|      
Сакаш да се откажеш?
Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.

Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.

Дали се уште сакаш да се откажеш?
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач.
Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.   Дознајте повеќе.
Корисници на оваа тема: никој
  Испечати
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Корисник
Порака << Постара тема   Нова тема >>
   Х Фактор
8.1.2014 15:20:56   
Felly RR
Дали гледате Х Фактор?
Што мислите за натпреварувачите(посебно за кандидатите кои се Македонциuser posted image ), за судиите, за водителите ...?

Јас не го следев редовно, мислам дека синоќа беше прва полуфинална вечер. Ги видов пола од настапите, од Фифи и Маринела Џогани - кои не ме воодушевија баш нешто посебно, до Даниел Кајмакоски кој нели беше последен , ама мислам дека одлично испеа. И коментарите од судиите беа сите позитивни. И она што забележав - Кристина ли е задолжена за критики? Само таа даваше негативни коментари на секоја песна.
Непосредна врска до пораките: 1
   RE: Х Фактор
8.1.2014 15:39:22   
LoveableMe RR
Ме погоди на темава, вчера легнав после 12.00, гледајќи го Х фактор. Дефинитивно добар шоу и добра можност за сите талентирани да можат да добијат шанса и да направат музичка кариера. Сметам дека овие кои се избрани досега, се навистина квалитетни и дека заслужија да дојдат до овде, со исклучок на Новаковиќ, не знам девојкава зошто ја форсираат ни песна знае да испее, ни настап асален имаше досега (барем според мене). Останатите се сите добри и тоа што ги групираа кој соло -кој во група да пее е многу добро, секоја чест за жирито, бидејќи на тој начин тие се претставија одлично.

Многу интересни е што Фифи и Џогани иако немаат некои посебно надарени гласови, сепак заедно звучат одлично и секоја чест што така ги споија. Вчера посебен впечаток ми остави и дечкото што пееше шпански Алекс беше ли и Тамара ли беше девојката кај Жељко мислам беше што пееше песна од Зана Нимани. А за малата Илма од Босна - чудо од дете, стварно супер е. За нашиот бисер Даниел, што да кажам дечкото е топ, само што вчера имав впечаток дека од почеток беше многу фокусиран на настапот, движењата, да не хиксне негде и во првиот дел од песната како да пееше така- потоа во вториот дел почна да се внесува и тоа беше оној наш Даниел. Му посакувам среќа понатака бидејќи навистина има специфичен глас. Во однос на критиките, на Кристина за некои беа издржани зошто овој Кико ли беше судијата им даде малку подзаборавени песни на млади девојки, кои не ги ни знаат, иако добро настапија, сепак, можеби во иднина треба малку посовремени песни да се изведуваат. Се на се, одлично - настап, учесници, жири, публика, суперрр!!

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 2
   RE: Х Фактор
8.1.2014 18:53:42   
vezilka RR
Да го гледам. Жирито не го свиѓам, освен Кристина, другите не даваат суштински критики кои ќе ги насочат учесниците да се подобрат. А за вчерашниот настан, не го гледав цел, ама од тоа што видов, мислам дека напрзвија лош избор на песни. Не знам дали им беа задздени или сами си ги бирале, ама некои од нив утнаа во изборот. Сте што стигнаа до тука, дефинитивно знаат да пеат, сега се борат за публика, односно колку харизма имаат за пред публика, оти таа ќе ги бира. Јас типувам за девојчето, ама мислам дека на ваков тип на натпревари каде гласа народ по телефон, тедовно победува некор момче. Така да Кајмаковски има шанси, хи, хи,само да не биде како со Белов,прв, прв, и на крај ништо.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 3
   RE: Х Фактор
8.1.2014 19:18:10   
Felly RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Јас типувам за девојчето, ама мислам дека на ваков тип на натпревари каде гласа народ по телефон, тедовно победува некое момче.

