Сакаш да се откажеш? Пред да ја потврдиш својата одлука, запознај се со последиците од таа одлука.
Доколку го потврдиш своето откажување, на твојот комјутер ќе наместиме cookie, кој ќе ни овозможи, во текот на натпреварот (14.03 - 18.03.2016) при посета на порталот да те препознаеме и да овозможиме слободно користење на порталот, без прикажување сликички, односно контролор на играта од десна страна на екранот.
Истовремено ќе бидат одземени сите собрани поени. За жал, со откажувањето, губиш и право на награди.
Рингераја.мк користи "колачиња" за обезбедување подобро корисничко искуство, следење на посетеноста и приказ на огласи. Поставките за прифаќање на колачињата ги прилагодувате во вашиот пребарувач. Со продолжување на користењето на сајтот се смета дека се согласувате со користење на колачињата за наведените цели. За продолжување кликнете “Во ред”.
Дознајте повеќе.
ама значи, ептен многу се нервирам, иритирам кога гледам, читам или лично се соочувам со овој однос на ограничен менталитет и „простаклук“. На пимер: за сосетката од шести, никогаш не велат- е та судиката, туку таа што има дете малце... или имам школски другар со детска парализа, никој, ама баш никој не веруваше дека вистински ги учи лекциите, туку дека само така му ставаат оценки. Лудило!!! Кога завршив средно, чував кусо време двојченце со многу недостатоци. Требаше да го носам на школо и да го враќам. Неможев да го издржам притисокот на околината... по три седмици се откажав. Се` би направила да го вратам времето и да ја чував уште, да го имав овој памет и сила... Вистински е трагикомично што никој тука не сфаќа кој всушност е хендикепираниот...
дури и тоа хендикепирани звучи чудно! Тоа се навистина посебни луѓе со посебни потреби.
А хендикепирани сме ние во нашата ограниченост да ѕирнеме подлабоко и општествово наше „идеално„ што 50 години не учеше дека во совршено општество не постојат луѓе со специјални потреби и ги трпаше у домови богу иза леџа за да не ги види некој....
Мислам дека ќе требаат уште толку години да се отворат срцата за различните од нас.
< Поракaта ја уредил виктори -- 24.6.2010 0:34:11 >
_____________________________
Danger! Ha! I laugh in the face of danger. Ha, ha, ha, ha ... Мај нејм ис лукс. Жито лукс.
...Мислам дека ќе требаат уште толку години да се отворат срцата за различните од нас...
толку точно. поточно и не може. заглавени сме во нашата ограниченост и закоравени во сфаќањата. но, би сакал да верувам дека барем нашите дечиња ќе живеат во една поинаква, поотворена и потолерантна за различности македонија под чие сонце навистина ќе има место за сите добронамерни луѓе.
_____________________________
Sometimes it is the people who no one imagines anything of, who do the things that no one can imagine.
Овде кај нас состојбата е таква каква што е бидејќи ниту државата, ниту општеството односно ние луѓето, немаме капацитет за прифаќање на различностите. Овде сеуште владее принципот на прифаќање на модели наметнати од некого, и се што е различно од тие модели, се отфрла. Во последно време почесто се збори на овие теми, дека треба да се промени свеста на луѓето, дека државата треба да создаде услови за нормално функционирање на луѓето со посебни потреби, но некако имам впечаток дека се останува само на муабети. Некои големи промени не гледам.
За жал кај нас свеста на луѓето е на многу ниско ниво.Треба кампањи дури и за да не се фрла ѓубре насекаде, туку на точно одредени места за тоа.Да не ти се верува. За докторите што да кажам.Уште кога ќе се роди дете со некаков проблем, првиот совет што го даваат е да го оставиш детето.Нормало ли е тоа?! Дали со тоа што ќе го остави човек детето тоа дете ќе престане да постои?! Дали со тоа ќе му го олесни животот?!Кога се роди Ана, јас имав страшна бура во мојот живот.Притисоци од сите страни, да не се врзувам за детето, да го оставам.Затоа често го препорачувам заводот за ментално здравје од скопје.Тие беа единствените кои ми помогнаа вистински, ми дадоа совети и информации кои мене и тоа како ми користеа.
Државата е таква каква што е,но ние можеме да смениме нешто.За жал, не се најде јунак да ги поведе родителите и да предизвика вистински промени.Се што се случува се повремени искри, кои со тек на време ги снемува и се останува само на зборови.
tuka okolu poveduvanjeto na roditelite e najgolemiot problem beki roditelite vo 90% od slucaevite se povlekuvaat i ne sakaat da izlezat vo javnost i tie sto vo prviot moment ke izlezat posle toa se povlekuvaat ednostavno zatoa sto drugite kutat i se krijat i ne im ja davaat svojata podrsak javno nego cekaat drug da im ja zavrsi rabotata.duri i imav razgovor so takov roditel koi odvoil i vreme i pari koi ne mu bile problem i na kraj sam donesol zaklucok deka vo slucajot ne dobil ni edno blagodaram.kaj nas vo sustina prvicno e mnogu niska svesta na samiot roditel so dete koe ima nekakov bilo kakov problem sekogas roditelot bara nekoe blago objasnuvanje kako e razgaleno ili temperamentno ili deka vo familijata bile takvi po karakter itn.da ne se povtoruvam ako nema masa na luge koi pobaruvaat nesto nema nikoj da dojde doma kaj niv i da im ponudi.
За жал кај нас свеста на луѓето е на многу ниско ниво.Треба кампањи дури и за да не се фрла ѓубре насекаде, туку на точно одредени места за тоа.Да не ти се верува. За докторите што да кажам.Уште кога ќе се роди дете со некаков проблем, првиот совет што го даваат е да го оставиш детето.Нормало ли е тоа?! Дали со тоа што ќе го остави човек детето тоа дете ќе престане да постои?! Дали со тоа ќе му го олесни животот?!Кога се роди Ана, јас имав страшна бура во мојот живот.Притисоци од сите страни, да не се врзувам за детето, да го оставам.Затоа често го препорачувам заводот за ментално здравје од скопје.Тие беа единствените кои ми помогнаа вистински, ми дадоа совети и информации кои мене и тоа како ми користеа.
Државата е таква каква што е,но ние можеме да смениме нешто.За жал, не се најде јунак да ги поведе родителите и да предизвика вистински промени.Се што се случува се повремени искри, кои со тек на време ги снемува и се останува само на зборови.
Драга Беки, не ми се верува тоа што ти се случувало... луѓево се тотално луди. Како да живееме во времето на Спарта, па ај, ако нечини, фрли го од провалија. Крвта ми се смрзнува кога те читам. Неможам ниту да замислам низ что си поминувала. Каде соочување со реаноста, уште и соочување со медиокритети. Мојата ќеркичка од раѓање имам проблем со бубрежето. Кога зборувам за тоа, сите ми викаат: „ма што збориш за тоа на глас, ќути таму, сите ќе те разберат...“ ете тоа е нашиот менталитет. Сокриј го, значи не постои. Така е за се`: ако мажот има швалерка, се` е во ред дур` не се дознае, ако детето учи слабо, тоа се крие како змија нозе, ако е болно, заковај го дома... Како да се смениме?!