварот автоматски значи прифаќање на правилата и условите на натпреварот. Добитниците на наградите, исто така, прифакаат да се објават нивните лични податоци и фотографија во јавното известување и на интернет, како дел од објавата на резултатите од извлекувањето, односно превземање на наградите и промоција на натпреварот.

Организаторот ги чува во тајност сите добиени податоци во согласност со прописите, кои во Република Словенија го регулираат чувањето на лични податоци. Организаторот смее да ги користи податоците само за целта за која се собрани. Корисникот или неговиот правен застапник, можат било кога да ја повлечат својата слогласност за употреба на личните податоци за активности на директен маркетинг.

Гласањето е завршено!
Победниците ќе бидат објавени на 15. Јуни.
Бидете со нас!