LoveableMe RR -> RE: Дали би се срамеле од околината доколку забремените сo IVF (20.4.2015 13:38:08)
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Hopeful RR ...... кога со мм почнавме да соопштуваме на луѓе решивме да го надминеме локалното табу за ивф и да кажуваме отворено, дколку одговара контекстот. Чудо е колку луѓе ни се отворија со нивните проблеми и искуства, колкава поддршка добивме и на колку парови успеавме да им помогнеме со еден обичен разговор. Јасно, не напнавме и не им зборевме на сите, но решивме да не криеме, затоа што го гледаме ова како успех кој може баш да помогне на некој друг. Имаше и чудни, па и негативни коментари (дали сте сигурни дека се ваши [sm=smiley36.gif]), но тоа е, таква ни е средината. Бидејќи ние двајца не се препознаваме во типичниот мк/балкански менталитет, решивме да почнеме од себе и да зборуваме отворено со некој што има потреба од тоа...... Aбре ајде будала народ, сеуште постои тоа табу, гледам и во емисииве за ИВФ, туф дури и мажот изјави во една прилика во емисијата, ете природно забремени за трето дете, после успешно ИВФ, дојде и тој ден рече, е што бре, па овие претходниве нели се деца? Искрено, не е важно како ќе добиеш детенце, битно е да го добиеш, барем тоа е мојата девиза. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|