|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 15:37:59   
Felly RR
Градинката освен што има за цел згрижување на децата, исто има и воспитно-образовна цел. Освен што децата се дружат и социјализираат во градника, исто така и развиваат вештини - творечки, цртаат/ бојат, па учат песнички/приказни, се учат на убаво однесување, некаде учат и странски јазици, па имаат математика, физичко. Ајде малку да продискутираме и за овие активности. Што нашите деца учат во градника и како се снајдуваат со тоа.

Јас баш се зачудив оваа година кога воспитувачката ми го даде списокот и рече дека ако се одобри од Министерство ќе користат и Математика за средна група. Па зар не се тоа премногу активности за едно мало мозоче. Па плус и странски јазик во 3 часот попладне. Што мислите?

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 26.9.2013 19:25:58 >
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 15:50:42   
AnnaMolly RR
Филип е во втора мала група и од оваа година имаат физичко секоја среда од 9 до 10 часот со професор по физичко.
Освен тоа, немаат математика и странски јазик, ама мислам дека е во ред и да имаат.
Мислам дека нема да им биде којзнае колку напорен и обемен материјалот, најверојатно е соодветно оформен за нивна возраст и баш ми се допаѓа да се учи јазик од мали нозе што се вика.
Е, сега, доколку програмата навистина е напорна за децата, тоа родителите најдобро ќе си го забележат, па доколку е тоа така, треба да се реагира.

Инаку, кај втора мала сега се учат песнички и други работи, на пример како се поминува улица, се учат на манири, на хигиена, учат кои се деновите во неделата и кои се годишните времиња, такви работи, и тоа низ игра или песна.
Од следната година сигурно повеќе активности ќе имаат, ќе видиме.

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 26.9.2013 19:26:37 >


_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 16:05:21   
Felly RR
Па да, убаво е да се учат од мали нозе, ама и распоредот треба да биде нели прилагоден. Па и првачињата на училиште имаат по 4 часа дневно, зошто им се губи концентрација, и веќе последните часови се секогаш физичко/музичко/ликовно исл. Кое дете од 3-4 години ќе има концентрација во 3 часот попладне да научи нешто (затоа го пишав и времето погоре). Сите ќе чекаат што побрзо родителите да ги земат зошто веќе пола ден им поминал, а не да мислат дали кет е маче или куче.user posted image

< Поракaта ја уредил Felly RR -- 26.9.2013 19:26:58 >


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 21:02:00   
Палешка РР
Миа почна да оди во дневен престој, само по три часа, со учителка и во група со шест деца. Многу ми се допаѓа програмата на учителкава, правеа маски, па едно дете било семафор со црвено, друго со жолто, трето со зелено, а другите сеучеле кога се поминува кога се стои и обратно. Потоа им дава да поврзуваат нацртани предмети па овошје, зеленчук, им печати животни на хартија па им ги сече за да ги составуваат...сето тоа е навистина убаво. Им раскажува приказни, им пее песнички и задоволна сум, тоа е она што барав.
Не ми се допадна што учеле песнички на англиски, тие што се вика асолно го немаат македонскиот совладано. Мислам дека се мали за тоа, а не па за математика user posted image

_____________________________

When I'm good, I'm very good, but when I'm bad, I'm better.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 21:04:08   
vezilka RR
Јас па никако не ја разбирам потребата да се учат странски јазици на таа возраст. Според мене на таа возраст многу поважно е да имаат физичко, гимнастика, балет и такви работи. Правилниот физички развој го условува и менталниот развој. Онаа воспитно образовна програма што ја имаат предпладне мислам дека е сосема доволна за нивна возраст. Па кога ќе со дојдат дома и ние работиме со нив нели на тоа поле.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 22:04:26   
Bethany
Моето дете не оди во градинка, ама јас онака од страна да кажам моето мислење.
Се тоа е убаво детето да знае од се по нешто, да не зборуваме за ползите од знаење, ама не разбирам потребата да се жури со нешто.
Детскиот мозок впива ко сунѓер, и треба тоа да се искористи, ама јас повеќе би сакала дете да развива сопствената мечта преку игра во тие години, тоа ми е најсоодветен развој. Во ред се сите тие работи, ама тоа се се само информации (странски јазици пример), кои сеедно ќе ги научат, за година или две порано или покасно, нема врска, не се на натпревар , ама тие детски приказни и игри кои произлегуваат од детската мечта се нешто што ми е непроценливо.

