|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Месо
26.9.2009 13:49:36   
mis.
На која возраст почнавте со месо?Какво месо е најдобро за почето?Како го прифати вашето бебе?
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Месо
26.9.2009 14:07:56   
ripce
Во исхраната воведовме месо пред една недела (утре син ми ќе направи седум месеци), досега му купував готови Hipp каши со месо, а денес баш мајка ми купи телешко и пилешко и го свари во експрес лонецот, па ќе го ставиме во оние пластичните садови за мраз што се и ќе го замрзнеме, па коцките месо ќе ги користам при подготвување на каши со зеленчук за да не мора постојано да варам месо. Инаку педијатарот не советуваше дека може да јаде 2-3 пати неделно месо.

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Месо
26.9.2009 14:13:15   
BEBICA
Jas na Monika i dadov prv pat meso na 6.5 meseci pileski i sekogas taze vareno.bukvalno sekoj obrok nejzin e svez.Mesoto ubavo go prifati i go napraviv so kompirce i morkovce vareno i malku puter mu staviv.
podocna i vovedov junesko meso, pa telesko. riba so 9 meseci i toa bela riba oslic.

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Месо
26.9.2009 14:20:21   
srekna mama
Аница,имамкнига за исхрана на доенче и еве видов дека по 6-7 месец се дава месо итоа пилешко,мисиркино,зајачко,риба.телешко по 10 месец,а после 1 година и свинско,џигер(пилешки,телешки,јунешки)да се дава по 8 месец -има многу железо

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Месо
26.9.2009 14:22:46   
ostoun
Go prifati dobro samo mislam deka ne treba do godina da se stava ni maslo ni soluser posted image

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Месо
26.9.2009 14:27:29   
mis.
Аница мој совет е месото свежо да го исецкаш на коцкички и така да го распределиш по оброци и да го замрзнеш па да вадиш по потреба и да го вариш заедно со зеленчукот.Сокот при варење ќе остане внатре и ќе има секогаш свеж оброк.
Срекна мама јас во многу книги имам сретнато а и препорака на мојот педијатар е дека прво на 6-7 месеци се почнува со пилешко и телешко.Потоа мисиркино,јунешко на крај свинско и риба.Џигер после годинка.
Јас му давав по таков распоред и му го мешам со зеленчук во комбинации како јас што правам ручек за нас.Добро го прими и јаде.

(Одговор на членот srekna mama)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Месо
26.9.2009 14:40:53   
ripce
Педијатарот ни кажа, а и од други сум слушнала дека покрај пилешко и телешко даваат и џигер, мислев уште во старт кога воведуваат месо. Јас се мислев дали да му дадам џигер, најмногу заради крвта дека џигерот содржи железо, ама одлучив да не му давам, зашто педијатарот рече: "може џигер ама да се внимава каков и од каде е зашто може да направи повеќе штета отколку корист". 

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Месо
29.9.2009 12:04:30   
bordan
zdravo na site.Nie napolnivme 7meseci a jajce i meso uste nemame probano.Sakam da probame prvo so pilesko meso a potoa telesko pa jajce.Prvite nekolku pati ke mu dadam samo od vodata vo koja se vari mesoto no me interesira po kolku meso im davate na obrok oti sakam da mu zamrznam da znam po kolku otprilika i kakvo pilesko prvpat im davate.a jajca dali domasni im davate ili i od marketite moze Neznam od kaj da pocnam a veke sme golemiuser posted image kasicki jademe i kupecki i svezi(doma napraveni)ama meso uste ne sme ni probale

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Месо
29.9.2009 12:14:46   
mis.
Бордан па бидејќи месо воведувате за прв пат може само водичката кај што се варело месото а потоа за почеток помало парченце а понатака па отприлика по 50 грама.Изборот на месо ти е ок.Само воведувај нова хрна едно по едно со растојание меѓу нив за да видиш како ќе реагира на секое од нив.За јајце тука можеш да најдеш наши коментари
http://www.ringeraja.mk/forum/%D0%88%D0%B0%D1%98%D1%86%D0%B5/m_23666/tm.htm

(Одговор на членот bordan)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Месо
29.9.2009 15:54:46   
profesorica
Месо во исхраната на Дамјан воведовме кога имаше 6 месеци, и тоа црвено заедно со зеленчук.Супер го прифати, ден денес јаде секакво месо од пилешко до свинско без проблеми и тоа секојдневно.Ретко да се случи да пропушти ден.

