Maca25 -> RE: дали би се срамеле од околината доколку забремените сo IVF (30.11.2010 0:59:08)
|
Не би се срамела, него со гордост би ја кажувала мојата приказна. Јас многу лесно и брзо останав бремена, но да не се случеше тоа сигурно дека се би пробала за да добијам дете. Истото мислење го има и мм. Никогаш не би криеле и да е посвоено детето и да со IVF добиено. Тоа е дете, не е ништо поразлично од другите деца. Имам пријателка која долго време криеше дека зачнала со IVF. Таа и ми 10 години немаа деца, а изговор им беше дека сеуште се млади за деца и дека сакале да шетаат малце сами. Но, еден ден таа лута на нејзиниот маж, во муабет рече: Е, тој, не успеа ни дете да ми направи како што треба, се изнамачив. Тогаш сватив што е работата, но ништо не реков. Само не разбирав зошто 10 години кријеа дека не можат да добијат дете по природен пат?!? Нормално дека вистинските пријатели и во добро и во лошо би биле тука за нив, да ја споделат со нив секоја радост и тага, успех или разочарување, да им дадат некаков совет или пак поддршка.
|
|
|
|