Западните земји се повеќе ни диктираат таков тренд, се порано да се почнувало со нешто, што е можно порано самостални и независни, и тоа е во ред, ама сметам дека со некои работи веќе се оди во крајност. Сега ќе одам надвор од тема, ама ќе наведам пример само станало тренд да се бебиња од 6 месеци право учат на фингер фуд и самостално хранење. Тоа е бе само бебе, зошто да не биде бебе?
И брзиот живот наметнува да и бебињата се приморани побрзо да станат независни, и ја разбирам и таа потреба на оваков темпо на животот, ама лично не ми се допаѓа. Па нејќам се да ми биде помини-замини, се во журба, се да се стигне, постаса, достигне, се под стрес и притисок. Не знам дали ме разбирате, тоа истото сакам да речам и за програмот во градинките.
Ете вчера слушнав дека во Англија конкретно се почнува со училиште од 4 години!?! Јас се запрепастив. 4 години? Ај демек законски мора до 5 година најкасно да е веќе започнато со градиво, ама тоа е премногу рано... Дете што се вика што туку излегло од пелени... А за која година и тука ќе одат работите во таа насока.

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 22:16:43   
Felly RR
Ех, Бетани, баш го погоди зборот: помини-замини испадна работава. ВО 4 недели 4 песнички нови, и тоа во период на адаптација, кога и многу од децата се нови, сега почнуваат со градинка. Сигурна сум дека ни пола од нив не ги знаат. Може е уште рано да кажувам бидејќи само еден месец сме во оваа - средна - група, ама како некако многу да се брза.user posted image Не знам, по програмата е секоја недела да се учи нова песничка, па мора само да се помине она што е предвидено без разлика дали децата го совладале???
Зошто на родителска средба не не информираат што имаат во програмата за работа???


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 23:38:21   
Snowhite RR
И јас не разбирам зошто англиски од мали нозе, јас дури мислам дека само ќе се збунат, зашто како на мало дете ќе му објаснуваш како да зборува англиски. На родителска спомнаа нешто за англиски ама за поголемите групи
Кај М вчера ни дадоа список со некои работи како боенка, блок бр. 2, дрвени боички, фломастери и пластелин, па од понеделник ќе почнеле да работат по нешто. За математика никој ништо не спомна, а М вчера покажуваше како правеле вежби во градинка, па најверојатно имаат физичко.
Јас ја прашав воспитувачката за росици дали се предвидени, зашто сега тој е во поголема група, ама ми рече уште мали биле, а тој се интересира за такви работи, ја прашав дали може ние да се претплатиме ако сакаме, таа рече нема проблем, но таа планирала од нова година да почне со Росици, па ајде реков кога е за 2-3 месеци ќе почекаме. Инаку таму им читале од Росици.
За други воспитно образовни активности не знам