Во право си за ова, затоа и вчера кога ги водов сите кандидати, уште на почеток знаев дека професорот има најмали шанси. Штом веќе гласањето е телефонски се знаеше дека уште во првите кругови ќе си оди. А Илма е стварно фантастична.
За оние кои што не се во тек еве нешто да слушнете.
Даниел
Илма

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 4
   RE: Х Фактор
8.1.2014 21:28:46   
Defne90 RR
Gi gledam i jas uste od pocetok i sekako navivam za nasiot Daniel pa neli si e nas.Momceto pee navistina ubavo i stvarno zasluzuva da pobedi.Pokraj Daniel mi se dopaga i taa grupata so devojcinjata 4U i tie se fantasticni super se usoglaseni vo peenjeto.Za Ilma i jas navistina nemam zborovi samo 13 godini a devojceto rastura so peenje.Za zirito sto znam nikakvi kritiki nemaa za pesnite samo Kristina taka.Taa i Zeljko mislam deka poobjektivno ocenuvaat,Kiki i Emina taka samo za da gi falat.Mi se dopaga mnogu souto i planiram da go gledam do kraj pa da vidime koj ke ja ponese titulata X Faktor.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 5
   RE: Х Фактор
9.1.2014 8:23:34   
vezilka RR
Ако навиваме за тие што се наши, тогаш треба и за Фифи да навиваме, и таа е наша. И стварно, заборавив да споменам, јас сум изненадена од Фифи, сум ја слушала и порано тука кај нас нели, ама изгледа не и биле погодени песните и не ми оставила некој впечаток, ама во шоуво, ме изненади, навистина добро пее..и супер се понесе со навредите од Жељко.

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 6
   RE: Х Фактор
9.1.2014 9:31:10   
Bethany
Не следам редовно. Ете гледав пред некој ден, таа прва финална вечер.
Моите фаворити се Даниел и Ирма.
Инаку, ми се допаѓаат вакви типови на шоуа, барат квалитет и квалитет може да видиш и слушнеш.
Од жирито- се ежам на гласот од Емина, Жељко ми е најмеродавен некако и најобјективен.

< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 9.1.2014 9:32:13 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 7
   RE: Х Фактор
9.1.2014 10:21:55   
elenak
До сега не гледав, некако имам аверзија кон Сител телевизија.user posted image Мм редовно ги следи и сега веќе кога стигнаа до последниот дел мислам дека стварно има што да се слуша и гледа па решив да го гледам пред некој ден. Онака блиц на јутуб имав видено некои од натпреварувачите и искрено Илма и Даниел се за мене неспоредливи со другите. Би сакала да победи некој од нив двајца, без разлика, иако нормално дека јас навивам за Даниел. Некако ми е комплетен, најдобар на секое поле, глас,изглед,изведба,се. Не дека е наше ама НАЈ е.user posted image Да, наш(а) е и Фифи ама мене лично не ми се допадна. А жирито ми е ок, сите се професионалци што си ја познаваат работата, па и критиките мора да бидат дел од таа работа и мислам дека секоја критика треба да биде прифатена како добронамерна.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 8
   RE: Х Фактор
9.1.2014 15:24:42   
Defne90 RR

ИЗВОРНА ПОРАКА: vezilka RR

Ако навиваме за тие што се наши, тогаш треба и за Фифи да навиваме, и таа е наша. И стварно, заборавив да споменам, јас сум изненадена од Фифи, сум ја слушала и порано тука кај нас нели, ама изгледа не и биле погодени песните и не ми оставила некој впечаток, ама во шоуво, ме изненади, навистина добро пее..и супер се понесе со навредите од Жељко.

Ne deka navivam samo zatoa sto e nas no momceto navistina ima dobar glas i zasluzuva da bide vo souto.Uste koga go slusnav prviot pat mi ostavi vpecatok i ot togas navivam za nego.Se razbira deka site peat dobro stom stignale do tuka.A za Fifi ne bi sakala mnogu da komentiram,sepak sekoj covek si e takov kakov sto e ako taa se resila da zivee taka togas nejzin izbor.Smetam deka toa ne treba da bide precka za da im bide favorit na gledacite.Inaku mi se dopaga kako pee no pesnata sto ja ispeaa na polufinalnata vecer ne mi se dopadna kako ja ispeaa so marinela.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 9
   RE: Х Фактор
15.1.2014 11:37:15   
LoveableMe RR
Вчера беше голема утка со песниве, изгледа жирито славеа многу празници па немаа време да им изберат соодветни песни на учесниците. Пак отидоа понатаму повеќето кои се квалитетни: Даниел наш, Фифи и Маринела, Илма, Александра, 4U, Докторчињата, итн. Мене многу ми се допаѓа шоуто, ама водителкиве пак ги утнаа и таа на сцена, а таа УНа од претходно што е водителка, многу беше агресивна и некако лута цела вечер, многу несоодветно се однесуваше со нашата водителка и со другите учесници во гардеробата. Па проблеми со микрофон, па со тонот, па со музиката и не знам што......

