|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Деца со церебрална парализа
23.8.2009 18:04:46   
Еца
Церебралната парализа не е болест, тоа е состојба како последица на рано мозочно оштетување на централниот нервен систем поради што се добиваат пречки во моториката (движењата). Во прилог кон тоа е и следното искажување: "Ние не сме болни лица. Ние имаме само физички хендикеп и имаме право да живееме, работиме, спортуваме, рекреираме, водиме љубов и да се радуваме на сите животни радости како и сите други луѓе".

Колку државата им излегува во пресрет на семејствата кои имаат дечиња со церебрална парализа?


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Деца со церебрална парализа
23.8.2009 23:34:43   
beki RR
Еве јас ке одговорам на прашањето...многу малку скоро ич...
Многу е тешко да се биде родител на дете со церебрална парализа во оваа држава...Знаете ли дека овие деца мораат да вежбаат за да научат да одат, да зборуваат,да јадат , да играат и се она што на другите деца им доаѓа нормално со развојот овие деца мораат да го учат од надвор,значи преку вежби да се направат патишта во мозокот кои понатаму ке спроведуваат наредби.И за тие вежби треба да се оди минимум 4 пати годишно на рехабилитација.Фондот за здравство покрива само еднаш и тоа за дете до 3 години придружникот не плаќа а над 3 годии секој ден е 550 денари. Значи од рехабилитацијата скоро ништо. Овие деца не ретко патат и од епилепсија,некои лекарства мора да се набавуваат од странство затоа што кај нас ги нема а некои и не се на позитивна листа.Сега последно престанаа да носат еден лек од крка зашто не им се трошел многу во македонија,а тоа што тој лек некому е неопходен тоа никому не му е грижа,значи снаоѓајте се како знаете и умеете родители.Едно време почнаа да даваат памперси и после им текна дека давале само за деца над 3 години.Па какво е тоа право,како може еден закон различно да важи за иста категорија на луѓе. Прашував во медикус за вертикализатор(справа која го држи детето во исправена положба) рекоа фондот не покривал такво нешто бидејки го сметале за луксуз.Навистина е голем луксуз да се трудиш да ти прооди детето.Понекогаш имам чувство дека нашите деца се отпишани,уште само што не ни рекле фрлете те ги во контејнер.Лонгети порачавме во мај уште ги нема. Ако јас сакам да одам на работа нема кај да го носам детето.Демек имале некои центри мегутоа не ги вежбаат таму децата....ужас , хорор и ноќна мора....камо среќа ова да помине како лош сон.



(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Деца со церебрална парализа
5.9.2009 11:19:39   
evgenija
mnogu se nerviram koga se odnesuvaat nepravedno, osobeno kaj ovie decinja koi so malku vezbanje mozat da ostignat mnogu..za zalenje e naseto zdravstvo koe ceka da se pojavat iljadnici zaboleni za da razmisli dali ke poraca nekoj lek ili ne...bas sme za greota...
Beki ako mozeme nekako da pomogneme kazuvaj..smetam deka cela rr ke se slozi so mene

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Деца со церебрална парализа
5.9.2009 23:26:49   
kiki_riki
beki imam slsnato deka za decinjata so cp moze da se izvadat beneficii da ne se placa patarina, ako ste prinudeni da odite od eden vo drug grad, postojat popusti vo telefonskite kompanii i pri fiksni i pri mobilni operatori, potrebno e deteto da go zaclenite vo zdruzenie za invalidizirani lica, pa postoi moznost za besplatno letuvanje vo ohrid, drzavata placa taxi od doma do uciliste i sl. rasprasaj se vo mestoto na ziveenje barem malku da si olesnis od finansiski aspekt

(Одговор на членот evgenija)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Деца со церебрална парализа
5.9.2009 23:34:23   
Еца
ИЗВОРНА ПОРАКА: evgenija

mnogu se nerviram koga se odnesuvaat nepravedno, osobeno kaj ovie decinja koi so malku vezbanje mozat da ostignat mnogu..za zalenje e naseto zdravstvo koe ceka da se pojavat iljadnici zaboleni za da razmisli dali ke poraca nekoj lek ili ne...bas sme za greota...
Beki ako mozeme nekako da pomogneme kazuvaj..smetam deka cela rr ke se slozi so mene



Се надевам дека во иднина ке направиме нешто со што барем малку ке им помогнеме на овие дечиња, а воедно и на родителите кои очигледно се препуштени сами на себе и своите макиuser posted image user posted image Цела РР ќе биде вклучена во тоа!user posted image


_____________________________

Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.