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
26.9.2013 23:57:52   
Felly RR
Сноу, кај нас росица се користи уште од минатата година, и тоа задолжително, а во прва мала беше по желба. Ете и тоа го заборавив, плус на програмата.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
27.9.2013 1:01:30   
bucko mal
Se iznapishav I se mi otide vo nepovratuser posted image
Aj sega na kratko,golemiov sin odese vo gradinka pred 5,6 godini.Aktivnostite bea isti kako I den denes kako sto ve citam vas.Ucea anliski, imaa balet,rosica I mnogu crtaa.Edna od ubavite raboti bese sto gi nosea na kino,teatar,muzej,gi setaa nis centar.Nesto sto mi smetashe beshe toa forsiranje pred da pocnat da shkolo,mora ova da znae mora ona da znae ke odi vo shkolo,leleele bozem nepismeno ke ostane nekoe dete.
Tuka e kako sto kaza Bethany decata uste od bebinja se forsiraat za naviki I da bidat samostalni,za da mozat roditelite da bidat poslobodni so pomalku obvrski da imaat vreme za svoj zivotuser posted image
Da deccata pocnuvaat od 5g na sholo no ovde ucilishteto I ucilishtata vo Mk ne se sporeduvaat,kako vo gradinka da se decata samo spienje sto nemauser posted image E sega koi se posledicite od toa ne ucenje ke gi vidam ponataka,neznam veke sto e podobrouser posted image
Gradinkite sum gi razgleduvala I glavna aktivnost im e igranje vo pesok,nadvor so nekoi vodeni boi.Decata si bosi vo pesokot bez razlika dali vrne ili vee,zajaknuvale imunitetuser posted image
Ova e I pricinata sto se dvoumime dali M da odi vo gradinkauser posted image

_____________________________

You have to dream if before you can do it.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
27.9.2013 18:23:39   
Snowhite RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: Felly RR

Сноу, кај нас росица се користи уште од минатата година, и тоа задолжително, а во прва мала беше по желба. Ете и тоа го заборавив, плус на програмата.


Епа јас и минатата година прашав ми рекоа мали се, а јас сакав уште од лани да зема Росица, зато стварно го интересира, дома имаме Дугарче од братучедиве поголеми и само ме тера да читаме

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
24.10.2013 18:49:49   
Felly RR
Ајде малку да размениме искуства што учат начите деца во градинка.
ВО септември учеа за личната хигиена, миење рачиња, запчиња итн, цртаа четка и паста за заби, а чешел правеа од пластелин. Учеа една приказна за четката за заби (можам и да ви ја напишам, М цела ми ја раскажуваше и добила 5 оти убаво ја раскажалаuser posted image ) Учеа и песничка - Марко мие рачиња, Права ли е мамичка... и тоа ми текнува.
Овој месец почнаа да работат во математиките - и ми кажува дека работеле за топка, круг, коцка. Друго што учат - една нова приказна за тоа дека треба работите да си ги делат со другарчињата. Учат и за овошјето и зеленчукот, и утре еве сите имаат домашна задача да однесат во градинка нешто свежо. user posted image Учат и некои нови песнички, ама уште не и се добро научени, само една строфа од двете знае, па веројатно до крајот на месецов ќе ги научиме и тие цели.
Учеа за есента, собираа паднати ливчиња, и ги лепеа. Па за празникот 11 октомври. Цртаа знаме.
Ајде мамички пишете за што учат вашите дечиња во градинка?

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
29.10.2013 19:32:56   
Felly RR
Јас пак на темава, дса си поднесам неделен извештај.
Денес имале физичко - вежбале да одат на прсти.
И според ова што го кажува, значи до сега вкупно 2 пати имале, физичко имаат најверојатно еднаш во месецот. Колку често кај вас одржуваат часови по физичко???

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
1.11.2013 1:11:43   
Snowhite RR
Јас од она што кажува М, дека играле со пластелин, некогаш дека боеле,па некоја песничка ќе запее, денеска ми рече дека кажувале приказна за јарината, исто и за вежбање ми кажува, ми ги покажува вежбите што ги правеле таму и на мое големо изненадување видов дека се научил да прави „колут напред“. Инаку учителката по фискултура им се вика Шадија, хихи, ко слушнав прв пат реков Кој е тој, па свекрва ми обајсни - Жена е, по фискултура предава. Е сега како се одвиваат воспитно-образовниве активности не сум баш сигурна, зашто М вчера ми вика дека направил полжав од пластелин и го прашав дали му го покажал на учителките и дали го виделе и ми вика Му кажав, ама тие не ме слушнаа. Па си мислам дека им го даваат пластелинот и сами се занимаваат