Очигледно распашана команда е тамум, треба некој да ги потстегне таму за да биде беспрекорно и да не се насетуваат искри меѓу многумина како вчера. А за водител, предлагам да им го пратиме Сашко Коцев, да видат што е водителuser posted image user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 10
   RE: Х Фактор
21.1.2014 23:05:19   
Felly RR
Мислам дека сите од шоуто се квалитетни, оние што останаа, сега веќе најмногу зависи од изборот на песна. А бидејќи и имаат ментори кои им ги бираат песните не би требало да се прават толку утки. Сепак мислам дека не е фер што некои ги одбраа да настапуваат сами, а некои во групи. На пр Доктори имаат шанси да соберат 5 пати повеќе гласови од некој сам натпреварувач.

_____________________________

Life isn't about waiting for the storm to pass, it's about learning to dance in the rain.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 11
   RE: Х Фактор
21.1.2014 23:58:57   
Bethany
Gi izgledav sega site i moite favoriti se Daniel i Aleksandra Brkovic, i malata Ilma (mada sum ubedena nekako deka taa nema da bide pobednik, poradi mnogu pricini, ama sepak mi se dopaga nejziniot glas)

Ne mozam samo da se iznacudam na makedonskata voditelka vo bekstejdzot, pa mislam barem ako i e tesko neka gi podgotvi prasanjata odnapred, i ne nekoi tolku prosti i plitki razmisluvanja...primer so Daniel koga zboruvase: a sueveren si (poradi lancinja), ili pak vtoro prasanje, a mislis li deka se ljubomorni drugite na Zeljko bidejki e toj tvojot mentor??? Mislam epten malograganski muabeti.
Ili koga ja prasa Fifi i Marinela dali poradi toa sto Fifi e trensdzenderka ili Marinela na Djogani kerka, pa ke im vlijae toa negativno user posted image Ne e dorasnata za souto.

Ana Mihajlovic (voditelka) opustena, pozitivna,kulturna i nasmeana kako i sekogas, zirito ok, osven Emina koja mi e licno antipaticna, pa i toa glasot koga i go slusnam koga progovori, hehe, ama toa e do mojot vkus user posted image


< Поракaта ја уредил Bethany RR -- 22.1.2014 0:05:34 >


_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Felly RR)
Непосредна врска до пораките: 12
   RE: Х Фактор
22.1.2014 0:35:22   
Defne90 RR
I jas definitivno sum za Aleksandra Brkovic i Daniel Kajmakoski.Imas pravo bethany za ilma deka e navistina dobra no sepak e premnogu mlada pa spored toa nema sansi da da pobedi.Inaku ovaa vecer doma otidoa H2O ne bea losi no sepak mora nekoj da otide doma i iskreno mislam deka bas i tie trebase da bidat.A od zirito Zeljko mi se dopaga najveke.Naj dobar stvarno covekot so skoluvan glas i se i navistina se razbira od muzika.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 13
   RE: Х Фактор
22.1.2014 9:31:18   
Tanjat7880
Go sledime X factor I navistina ima shto sa se cue,prekrasni vokali,mladi lica,ubava muzika..
E od slednata emisija povekje ke uzivam vo shouvo,konecno nema pred oci da mi izleguva FIFI,ete toj duet nekako nemozev da go svaram!

(Одговор на членот Defne90 RR)
Непосредна врска до пораките: 14
   RE: Х Фактор
22.1.2014 9:36:44   
vezilka RR
Абе нема женск да победи, машко ќе биде..некое стројно момче. Не за друго, туку сега одлучува публика со гласање, а во најголем број гласаат девојчиња, така да, хехе... И исто се сомневам дека ќе му дадат на Кјамаковски да победи..се се плашам да не биде како со Белов во опрација триумф.