_____________________________

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има :))

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Месо
29.9.2009 17:33:02   
nadica
даваме месо од 6-7 месец почнавме со пилешко па телешко, мисиркино, поретко риба и внатрешни органи а свинско уште не сме пробале но бидејќи надица цица не јаде туку само пробува user posted image

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот profesorica)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Месо
29.9.2009 17:54:28   
Палешка РР
Јас баш и не сум за толку рано воведување на месо..и општо, секојдневно не би давала. Има многу похранливи продукти од месото. А за џигер не би јадела ни јас, а камоли на дете да дадам user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Месо
30.9.2009 1:54:54   
daniel
ne bi trebalo uste od malo

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Месо
30.9.2009 8:28:09   
mami
леле луѓе јас на оваа тема сум катастрофа..јас не јадам месо и мноооогу ама многу ретко правам и дома и ако направам тоа е најчесто пилешко или нешто со мелено месо...
Лука свинско не пробал сеуште, телешко еднаш два пати и не му беше по ќеф, пилешко лани зимото јадеше додека му го правев во едни тортици од зеленчук, а сега вака свежо не го сака, ке треба да почнам изгледа пак со тортиците, гледам дека почнале тикви на пазар да се продаваат..

(Одговор на членот daniel)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Месо
30.9.2009 9:05:39   
mis.
мами нормално е навиките на родителите да се пренесуваат на децата вклучувајќи ги тука и лошите и добрите навики.Меѓутоа доколку се работи за исхраната треба нешто да направиш твојата лоша навика да не јадеш месо да не ја пренесеш на ЛУка.Месото е доста богато со железо а на Лука мислам дека му е потребно па почни да му даваш свинско телешко кои се посебно богаѕи со железо.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Месо
30.9.2009 9:08:24   
mami
а што ми е гас да го фаќам? леле пилешко ке спремам и мелено, ама свинско, телешкоuser posted image user posted image user posted image user posted image неможам да го фатам во раце а не да го спремам или да го терам Лука да јаде...ке го терам мм да му го спрема, мене ми е гад, навистина...

(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Месо
30.9.2009 12:43:56   
mis.
Постовите се преместени од форумот Дете од темата Месо секој ден???

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Ние му даваме на Дамјан месо секој ден.И тоа наизменично пилешко и телешко.Некогаш преку еден ден ако има риба наместо месо.
како е кај вас?

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ај едно прашање- а вие јадете месо секој ден?
тргнувам од мене- јас не сакам месо секој ден, па не му давам ни на Лука секој ден...Можеби сум и без врска бидејќи јадам само пилешко па и нему му спремам само тоа или мелено во вид на ќофтиња или мусака,а онака телешко има јадено ама не му е по ќеф,а свинско нема пробано онака чисто


ИЗВОРНА ПОРАКА: Bile

po voveduvanjeto na taa namirnica mislam na mesto i jas davav cesto skoro sekoj den meso se do 2 godini. Potoa ppocnav da ja hranam so se sto jademe nie i znaci koga imame meso za rucek jademe site koga nemam ne gotvam za nea specijalno.

ИЗВОРНА ПОРАКА: jovanka

I nie skoro sekoj den i toa telesko 4-5 pati 1 pilesko i ednas jajce kako zamena na meso no ne go obozava bas mnogu. So riba se uste ne sme pocnale iako za dva dena ke polni 10 meseci bidejki se preporacuva vnesot na riba pomegu 10-12 meseci. Ajde koj ima iskustvo okolu vnesot na ribata vo ishranata neka pise a moze i nekoj interesen recept.

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Ние сме месари и скоро секој ден месо се јаде.Јас имам зборено со педијатар кој многу го почитувам и по негова препорака давам секој ден месо на детето.Ако случајно не јадеме месо тогаш само мевце му варам посебно а кога го блендирам ставам од нашето јадење + неговото мевце.Телешко јаде а и свинско има пробано ама тоа е веќе друга тема.Дури и ако јадеме грав за ручек во него има ребренца пушени и Дамјан лиже прсти. 

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

абе уште му пасираш???ајде нека џвака таму, за џабе ли има заби ние и не сме толку месари, па може и затоа не му давам, ама па мака мие секој ден да му давам месо, некако ми е без врска

ИЗВОРНА ПОРАКА: profesorica

Па сигурно не му правам мазна марија но го пуштам во блендер само за да се изедначи смесата.Телешкото месо за разлика од пилешкото е потврдо, не може туку така да го џвака!Инаку кога е разварено доста тогаш и со виљушка го гмечам.Одамна џвака сам.

ИЗВОРНА ПОРАКА: mother 29

heheh za maznata marija..



Marko ne jade meso sekoj den kako sto ne jadam i jas.ovde  delam isto mislenje so mami, da ne se povtoruvam


ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Мислам дека не е добро да се дава месо секој ден. Ниту јас на Марио сум му давала, ниту пак на мојата внука и даваат. Има многу, многу похранливи материи од месо.
Ниту ние не јадеме секој ден, па не дете кои штотуку навршило една година.