_____________________________

Life is not the amount of breaths you take, it''''''''s the moments that take your breath away

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
1.11.2013 8:22:07   
Mihaela 2010
I jas od kazuvanjata na kerka mi gledam deka sekoj den po nesto pravat,ete bas vcera za prv pat mi kaza deka bile vo sala i deka vezbale,pa mi kazuvase so racinjata nagore pa glavata ja mrdase najverojatno ednas nedelno imaat fizicko,neznam
A drugo do sega nekolku pesnicki imaat uceno,septemvri za semafor,posle nosevme od doma ovosje i zelencuk,gi ucele kako se lupi mie brise,i pesnicka imase za jabolko,pa crtezi so ovosje a od decinjata izboeno,sekoj den iskacaat nadvor na prosetka,crtale esen,dozd,taka da sum zadovolna od toa sto go rabotat,ke viime ponatamu kako ke bide..

_____________________________

Најголемата трагедија во животот не е смртта, туку она што дозволуваме да згасне во нас додека живееме.

(Одговор на членот Snowhite RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
1.11.2013 9:12:00   
Felly RR
Па така е подруго, барем еднаш во неделата, би требало да имаат физичко.
А друго што работоеа и кај нас оваа недела - од овошјето што го однесовме, поточно од едно јаболче правеле печати. Потоа исто и за зеленчук учеле и од колаж имаа сечено пиперка, морков, домат... и ставени/залепени во една нацртана тегла.
Вчера добила и петка за една стихотворба за есенските плодови.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Mihaela 2010)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
1.11.2013 12:21:39   
@Mila@
Aj i jas da pisham vo temava iako sme ushte mali :) odime vo prva jasi i ovaa godina prva prat sobiraa pari za materijali, verojatno isto ko kaj site, blokce,boici,plastelin i sl.rosica beshe dobrovolno koj saka...zemavme ama nema nekoj interes poveke so starite knigi se druzi.
Koga bevme na roditelska ni ja kazaa programata koja e prdvidena no so ogled na toa deka se ushte mali ke se obidat kolku moze da se ispolni.
Kakvi aktivnosti imaat neznam bidejki ne mozam da gi nacekam na raat ucitelkite da gi prasham no nekogash petki nosi na race i toa znacelo deka ucestvuval vo deshavankata, verijatno pesnicki slushaat igraat go gledam doma e pozainteresiran za raboti koj porano ne go interesiraa ...a najnov hit mu e kolut napred da pravi i od pamet me vadi ...ama mng uspeshen e.
Bas ke bide interesno ponataka koga ke imaat deshavnki.

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
1.11.2013 16:51:50   
Felly RR
user posted image за вас @Mila@ !!!
Кај нас секогаш прават изложба надвор, во ходникот,кај шкафчињата, и така можеш да видиш што работеле. Вие сте помали што значи сигурно имаат и помалку такви активности, но штом сте однесле прибор, очекувај и ти некој ден да се изненадиш со некоја изложба од малите вредни рачиња.
А јас само што пишав дека еднаш во месецот имаат физичко, еве М ми кажа дека и денес имале - па оделе по некој мост, „па таму, таму, одиш, одиш,“ па со лизгалката се пуштале. Не ја разбрав баш најдобро, ама важно вежбале нештоuser posted image