_____________________________

НАУЧЕТЕ ГО ДЕТЕТО КАКО ДА РАЗМИСЛУВА, А НЕ ШТО ДА МИСЛИ!

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 15
   RE: Х Фактор
22.1.2014 11:27:17   
LoveableMe RR
Добро беше вчера шоуто, само жирито се полоши и полоши песни им избира на кандидативе, дали се уморни и истрошени, немаат идеи, не знам...се надевам ќе се подобрат. Децава се супер, скоро сите имаат одлични гласовни можности, штета што не може до израз секогаш тоа да дојде ради лошата песна. За стајлингот да не коментирам, тие што ги облекуваат имаа бајаги утки досега - права "прц парада".

Наш Даниел е дефинитивно најдобар како комплетен пеач - изглед, облекување, држење, настап, глас, однесување, се што треба еден пеач да го поседува...е сега можно е да не му дозволат да победи, бидејќи се одржува во Србија, па ќе сакаат Србин да победи, многу се горди на себе и тоа цело време доаѓа до израз, наметнуваат српско влијание низ цело шоу ...a поготово кога ќе кажаат не разбравме што кажавте на нашиве...па кога организираш такво шоу, поднаучи барем малце...ете Босанецот Маид се разбира на пример на македонски....... ај ќе видиме

< Поракaта ја уредил LoveableMe RR -- 22.1.2014 11:28:54 >


_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот vezilka RR)
Непосредна врска до пораките: 16
   RE: Х Фактор
22.1.2014 11:50:54   
elenak
Фифи во аут, конечно.user posted image Без разлика на тоа што е, не ми пречи, ама одвратно понашање бре, лигавење до бескрај. Па и ништо не покажа, барем да знаеше да пее. Даниел ми е мене врв и би требало да победи АМА ќе видиме. Во секој случај дечкото се докажа, и да не победи нема да остане така, мислам дека секако ќе стане ѕвезда, затоа што стварно вреди.

_____________________________

You don''t have to be perfect to be a perfect parent.

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 17
   RE: Х Фактор
22.1.2014 12:02:12   
Bethany

ИЗВОРНА ПОРАКА: Tanjat7880

Go sledime X factor I navistina ima shto sa se cue,prekrasni vokali,mladi lica,ubava muzika..
E od slednata emisija povekje ke uzivam vo shouvo,konecno nema pred oci da mi izleguva FIFI,ete toj duet nekako nemozev da go svaram!


Се сложувам ептен!

Инаку, Даниел има многу фанови и во Србија и во Босна, така да воопшто не е исклучено дека може да победи. И би требало, бидејќи и по мене тој е целосен.
А за разбирањето што вика ЛавблМи, па извини, ама јас не ја разбрав Фифи те. Филип што се изнакажа така брзо и млатарање со рацете, така да не знам каде тука има гордост. Сосема професионален однос и коректен максимално.
А кој нема никаков контакт со македонскиот јазик тешко е да може нешто да разбере, посебно ако се зборува брзо, од искуство. Така да, не се сложувам со констатацијата дека се провлекува српското влијание.
А од друга страна, може да се каже дека тој Фифи би требало да се потруди да го поднаучи српски барем, нема да му падне круна од глава.
А како Даниел па го разбрала водителката на крај краева?

_____________________________

" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."

(Одговор на членот Tanjat7880)
Непосредна врска до пораките: 18
   RE: Х Фактор
22.1.2014 13:45:48   
deluxe
user posted image user posted image за нашиот Даниел!!! детево е звезда.И мене ме фаќа памет дека нема да му дозволат да победи нешто слично како со Белов што беше....Ќе исфорсираат некој друг.... Но сепак како и да заврш шоуто,Даниел е тој кој ќе остави свој печат,по кое ќе се памети.За Фифи немам што да кажам,го сожалував цело време,не знам зошто но ете за него ми беше жал ,не дека отпадна туку дека е" црна овца "меѓу другите ....Сепак браво за храброста што ја има човекот(девојката)user posted image