(Одговор на членот evgenija)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 11:07:38   
beki RR
Благодарам на поддршката , дури сега прочитав дека сте пишале..
Еве јас да се обратам за помош.
Кога почнавме со рехабилитацијата на Ана (веднаш после раѓање) јас појма немав со што сум соочена, значи не го познавав проблемот - а од таму ни неговото решение.
Во некој друга прилика ќе ви ги раскажам приказните од нашите почитувани доктори,навистина се нешто посебно.

Значи цела година јас се мафтав со приказните на докторите, со вежбите по некоја незнам каква Бобат техника да не се вежба детето кога плаче и слични работи.Бев збунета, изгубена, правев што ми велеа а логиката каго да се губеше негде.

И тогаш решив да го преземам случајот во свои раце, да го запознаам и да видам каде му е решението.
И така почнав да проучувам и барам по интернет.Проблемот го запознав и најдов неколку логични решенија.

Моментално Ана е на третман со амино киселини и фала на Господ дава добри резултати.Курсовите се во бугарија и секое одење не кошта околу 1500 евра , до сега сме биле два пати,се оди 3 пати годишно.

Најдов еден друг метод на рехабилитација кој сакам да го применам ,и таму курс кошта 1500 евра а се оди на 4 курса годишно.
Методот се вика Advanced Biomechanical Rehabilitation  и дава извонредни резултати.
Центарот е во Белгија.Да се стигне до Белгија ни требаат оклоу 700 евра и плус таму хотел и пропратни трошоци.И тоа кошта многу и е тешко да се издржи финансиски.
Меѓутоа јас разговарав со директорката од центарот и тие се спремни да дојдат кај нас  наместо ние да одиме кај нив, доколку формираме група од повеќе деца.
Методот е добар за сите видови состојби кои настанале како последица на повреда на мозок  од раѓање.

Јас би ве замолила доколку познавате родители со ваков проблем да им кажите за методот и да се потрудиме да ја формираме таа група.
До сега имам уште едне мајка која сигурно сака да го проба методот и уште две кои сакаат ама сеуште размислуваат .

за методот можите да прочитате тука : www.blyum.com
                                                       www.abrbelgium.com






(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 11:18:16   
mami
беки, колкава група на деца треба да се собере и колку ке ги чини таа  терапија ако дојде тука докторката? јас е познавам родители на дечиња со церебрална парализа но ке се распрашам тоа сигурно, па и дајте да видиме по тие дневни центри, може да оставиме како информација или нештоuser posted image

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 13:34:14   
mother 29
може маил или телефон за контакт!и јас ке се потрудам да помогнам ,имам некој во план!

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 13:38:02   
mami
Беки, ајде давај повеке информации

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 15:16:58   
kiki_riki
ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

беки, колкава група на деца треба да се собере и колку ке ги чини таа  терапија ако дојде тука докторката? ј

дај повеќе информации познавам луѓе со ваков проблем но што да им кажам, па да размислуваат дали да се вклучат


_____________________________

ne pravi go na drugite ona sto ne sakas tebe da ti go pravat

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 15:27:49   
mami
и пишав пп на Беки, кога ке може ке ни одговори

(Одговор на членот kiki_riki)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 17:50:03   
beki RR
Извинете јас бев на пат дури сега гледам дека сте пишале..многу ви благодарам за одзивот, рингерајки се секогаш спремни за помош,одлични сте.
Оставив јас страна каде што има информации од прва рака...меѓутоа се е на англиски.
Еве јас ке ви раскажам на македонски, за едно саат време ке испреведам се од страната за да не раскажувам туку директно да преведам.
Важно работата се сестои во еден метод со кој се јача меката(мазната мускулатура ) на внатрешните органи.Со тоа мускуло скелеторниот систем добива нормална положба (за ова повеке ке ви напишам) а како резултат на тоа се добива функцијата на рацете и нозете.Јас ова добро го размислив и најдов голема логика , и за тоа ке ви пишам покасно.Инаку човекот кој го измисли методот е руски математичар(ке ја поставам тука и неговата биографија)
Кога разговарав со белгија, во август месец ми рекоа дека ако формираме група ке дојдат кај нас мегутоа тогаш јас не знаев дали ке можиме да формираме група па не ја прашав колку членови треба да има групата .Јас пак ке им пишам , денес ми пиша една мајка дека таа е заинтересира и уште две други и ако правам список да ги запишам,а имам и една 100% сигурна таа и до белгија би идела.И јас би одела мегутоа 1000 евра по отишле по пат и сместување а вака тие 1000 евра ке ги искористиме за друг курс,има 4 годишно.

