Еца
|
Од 0-4 месец се препорачува исклучиво млеко, мајчино или адаптирано. Во 5-от месец се препорачува воведување на овошје: јаболко, банана, круша и житарки: оризови и пченкарни снегулки. Во 6-от месец се воведуваат нови видови овошје: кајсија, праска, цреши, вишни, сливи. Во овој месец можете да започнете со воведување на зеленчукови каши подготвени од морков, спанаќ, тиквици. При нивното приготвување можете да употребите и малку маслиново масло или маргарин, за да го подобрите вкусот. Во 7-от месец при приготвувањето на овошните оброци може да воведете и диња, боровинки, јагоди, малини, капини, ананас, рибизли, киви. Внимавајте на можни алергиски реакции особено при конзумирање на јагодата. Воведете нови зеленчукови вкусови како: брокула, компир, грашок, боранија, карфиол. Настојувајте грашокот и боранијата да бидат млади. Во овој месец се препорачува внесување на оброк од месо и тоа пилешко (бело месо, не копан) и јагнешко. Во 8-от месец се воведува рибата. Приготвувајте бела риба како ослич, пастрмка и тоа само варена. Воведете млечни производи :кравјо сирење, путер. Од житарките воведете леб и двопек. Овошните вкусови збогатете ги со лимон, портокал, грејпфрут, мандарина, грозје, лубеница, а од зеленчукот дадете домат. Во 9-от месец како нов вкус воведете го јајцето, но само жолчката и за почеток не повеќе од ¼, тврдо варена. Од млечните производи воведете го јогуртот и киселото млеко, со кои може да го подобрите вкусот на зеленчуковите каши, затоа што сеуште не се препорачува засолување на храната, и приготвување на житните каши. Воведете бисквити како сладок оброк, тестенини и тоа: макарони, шпагети, јувки. Во 10-от месец од зеленчук можете да приготвите зелка, праз, ќељ, да користите пилешко темно месо и мисиркино, воведете павлака, а може и малку мед. Внимавајте со употребата на медот, може да предизвика алергија. Мелени ореви, бадеми, лешници, костени давајте ги во 11-от месец. Внесетего и лукот при приготвување на зеленчуковите каши, кој е познат како природен антибиотик. Во 12-от месец воведете ја белката и тоа тврдо варена, леќата и гравот. По 12-от месец можете постепено да воведувате сол и зачини но во мали количини, слатки, свинско, тврди и топени сирења. За цело време во исхраната на вашето дете треба да е застапено млекото мајчино или индустриски адаптирано.
_____________________________
Животот е убав за оние кои знаат да го живеат.
|