ИЗВОРНА ПОРАКА: Боцко

да не испадне ко договорено, ама ни ние на стефан месо не му даваме секој ден. ни како бебе. пред се затоа што ни ние немаме навика.



(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Месо
31.10.2009 19:08:16   
ripce
Еве нешто и за месото што најдов...

Кога да се додаде месо?

Внесувањето на месо е значаен поради големите количини на искористиво железо и белковини кои содржат есенцијални аминокиселини (кои нашиот организам неможе да ги создава). Овој биолошки вреден производ се воведува во исхраната дури откако детето ќе се навикне на вкусот на немлечната исхрана во период кога детето ќе има7-8 месеци. Обично во кашичката се додаваат многу мали количини на иситнето месо во кашичката од зеленчук како би можело детето полесно да се навикне на вкусот. Во исхраната на доенчето се користи месо од млади животни кое е полесно сварливо (телешко, јагнешко, бело пилешко, мисиркино месо). Белото месо содржи доволна количина на железо и не заостанува со квалитетот од црвеното.


(Одговор на членот mis.)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Месо
1.11.2009 21:48:57   
mami
Белото месо содржи доволна количина на железо и не заостанува со квалитетот од црвеното.


е овој дел ме теши многу..Лука јаде само пилешко и тоа со оривче само инаку не го сака, евентуално може да му го шверцуваат во супа, а црвено не сака, ретко јаде и мелено, зависи од расположение

(Одговор на членот ripce)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Месо
22.7.2010 12:47:08   
Палешка РР
Оваа недела планирам да и воведам на Миа пилешко месо во исхраната, само незнам што да купам user posted image
Копани, стек, пиле? Какво пиле, свежо на Пилко, или Perutnija Ptuj Словенско?
И од кое месо да и дадам? Белото месо, копанот, надкопанот?
Леле колку прашања од една 35 годишна мајка user posted image


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Месо
22.7.2010 13:31:33   
nadica
јас кога и воведував на надица почнав со подкопан од словенските (и за дома такви купуваме) а ако е од пиле и давам од белоте месо (стекот)

_____________________________

Завидливите луѓе се хранат со твојата несреќа...
Биди Среќен!...
Нека умрат од глад!!!

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Месо
22.7.2010 13:38:35   
suzeto
moeto e pogolemko 5god. i maka macime so jadenjeto pocna da jade i meso po malku

(Одговор на членот nadica)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Месо
22.7.2010 15:14:57   
mama26
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Оваа недела планирам да и воведам на Миа пилешко месо во исхраната, само незнам што да купам user posted image
Копани, стек, пиле? Какво пиле, свежо на Пилко, или Perutnija Ptuj Словенско?
И од кое месо да и дадам? Белото месо, копанот, надкопанот?
Леле колку прашања од една 35 годишна мајка user posted image

paleska ti treba nas da ni kazesuser posted image kako majka so 14 godisno dete.eeeeee nemozeme nie so tebe iskusna si ti ajde znaes kako treba ili muabet da si napravis samouser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Месо
22.7.2010 16:43:31   
Felly RR
ИЗВОРНА ПОРАКА: Палешка

Оваа недела планирам да и воведам на Миа пилешко месо во исхраната, само незнам што да купам user posted image
Копани, стек, пиле? Какво пиле, свежо на Пилко, или Perutnija Ptuj Словенско?
И од кое месо да и дадам? Белото месо, копанот, надкопанот?
Леле колку прашања од една 35 годишна мајка user posted image



И ние неделава ќе почнуваме со месо user posted image , јас мислам дека треба да се почне со бело месо, така имам читано, а исто и др информација што прочитав, дека детето во првата година треба да јаде само варено месо, а дури окако ќе наполни 1 година може да јаде и печено.


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Палешка РР)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Месо
22.7.2010 22:08:53   
Палешка РР
ИЗВОРНА ПОРАКА: mama26

paleska ti treba nas da ni kazesuser posted image kako majka so 14 godisno dete.eeeeee nemozeme nie so tebe iskusna si ti ajde znaes kako treba ili muabet da si napravis samouser posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image user posted image



Мама не ме зезај, врска немам user posted image user posted image
Инаку купив Словенечко пиле утре ќе го сварам и ќе направам супа user posted image

< Поракaта ја уредил Палешка -- 22.7.2010 22:09:17 >


_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот mama26)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

За доилки.
пеперутка16

Малку чудно прашање, но ме интересира: дали мајките доилки пробале сопствено млеко?