_____________________________

„ Можеш да го извадиш човек од кал,но калта од човекот не!! “

(Одговор на членот Bethany)
Непосредна врска до пораките: 19
   RE: Х Фактор
22.1.2014 15:29:02   
Мамичка85
I jas gledav kolku sto mozev iskreno na pocetokot Daniel ne mi bese vpecatliv ama sega e se poprivlecen i pozavodliv milo mi e Fifi sto ispadnale iskreno i od Vas sega doznav za toa, a kako sto Tamara me rasplaka na prvata audicija taka sega se poveke me razocaruva ali toa e toa i stvarno imaat utka kaj nekoj za pesnite ke vidime sto ke bide do sam kraj sekako stanuva se pointeresno user posted image

(Одговор на членот deluxe)
Непосредна врска до пораките: 20
   RE: Х Фактор
22.1.2014 20:58:01   
rina13
Ако не се лажам станува збор за x фактор адриа, така да секој има апсолутно право да користи каков сака јазик од овие простори па дури и англиски, ако не се лажам имаше кандидати во предходните кругови кои зборуваа на англиски. Дека ќе победи Даниел не сум баш сигурна иако е еден од фаворитите сепак публиката на вакви натпревари на крајот гласа врз национална основа, така што македонец тешко дека ќе победи.
Друго апсолутно ја подржувам Фифи(некако имево не и стои треба некое поубаво да си избере).Многу сакам кога луѓето си го тераат својот живот, прават работи да си себеугодат, се она што сакаат да бидат а не онакви какви што околината сака да бидат. Добив впечаток дека станува збор за доста добра индивидуа, секоја чест за талентот верувам дека е поголем од 90% од нашава естрада. Така да можам капа да и симнам.
п.с не постои природно неприродно кј сексуалните определби, се она што човекот сака и избира да биде е прородно во спротивно не би постоеле опции ниту појави на различна сексуална и родова определба.Се што човекот ствара и што е по автоматизам станува природно бидејки дефакто ние не сме ништо повеќе од суштества создадени преку природна селекција и прилагодба.

(Одговор на членот Мамичка85)
Непосредна врска до пораките: 21
   RE: Х Фактор
29.1.2014 11:18:53   
LoveableMe RR
Даниел оди понатака, супер беше како и секогаш је је је је user posted image user posted image . Исто Илма и Доктори беа добри, другите за мене беа така-така. Кое е вашето мислење за вчерашниот Х фактор?user posted image

_____________________________

Обиди: 5,5 години
2 IUI, 3 IVF, HSC, 1 FET, 3 смрзнати
Верувај во чуда!

(Одговор на членот rina13)
Непосредна врска до пораките: 22
   RE: Х Фактор
29.1.2014 13:26:20   
miana
Мене Даниел ми е еден од фаворитите, ама некако многу ми е лигав кога збори бе!!! Па на се морало да се филозофира!! Инаку на Илма и нема рамна ( само вчера фалшираше малце ) и Александра Бркович е многу јака ама и таа вчера имаше катастрофа избор на песна..

(Одговор на членот LoveableMe RR)
Непосредна врска до пораките: 23
   RE: Х Фактор
29.1.2014 15:28:24   
AnnaMolly RR
Даниел го обожавам, немам зборови за него. А други фаворити ми се Александра Брковиќ и Доктори, Армин ми е симпатија :)

_____________________________

Live and let live

(Одговор на членот miana)
Непосредна врска до пораките: 24
   RE: Х Фактор
29.1.2014 17:18:25   
Defne90 RR
Znaci super sto ispadna sinoka Aleksandra znaci devojkata e ubava i se toa ama nema glas.Znaci ne mi se dopagase ic kako pee.Inaku Daniel e od emisija vo emisija se podobar a Aleksandra Brkovic definitivno rastura so glasot.Tie dvajcata mislam deka stvarno najkvalitetno i najubavo peat.

_____________________________

Motherhood is a forever love story...Enjoy every minute and treasure it!

(Одговор на членот AnnaMolly RR)
Непосредна врска до пораките: 25
Страница:   [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Страница: [1] 2 3 4   Следна страница >   >>
Оди на:






Анкета

Расположението во бременоста.
Admin

Дали сте имале ненадејни промени во расположението за време на бременоста?