Има клипови снимани од напредокот што децата го постигнале неверојатно е.
Мегутоа нема ништо преку ноќ, масажите се прават 3 саати на ден, децата кои се снимани имаат 2000 саати работа зад нив,мегутоа некои од нив одат, а некои од нив седат и имаат фини движења кои не е случај со ниеден друг начин на рехабилитација.

Ке преведам и ке поставам за методот и за научникот и клиповите.






(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 18:20:23   
srekna mama
јас имам внука од сестра со церебрална парализа и сигурно се заинтересирани

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Деца со церебрална парализа
9.10.2009 20:14:22   
beki RR
ABR  е нов метод на рехабилитација за деца и млади со мозочни повреди и некои мозочни абнормалности.Методот е откриен од рускиот математичар Леонид Блум , кој после завршувањето на факултетот за математика се посветува на биомеханиката ,и заедно со неговиот татко кој бил доктор , го откриваат методот за биомеханичка рехабилитација. Методт се спроведува во домашни услови, а обуката ја изведуваат обучени лица заедно со Леонид Блум.(тој им дава инструкции после извршениот преглед). Методот се соcтои од масажи преку крпи.Со помош на крпите се создрава нешто како хидраулични леќи што помага во јакнењето на меката (мазната мускулатура ) на внатрешните органи.Се работи од горе панадулу ,на вратот, главата ,рамената па надолу по трупот. Од биомеханичка гледна точка церебрална парализа е нарушување на движењето и држењето на телото.И покрај тоа што церебралната парализа настанува како резултат на оштетување на мозокот, тоа не претставува непремостлива пречка кон целосната рехабилитација.АБР демонстрира дека оштетувањето на мозокот ја затвора само предната врата на спонтаната  рехабилитација од церебрална парализа.Преку јакнењето на мазната мускулатура мускулоскелеторниот систем ја добива нормалната форма, тетивите мускулите и зглобовите правилни се врзуваат, нема изместување што често се случува кај спастичните деца,трупот добива нормалем изглед,(тоа ви е како еден истушен балон кој треба да се надуе а АБР токму тоа го прави),и како резултат на тоа пушттаат рацете и нозете и се добиваат функциите.Јас бев запрепастена кога прв пат ги видов клиповите од децата. Со помош на АБР не само што се добиваат движењата туку и ригдноста на движењето исчезнува, и децата добиваат нормални фини движења.Меѓутоа мора да се знае дека треба да се вложи многу труд и работа,и дека за неколку месеци ке се види напредок меѓутоа целосно опоравување се добива после долго време.Важно е да се знае дека еднаш добиените функции се трајни,значи се што ке добиете со АБР останува засекогаш. Мислам дека треба уште да пишувам и ке напишам ама ова беше нешто набрзина колку да имате информации за што се работи.Според мене методот држи вода има многу логика во него.јас го истражувам од крајот на јули , најдов јаху група група на родители кои го применуваат методот и сите до еден се задоволни.Тие велат дека се многу пари во прашање меѓутоа дека вредела секоја цента што ја дале за АБР.Детето на клипот има 3,5 години и цело време се спроведувале различни типови рехабилитација ,за жал без успех.Видете што стана со детето по 2 години АБР. http://www.abrbelgium.com/movie/pj.htm

Девојчето од клипот е 18 месеци старокога почнува со АБР.По 2 години тоа оди. http://www.abrbelgium.com/movie/helen.htm

Видете го  Gawain:) Нели е прекрасен 
http://www.lysoverlandet.dk/The%20Greatest%20Paradox.htm

Заради овие деца и уште многу што ги има на youtube  јас сакам да го пробам методот.
Ако некој сака број од телефон да се слушниме или маил кажете ке ви пратам.



< Поракaта ја уредил Еца -- 11.10.2009 15:43:29 >

(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Деца со церебрална парализа
10.10.2009 11:14:55   
mother 29
ај те молам телефон и маил , остави.и јас вчера зборев со пријателка,само не знаев што да и кажам.
вака најубаво, ке и дадам твој маил или тел. па вие најдобро ке се разберете.