_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот @Mila@)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
19.11.2013 10:02:16   
sandriana RR
Изминатиов период ја забележував Т како прави движења кои се слични на вежби по физичко, но само претпоставував дека нешто се случува во градинка. Вчера, бидејки и беше прв ден во градинка после сипаниците, возбудена се трудеше да ми раскаже што правеле, и на крај ми објасни и ми покажа како вежбале одење на прсти. Со оглед дека тетките во нивната група се повозрасни (преку 50 и некоја година), навистина се сомневав дека вежбаат - но ете, сум била во заблуда од предрасуди user posted image И баш ми е ќеиф дека се внимава на оваа активност.
Инаку, веќе извесно време ги кажува песничките што ги учат таму, секоја недела во ходникот им ги изложуваат изработките, а често и танцуваат на песнички од детските фестивали.
Преку песничките ги учат основните правила на хигиена и однесување. За толку мали деца (2-3 год. е групата), навистина се потрудиле да ја спроведат воспитната и образовна програма.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
19.11.2013 14:04:18   
Felly RR
Кај нас по физичко има друга наставника, која најверојатно држи часови во сите градинки (како што пиша и СНоувајт, истата наставничка е и кај насuser posted image )
Овој месец кај нас учат за сообраќај, па имаа изработки и од самолеплива хартија, и од пластелин, и приказна нели, за сообраќај, песничка, и стихотворба на истата тема.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
13.12.2013 17:52:10   
Bethany
Јас денес прашував за програмата во градинка за возраста на Ј, и ми кажаа дека во таа група се што правеле било спонтано организирано, дали песничка или нешто слично, ама дека нема званични некои си активности се до 3-4 годишна возраст. user posted image
Нормално ли е ова, така ли треба да биде или јас очекувам премногу? Јас па некако си имав замислено дека си имаат некоја програма по која ќе одат user posted image

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
13.12.2013 18:36:16   
Felly RR
Па може се во право до некаде, ама не може баш спонтано се да оди. М на таа возраст земаа и росица, и работеа од неа. Другите активности сепак беа осмислени - за есента, па за Нова година, Дедо Мраз, за пролетта, 8-ми Март, 11-ти Октомври, значи пак тековно она што е актуелно го работеа. И росицата е секогаш нели со тема актуелна за тој месец, па така го поврзуваа и тоа.
Е сега вистина е дека оваа година, имаат повеќе активности, и повеќе теми обработуваат.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
13.12.2013 21:07:29   
Bethany
Јас не знам што и како замислував, ама некако ми беше во главата дека имаат програма, овака нешто слично: после појадок физички активности (надвор имаат игралиште со тие реквизити), или ако е ладно тогаш нешто внатре импровизирано, па потоа нешто за меморирање, песничка или некоја забавна игра ама за поттикнување на развојот, нешто во склад со возраста, па така натаму...
Сепак муабетот ни беше површен, не разбрав што значи тоа спонтано, се надевам не зависи од добрата волја и расположение на воспитувачката, демек досадно и е, па ајде да ги организира нешто, се надевам не трчат децата наоколу ко муви без глави повеќето од време.
Сепак, ако имаат нешто организирано ќе биде полесно и за адаптација и поинтересно за дечињата отколку сами да си барат занимација.
Кој одредува всушност каков развојен програм ќе се одвива во градинките и има ли воопшто некоја контрола околу програмот во градинките?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
14.12.2013 9:32:16   
sandriana RR
Во групата на Т имаат програма и ја спроведуваат, колку што забележувам.
Освен тоа, програмата е истакната на увид на родителите, а неделните активности - цртежи, изработки им се изложени во ходникот.
За одговорни за изготвување на програмата не знам кои се, но знам дека скоро секоја недела имаат разни инспекции во градинката, од муабет со воспитувачките.

_____________________________

***I'd rather be honest than impresive***

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Воспитно - образовни активности во градинка
14.12.2013 10:03:39   
Bethany
Хмм... е па што ќе имаат овие тука, се надевам некоја занимација, нема да биде само да се снаоѓаат како знаат и умеат.
Мада јас кога прашав до која возраст е групата во која би требало да биде Ј, ми кажаа до 3 годинки, па вероватно таа распределба по групите ја организираат самите градинки, и групите и програмата. user posted image


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот sandriana RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?