фала

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Деца со церебрална парализа
10.10.2009 11:17:30   
mother 29
user posted image  user posted image  za Gawain!

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Деца со церебрална парализа
10.10.2009 11:22:00   
mother 29
http://www.youtube.com/watch?v=KQYa2IuXTAQ&feature=player_embedded

user posted image  user posted image  

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Деца со церебрална парализа
10.10.2009 11:28:15   
mami
леле бе, па неможам да гледам вакви работи, се испорасплакавuser posted image user posted image user posted image гревче ми се...Браво за успехот, ама душички напатени ми се..јака им душа на мамичките, само тоа ке кажамuser posted image user posted image user posted image user posted image

(Одговор на членот mother 29)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Деца со церебрална парализа
10.10.2009 12:09:07   
beki RR
071294551 ова е мој број кој сака нека се јави слободно.

(Одговор на членот mami)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Деца со церебрална парализа
11.10.2009 10:21:42   
beki RR
Покрај церебрална парализа  ABR се применува и за

Даун синдром
Рет синдром
Повреди на рбет
Микроцефалии
Хиперактивноаст
Развојни нарушувања и други.



(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Деца со церебрална парализа
11.10.2009 19:56:27   
beki RR
Имам одлични вести,ми се јавија од белгија и рекоа дека можат да дојдат на 27 ноември да одржат презентација за методот, да објаснат се и одговорат на сите прашања.Треба само да собериме околу 30 фамилии.Презентацијата ке биде бесплатна.за местото и времето накнадно ке ве информирам.Ве молам пренесете до сите родители кои имаат деца со церебрална парализа или било кој вид нарушување кое настанало поради повреда на мозок при раѓање.
Ве молам за помош,би било прекрасно да се одржи презентацијата.
Јас ке обезбедам и информативен материјал за презентацијата,ке ми испратат и од белгија информации кои се најважни за да се знаат за методот.Ви сте прекрасни,секогаш ми излегувате во престрет и знам дека и сега  можам да сметам на вашата помош.
Ако некој сака да стапи во контакт со мене тел 071 294 551
маил gasovska@hotmail.com

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Деца со церебрална парализа
14.10.2009 16:48:46   
beki RR
За да имаме група во Македонија требаат 12 деца.Ние досега имаме 4 сигурни.
на 27 кога ке дојдат ке мози да се почни со курс за тие шо сакаат.Па ве молам ако некој чита и е заинтересиран да ми се јави.
Уште ова , Леонид Блум не ке можи да дојди бидејки имал некои други обврски, многу патувал.Некој нареден пат.Сепак ке дојдат обучени луге кои работаат во белгија.

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Деца со церебрална парализа
22.10.2009 20:40:08   
beki RR
Имам нови информацииво врска со АБР.
Значи вака стојат работите.
Лугето од белгија ке дојат на 18 декември и ке бидат тука до 23 декември.
Активностите ке бидат поделени на 3 дела.
Информативна сесија - ке може да присуствуваат максимум 50 луге.
Сесија за проценка -по 1 саат за секое дете
Обука на родителите - во групи по 4 за тие што би сакале да го применат методот.
Во преговори сме за местото за одржување на АБР.Промотивниот материјал ке го имам наскоро па ке ве исконтактирам сите што се понудивте за помош.Сите што сакаат да дојдат ке мора претходно да се пријават кај мене.
Поздрав до цела рингераја ,благодарност за понудената помош.


(Одговор на членот Еца)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Деца со церебрална парализа
22.10.2009 20:41:13   
beki RR
Ако имаме група од 10 деца минимум тие ке доаѓаат кај нас 2 пати годишно и тоа би чинело 3040 евра.За помалку од 10 деца , не знам шо ке кажат.


< Поракaта ја уредил beki -- 22.10.2009 20:54:50 >

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Деца со церебрална парализа
27.10.2009 18:01:44   
beki RR
Ве молам за помош...Дали има некој правник во рр?
Во целата збрка што ја имам со АБР сосема заборавив да се информирам, а искрено и не знам кого да прашам, дали кај нас се дозволени такви настани.
Значи не знам дали е дозволено со закон  одржување собири и обуки кога е актернативна медицина во прашање,и кога за обуката треба да се плати.Дали некој знае нешто?

(Одговор на членот beki RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4 5   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Сцена на раѓање или бејбиситерка
пеперутка16

Дали повеќе би сакале да го запишете вашето дете во дневен престој или да ангажирате бебиситерка?